Среда, 22 Октомври 2014   
Едно поинакво видување на поимот паганство

Олга Новачева

paganizam

Поимот паганство ретко кој има смелост и доблест јавно да го објаснува и во целост да го разобличува. Во принцип за паганството денес размислуваме како за декадентна религија и култура, заостанатост и суштинска разлика на денешното црковно христијанство. 

Што е тоа паганство? Од каде е произлезен овој поим? Кои биле паганите,кон која ера припаѓале? На овие прашања ќе се обидеме да одговориме со оглед на неговата извртена и неправилно насочена улога.

Да се зборува за паганството или паганизмот, да се објаснува неговата суштина е  предизвик. Денес и многу учени луѓе не го разбираат правилно терминот паганство и судат без да ја знаат неговата вредност. Се вели дека ако не се христијани, тие се пагани. Ако не се антички или древни народи,тие се пагани. Се што е надвор од школското знаење за народите пред христијанството се ставало под поим пагани. Тоа многу ја забавува постапката на истражување на вистината и утврдување на низа дефекти во  историските записи.

Во рускиот јазик под паганство се подразбира ,,јазичество,,. Очигледно дека се работи за јазичен исконски код запишан во паганските записи и симболи. Денес особено многу се зборува за него кога се прават аналогии во сфаќањето на религиите. Владимир Истархов за него вели дека тоа е национална разновидностопшта за аријската религија и дека кај сите пагански религии коренот е ист, а тоа е Ведизмот.

Кај нас тоа ,,јазичество,, е  преведено како паганство, така да имаме пагански храмови,пагански обичаи,обреди,семејства. И секако овој збор ни остава впечаток на нешто недобро,ниско,нешто од кое треба да бегаме и да не го спомнуваме. Паганите ги поистоветуваат со поган народ. Некои се залагаат за тезата дека паганите ги обожовуваат тотемите, како каменити остатоци од некое диво, заостанато време. Но тоа е чиста измислица. Излегува дека тие пагани се народи многу понапредни од нас и поспиритуални од нас. Како наследници на Атлантите носеле код на Божественото и се држеле до него.

П.Д Успенски зборувајќи за христијанството ќе рече: Христијанството може да биде паганство,а паганството може да биде христијанство. Постои христијанство на едно ниво на сфаќање и чувствување,а постои христијанство на друго ниво на разбирање и чувствување почнувајќи од многу низок надворешен ритуал или ниво на хипокризија кој преминува во прогонување на сите поинакви мислења па се до највисокото ниво на самиот Исус Христос...Најголем број луѓе можат да ја прифатат вистината во форма на лага. Додека  некои се задоволни со лагата,другите почнуваат да трагаат понатаму. Црковното христијанство потполно ги извитоперило Христовите идеи,но поаѓајќи од црквата некои луѓе чисти во срце можат по пат на чувствување да дојдат до правилно разбирање на изворната вистина. (П.Д.Успенски-,,Нов модел на универзумот,,)

Паганството го поврзуваат со почетоците на христијанството,но тоа несоодветствува на вистината,со оглед на тоа што е мошне дискутабилна појавата на христијанството.  Има многу релации кои ни ги откриваат почетоците. Зошто молњата му претходи на громот? Затоа што молњата е мисла,таа е почетна идеја, а громот ја овоплотува во дејствие. А симболот на громот е З(Ѕ)евс. Така да оној кој ќе ја спознае насоката на случувањата што претстојат,ќе знае зошто се отвораат портите на паганизмот во денешно време.

Владимир Авдеев во својата книга ,,Преодоление христианства,, кажува дека во Забранетата книга ,,Аристотелови врати или Тајна над тајните,, постои детално ракување за гатање за исходот на поединецот. Свештениците ги одделиле овие книги бидејќи биле поврзани со светците на јазичеството (паганизмот)...Не треба да се заборави дека целиот религиозен шовинизам почнал со утврдување на Еднобожеството. Самиот збор ,,јазичник,, (паган) означува туѓ, понизок, т.е.човек од низок ранг. Во англискиот јазик овој збор означува човек кој се поклонува кон повеќето Богови,досега звучи како ПАГА т.е.поган. Не треба да се има добро знаење за да се разбере дека во сите свештени книги на монотеисти од Петтокнижие  на Мојсеј,Стариот и Новиот Завети,преку Посланија на помалите пророци до Талмуд и Коран,дека се откриваат намерите за уништување на јазичниците,рушење на нивните живеалишта,на нивните светињи, разграбување на нивните имоти.

Светците на паганизмот!? Па се разбира дека тие постоеле. Констатацијата дека се рушеле и се рушат паганските светилишта,се палат паганските книги исто така е точна. И се знае зошто. За да се истреби древното ведско знаење,да се запре просветлувањето. Оти народ кој знае не може да биде подјармен. Народ кој ја одржува ведската меморија знае како да се спротивстави на ропството,на злото.

Да наведеме еден дел од официјалната верзија за големиот цар Константин,за неговиот ,,придонес,, во зачнување на христијанството. Константин Први Велики ја променил тогашната Библија отфрлајќи некои делови и лично  надгледувал како ќе изгледаат Стариот и Новиот Завет и како таква ја промовирал на Никејскиот собор во 325година. Се вели дека тој создал мешавина од пагански и еврејско-христијански обичаи и како такви морале да бидат прифатени. Со текот на времето тие обичаи се објавуваат како изворни. (http://matrixworldhr.wordpress.com/2013/12/24/bivsi-papa-priznao-gresku-isus-se-nije-rodio-na-dan-kojeg-slavimo-kao-bozic/)

,,Мешавина од пагански и еврејско-христијански обичаи,,???  Каква небулоза од теорија? Да се потсетиме на симболите на Константин,на кипот на Зевс и статуетката на Атина,а со нив заедно на светите предмети (светињи) со древна македонска симболика при осветување на новиот град Константинопол. Симболите се всушност пагански,оти не припаѓаат на црковното христијанство, оти се древно македонски. Многу пагански симболи изгледаат понекогаш прости, за нас неразбрани, но тие се многу содржајни,со силни пораки. Затоа сите Адепти најмногу веруваат во таканаречени пагански симболи. Во нив е скриен јазичен и бројчен код кој открива древно знаење. Токму и поради тоа се прогонувани оние пагани кои со заклетви силно ги чувале симболите.

