Среда, 29 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Во 13 век Иван Иеракар се изјаснува - „Јас сум по род македонец“

ivan-ierakar2

Македонија и Македонците не постојат од вчера. Тоа се провлекува низ вековите, па дури и кога земјата е поделена и со неа владеат разни освојувачи. Во историските документи постојот голем број на докази дека името Македонија во континуитет се појавува а населението во Македонија се изјаснувало според територијалната припадност. Во 1891 г. кардиналот Ј. Рitrа објавил зборник на документи, на број 155, кои се однесуваат на Охридската црква во време архиепископувањето на Димитрија Хоматијан во периодот од 1216 до 1235 госина.

Разгледувајќи ги документите од овој период Д. Ангелов („Принос към народностните и поземлени отношениа в Македониа“, стр. 11 - 12 и сл.; 43).  доаѓа до заклучок дека мнозинството од населението го сочинувале Македонците. До ваков заклучок Ангелов дошол врз база на проучувањето на синодалните акти за народноста на поданиците на Епирската држава. Имено, тој заклучува дека „вториот по значење и по бројност народносен елемент во границите на Епирскиот деспотат во даденото време биле Македонците, за кои во актите на Архиепископијата станува збор многу често (повеќе од 50 споменувања)". Всушност според Д. Ангелов, Македонците тогаш го „образувале основното, преовладувачко население",

Од синодалните акти на Охридската архиепископија (Ив. Снегаров, во „Историа на Охридската архиепископиа“, I, стр. 250, - док. бр. 72), ги изнесува доказите во кои се гледа како Иван Иеракар на почетокот на XIII век, се изјаснува дека по род е Македонец и дека потекнувал од с. Власто, сегашното Велесто, во Охридско. Покрај ова охридско село од актите на Архиепископијата Снегаров ги издвоил како села со словенски називи и: Ела (сегашното Елшани?), Езерјани, Роби, како и личните имиња: Братан, Радов, Грида, Дража, Дрвослав, Драгомад, Саракин, Добри, Велкан и др.

Ваквото именување на жителите на Македонија според Д. Ангелов, било „со оглед на нивната територијална припадност". Ова може да се види и од словенскиот запис во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Горен Козјак, во кое лицето Братан во средината на XIV се потпишал дека е од Македонија. Овој словенски запис е откриен за време на истражувачките работи околу архитектурата и живописот на црквата „Св Ѓорѓи“ во 1967/68 година. (Расолкоска-Николовска, Црквата Св. Ѓорѓи во Горен Козјак во светлината на новите испитувања -Зборник „Кирил Солунски". Књ. I. Скопје, МАНУ 1970, стр. 222). Иако 3. Николовска смета дека тоа се однесува најверојатно на оној дел од Македонија што се наоѓал во овој период надвор од границите на српската држава, сепак споредувајќи со другите делови од Македонија, може да се види дека без разлика дали со неа во овој период владееле Византија, Србија или Бугарија населението од Македонија, се изјаснува како Македонци по род.

Сепак писмото од Никифор Григора за јазикот и обичаите на населението од струмичкиот крај во 14 век даваат многу интересни податоци.  Инаку Никифор Грегора (р. околу 1295 г.) спаѓа во редот на најважните византиски историчари од XIV век. Во неговата „Ромејска историја" се наоѓаат значајни податоци за настаните на територијата на Македонија во првата половина на XIV век. Изводот што овде се дава е земен од писмото што тој го испратил до својот пријател Андроник Зарида во 1326 г.

Од писмото на Никифор Грегора до Андроник Зарида

„... Верувам, знаеш дека Стримон е непреодна река и за пешаци и за коњаници, бидејќи е и најголема од сите тие што ја сечат Тракија и Македонија и што се вливаат во Хелеспонт и Егеј...

Овој Стримон, којшто од такви извори настанува станувајќи толку длабок, го минавме на еден сосема мал чун, еден по еден, некако по двајца, а понекогаш и по тројца, со товарните добици дури, па така го поминавме и денот...

Потребни ни беше, всушност, и место за преноќевање и место за одмор, а ние згрешивме и патот го продолживме надевајќи се дека секако ќе сретнеме бргу некоја гостилница пред да минеме петнаесет стадии од патот што се протегаше...

