|
||||
| Љубчо Георгиевски во 1993 година бил против промена на името |
|
Во „Инструкцијата“ на ВМРО ДПМНЕ стои дека: „На домашните предавници и на целиот свет конечно треба да им стане јасно дека Македонците немаат друга татковина, така што нема да дозволиме никакви „кумови“ и "кумчиња" однадвор и однатре повторно да не крстат и прекрстуваат. Ние сме одамна крстени и нашето вековно исконско име било, е и ќе биде Македонци. Ние со векови сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и само Македонци и ништо друго.“ – се вели во „Инструкцијата’ за членовите на партијата во земјата и странство. Меѓутоа, ако сте помислиле дека „Инструкцијата’ е испратена денес грдно сте погрешиле. Иако таа во многу нешта соодвествува и за денешните настани, таа е потпишана во далечната 1993 година, верувале или не, од поранешниот претседател на партијата и екс премиер на Република Македонија Љубчо Георгиевски. Кај Љубчо Георгиевски, кој денес излегува со ставови дека Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија и дека „Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја“ и дека „ќе го проколнат мајчиното млеко поради тоа што се откажале од Свети Климент и Свети Наум“, приметлива е огромна трансформација на ставовите. На 29 март 1993 година, „Инструкцијата’ со пропратно писмо е доставена до претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлевски, во кое се бара да бидат запознати сите комитети и најширокото членство за постапките кои ги превзема партијата и пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието, како и за активностите што треба да бидат превземени. Меѓудругото во „Инструкцијата’ се вели следното: „Македонија денес се наоѓа на својот најголем историски крстопат. Во 1912 година, соседните земји и големите сили, спротивно на вољата на македонскиот народ, го искинаа неговото животно тело, поделувајќи ја Македонија на неколку делови. Денес, меѓутоа, сакаат да ни го сменат и иметои презимето, сакаат да ни ги уништат и корените, да не обезличат, посрамат и понижат. Директни учесници на ваквото срамно сценарио, за жал се г. Киро Глигоров и .. владата на г. Бранко Црвенковски, кои само да ја сочуваат власта, се спремни на секаков компромис, па и на гнил компромис со Грција за промена на нашето вековно име во „Бивша југословенска република Македонија.“ Тргнувајќи од овој документ на ВМРО ДПМНЕ од 1993 г., се гледа една конзистентност во политиката на ВМРО ДПМНЕ до денешен ден. Денес таа предводена од лидерот и премиер на Владата на Македонија Никола Груевски не дозволува промена на името која би довела до губење на македонскиот идентитет. Меѓутоа, изненадува брзата трансформација на Љубчо Георгиевски, кој од изразит патриот стана најголем непријател на сопствената земја.
|



Инструкција на ВМРО ДПМНЕ од 1993 година 



