Да се потсетиме на Хипатија, научник и филозоф од Александрија која живеела во четвртиот век од н.е. и која добро ги знаела не само егзакните науки како што се математика, астрологија, географија,но и филозофијата. Таа ги предавала учењата на Платон и Аристотел,ја објаснувала суштината на древното знаење на многубројните ученици. Затоа ја прогласиле за паганка. И токму поради тоа силно пострадала.

Постои легенда која вели дека Теофил, патријарх од Александрија, во 391 година започнал да ги уништува паганските места во името на христијанството. Класичните „пагански“ записи кои се наоѓале во библиотеката во Александрија можеби биле мета на Теофил. Но, доколку тој ја уништил библиотеката, тоа веројатно била онаа помалата која била изградена од Птоломеј III, која имала помалку записи. (http://web2.fakulteti.mk/news/13-06-19/misterioznata_sudbina _na_ aleksandriskata_ biblioteka.aspx). Дали се повеќе или помалку записи, ние нема да дискутираме, битно е што се уништувале класичните пагански записи.

Кој колку сака нека го негира знаењето и процесот на самоспознанието,тоа има силна моќ,па дури и страв кај мнозинството.  Паганство е гноса,самоспознание, паганските обичаи се гностички ритуали. Преку нив оној кој осознал стекнува сила и самодоверба и може да се спротивстави на злото.

Ралф Вудроу во својата книга ќе каже:- Тој систем на идолатрија се проширил од Вавилон. Царот барал водечка улога во Црквата бидејќи во паганството владеело уверувањето дека владарите се божји намесници или дури самите божества. Од тоа време,посебно во Рим,во христијанството влегуваат разни многубожествени обичаи. Веруваме дека страниците кои следат ќе покажат дека всушност таа мешавина произведе систем кој  денес е познат како Римокатоличка црква...Во таа таканаречена ,,црква,, биле примени необратени пагани и во најголем број случаи им било дозволено да продолжат со практикување на многу свои многубожествени обреди и обичаи,воглавно со мали измени и ограничувања,за да може нивните уверувња бидат слични на христијанската наука.

Еден од најдобрите примери на таквото превземање на елементите од паганската религија е дозвола од страна на официјалната црква да се продолжи со обожовување на Божицата Мајка-со некои мали измени и со ново име. Како што кажавме многу пагани биле привлечени кон христијанството,но нивното обожавање на Божицата Мајка било толку вкоренето што никако не сакале да го напуштат. Црквените водачи виделе ако во христијанството пронајдат сличности со обожовување на Божицата Мајка наголемо ќе се зголеми бројот на верниците. А кој би можел да ја надомести ,,големата Мајка,, од паганската религија? Секако дека најлогично тоа би била Марија,Исусовата мајка. Зошто не би допуштиле на луѓето да продолжат со поклонување и со молитви на Божицата Мајка,ако ја наречат Марија место со имиња кои дотогаш биле познати.(http://www.mediafire.com/view/?lrpboli8p2vn0p0 Ralf Vudrou—VAVILONSKA MISTERIJSKA RELIGIJA Ideologija otpalog hrišćanstva –Metaphysica).

Големата Мајка,македонската Божица  Ма е од паганска религија?! Уште еден доказ за таканареченото паганство поврзано со македонската древна историја.

Денешното ново  толкување на паганството создава сомневање во сето она што е проследено во официјалните книги. Бидејќи не смеела да се експонира древната македонска вера и знаење морало сите важни содржини на тоа знаење да се опфатат под еден поим,измислен како паганство. Во Македонија има смели и издржани докази за тоа што е тоа паганство. Така, со дешифрирањето на писмото на каменот од Розета наоѓаме интересно објаснување за тоа кои биле паганите.

Па ГооН на древно македонски се дели на слогови: Па,,Гоо,,Н и секој слог има свое значење. Па е Горе,после е Гоо,кој денес овие две оо ќе се читат како А и значи Гоо-творец,а Н самото значи НИ или Нас,па сега целото има смисла ПАГООН---Горни Творци Ни и тоа се денешните Македонци на овој дел од територијата на Македонија или Пајонците и овој збор се преведува Горни малечки отелотворени. (од школата на Аристотел Тентов)...--Целата христијанска теорија се темели на македонската вера и верувања. 12 македонски богови стануват 12 апостоли. Пагоните како горнте Творци стануваат пагани. Крстот како симбол на Македонија исто така е превземен,но сега за други цели. Се е превземено од Македонците,зборуваме за основните показатели на верата и верувањето.

Во фалсификуваната древно-македонска историја Македонците ги прозивале како варвари, така и возвишеното значење на Пагооните како Горни Творци брутално се трансформирало во пагани.

Има многу обиди денес паганството да се ревитализира,но треба внимателнио и селективно да се дефинираат тие обиди. Затоа што тоа вештачко прогласено паганство од почетокот на нашата ера имало сосема друга содржина и недвосмислено го носи јадрото на гностицизмот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.