Така ние тргнавме напред кога ненадејно ни излегоа од тамошните карпи и бездни некои луѓе облечени во црни облеки од волна и руно, коишто некогаш биле земени од животни на кои секако им биле потребни, демонски некои прикази, воопшто не беа тешки оружјоносци, туку лесно вооружени со оружје во рацете за борба одблиску, некои копја и секири...

Повеќето од тие предели беа преселеници од Мизите (се однесува на Македонците) и живееја мешано со нашите соплеменици...

Тие со неколку збора ни ја објаснија причината за нивното присуство во тој крај: стражи се на патиштата...

Веќе третината од ноќта мина, во тоа се уверивме по ѕвездите над глава, кога наскоро лаењето на кучиња, што доаѓаше од далеку, ни укажа дека гратчето е населено и дека може да им даде уточиште на измачени луѓе, ако не совршено, тогаш барем полошо од совршено. Забрзано се упативме натаму...

Следното утро по цел ден одење стигнавме во едно гратче, над облаците, што се вели, Струмица, така некако наречено од месното население, сместено на една откината и ѓаволски висока планина, такашто тие што седеа на тврдината, гледани од долината, прилегаа на птици (средновековната тврдина над Струмица)... Таму обично се говорат варварски дијалекти (македонски дијалекти според сличните примери од Теофилакт Охридски и др.) а начинот на животот необично им одговара на луѓе што се служат со мотика. Звуците што ги произведуваа беа полуварварски, но складни како миксолидиските, па ако треба да се каже и миксофригијаските. Јазикот што го зборуваа е јазик на овчари, напоменува на јазик на планинци и на оние што ги водат стадата по карпите и ридиштата.

Во тој крај ние го минавме целиот ден и како што прилега го прославивме тој празник (се однесува на Велигден) оддавајќи се на одмор и разонода...

Три дена по поаѓањето од нашиот крај, дојдовме до гратчето Скопје, кое се наоѓа во Трибалските планини (Скопје во овој период е во власт на Србите). Тука ја видовме реката Аксиос, која го допира гратчето, а најголема ни се стори по Стримон, а од истите планини се спушта и не е толкава од изворот, туку низ низина минувајќи и другите планински потоци прибирајќи ги во својот ток, го менува името во Вардар, пловен веќе понекогаш и понекаде...“(Nicephor Gregoras, Correspondance. Paris 1927, p.30-50)

Она што овде го привлекува вниманието е описот во кој Никифор Григора го опишува јазикот на обичното месно население за кој вели дека „Звуците што ги произведуваа беа полуварварски, но складни како миксолидиските, па ако треба да се каже и миксофригијаските“. Ако ова население зборува на јазик кој потсетува на мешан фригиски јазик, тогаш треба да се навратиме на теоријата која ја дава професорката Наде Проева за потеклото на античките Македонци во кој вели дека се тие биле етнички супстрат на средно-балканските племиња во кои влегуваат Пајонците, Пелагонците и Бригите.  За потсетување, дел од Бригите по Тројанската војна се отселуваат од територијата на Ематија(Македонија) во Мала Азија, а лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на стотината македонски глоси (остатоците од протогениот македонски јазик). Во историјата за Александар Македонски се вели дека кога го зазел градот Гордион (престолнината на фригиските кралеви) и требал да го одврзе гордиевиот јазол тој зборувал на својот мајчин јазик и се разбирал со населението.

Доколку ги поврземе овие податоци, дека Грците честопати го именувале народот во Македонија како Мизи, потоа зборувале на јазик кој наликува на мешан лидиски или фригиски јазик, а на кој зборувале и античките Македонци од времето на Александар, тогаш како да доаѓаме до уште една од нишките кои ги поврзува античките Македонци со Македонците од средниот век, а со тоа и денешните Македонци.

Иако овде се прикажани само мал број на факти, овие податоци се во прилог на континуитетот на името Македонија и македонското население на оваа територија, притоа не оспорувајќи дека во одредени периоди доаѓале освојувачи кои се населувале и подолг период престојувале во земјата. Доколку повеќе од 500 години не успела Турците да го асимилираат домашното население, тоа сигурно не го направиле ниту Римјаните, ниту Грците за време на Византија.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.