Среда, 23 Октомври 2024   
ПЕТРА КЛАШОВА – ДОНАТОРКА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ ВО КАНАДА И МАКЕДОНИЈА (2

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА I

Петра Клашева, или како што беше позната во македонската заедница во Торонто како баба Петра од Буф, од Егејска Македонија беше пензинерка, со свој приватен имот и државна пензија и, за разлика од правата во родната земја, во демократска Канада ги уживаше сите човекови права. Таа беше една од помагачите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски во Торонто и „Св. Илија“ во Мисисага. Нејзината донаторство беш значајно за црквите, а нејзината хуманост, чесност и самопрегорност претставуваше пример за Македонци во Торонто. 

Животниот пат на баба Петра Клашева буфчанката од Торонто, Канада, имаше многу интересни и чудесни белези. Таа бече една од многубојните Македонки од егејскиот дел на Македонија која, не по своја вина, голем дел од животот го помина прогонета – надвор од својата родна земја, каде неможела да се врати. Но, и покрај тоа, таа во текот на целиот свој живот остана вљубеник во својата татковина –Македонија, во својот народ, во правдата, верата и во Македонската православна црква.

Баба Петра беше Канаѓанка од македонско потекло, родена пред Илинденското востание, во 1902 година, во македонското револуционерно и патриотско село Буф, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Поголем дел од животот го поминала во родното село Буф со синот Ристо, роден во 1919, а кој починал во 1927 година, и со сопругот Лазар, скромен и честит Македонец, долгогодишен печалбар.

Нејзиниот сопруг буфчанецот Лазар Клашев, како и оние Македонци од другите печабарски делови на Македонија, голем дел од својот живот го поминал на печалба во прекуморските земји, со желба да спечали што повеќе за да купи земја, да направи убава и пространа куќа во родниот крај, а според непишаното правило, ги остави коските далеку од својот роден крај – во туѓина.

Инаку, селото Буф се наоѓа на околу 17 километри северозапад од Лерин, при што од запад селото е заградено со Баба Планина, од север е заградено со еден нејзин не многу висок разгранок којшто се одделува кај врвот Баба и се спушта кон исток и завршува кај с.Клештино, додека од југ и југоисток видикот на селото повторно е заграден со висок разгранок од планинската верига кој оди, исто така, кон исток и кој на завршетокот се раширува и се доближува до северниот разгранок кај Клештино.

Според историските податоци Буф е село вo Егејска МакедонијаГрција, вo општина Лерин, Меѓутоа, во времето на посетата на Според податоците на Ѓорче Петров во 1896 година Буф имало 200 куќи со 2120 жители,  сите Македонци под духовенство на Егзархијата, а селаните се одликувале како многу јуначни. За жал, според пописот во 2001 имало селото имало 134 жители. 

Селото Буф во кое се родиле Петра и Лазар многу настрадало во Граѓанска војна во Грција, каде, според пишаните документи, во текот на борбените дејствија селото дало повеќе од 250 борци припадници на ДАГ, а своите животи ги положиле околу 120 буфчани, додека 30 борци од селото трајно останале инвалиди. Поради воените дејствија, се смета дека само во Македонија пребегнале 189 семејства со 686 члена, а околу 96 семејства со 140 членови побегнале во источно европските земји. По нормализацијата на ситуацијата, а поради силниот притисок и терор од страна на грчките власти, започнал силен бран на емигрирање во прекуокеанските земји.

Свадба на семејството Клашеви 

Со право се вели дека судбината си поиграла со голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија. Голем број го напуштиле своето родно огниште и направиле нов дом во далечните прекуокеански земји. Таква беше судбината и на баба Петра, која за време на Граѓанската војна во Грција, во 1948 година, пребегнала од Буф во Битола, од каде што по четирот години, во 1952 година, заминала за Детриот, САД, кај својот сопруг Лазар. Потоа, по смртта на својот сакан домаќин во 1967 година, баба Петра се преселила во Канада, каде што постојано живееше во Торонто.

Баба Петра беше позната и призната пензинерка, имаше свој имот и државна пензија. Авторот на овој текст Славе Катин ја запозна баба Петра во просториите на црквта “Свети Климент Охридски. Таа беше пријателка на Сандра Ничевска, мајката на Катин и после богослужбата ја раскажа својата животна приказна. И покрај тоа што баба Петра беше деветтата деценија од животот, таа сè уште беше витална, многу активна и живо се сеќаваше за настаните во минатото.

Таа беше една од помагачите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски“ во Торонто и „Св. Илија“ во Мисисага. Нејзината помош, особено на црквата „Св. Климент Охридски“, беше од огромно значење, а нејзината хуманост, чесност и самопрегорност претставуваа пример и за другите Македонци во Торонто и пошироко во прекуморските земји.

Баба Петра присуствуваше речиси на сите црковни и национални празници што се одржувале во црквата „Св. Климент Охридски“. Тој убав, монументален црковно-културен македонски центар, беше вториот нејзин дом. Таа помагала при црковните богослужби, а со лични средства учествувала во сите акции што имале црковен и културен карактер.

Во оваа пригода, треба особено да се одбележи дека баба Петра е дарител на голем број подароци, меѓу кои на црквата „Св. Климент Охридски“ има подарено шандани, позлатени кандила и лустери со поголема вредност, додека на црквата „Св. Илија“ од Мисисага, само при една акција за собирање помош, баба Петра подарила 1.500 долари.

Во разговорот  Петра Клашева не информира дека е дарител на 2.700 канадски долари како помош за доизградба на Соборната црква „Свети Климент Охридски’ во Скопје Средствата ги донирала кај Одборот во црквата во Торонто. Исто така чек од 1.000 канадски долари баба Петра испратила преку својата пријателка Сандра и и нејзиниот сопруг Јосиф Ничевски да го донесат во Македонија. Чекот беше предаден на покојниот поглавар на Македонската православна црква, Архиепискотот Ангелариj и митрополитот Кирил во јуни 1985 година.

На средбата гостите од Канада Сандра и Јосиф и митрополитот Кирил кој лично ја познаваше Петра Клашева и авторот на овие редови беа срдечно примени од поглаварот Ангелариј, кој даде благослов и се заблагодари на Петра Клашева од Торонто, посакувајќи ù добро здравје и среќа.

Пограварот Ангелариј беше информиран дека примерот на баба Петра за донирање на средсва на македонските православни цркви во Торонто и Македонијае  е поттик за други донатори. Нејзиното дело е големо и не е осамен туку го следат и други Македонци ширум светот кои работат за доброто на Македонската православна црква и на македонскиот народ 

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.