Среда, 11 Декември 2024   
Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

a1

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Лефтер Манче е роден на 29 септември 1935 година во село Загоричани, Костурско, егејскиот дел на Македонија. Се родил како петто (од шест) дете во семејството Џидрови. Неговиот татко Методи, заедно со 72 мажи од селото бил затворен од монархофашистите во април 1945 година и осуден на 101 година робија на егејските острови (1945 – 1961).

Во текот на Ѓраѓанската војна во Грција, неговата мајка Александра (Цана) и тројцата браќа (Димитар, Стево и Харила) загинале како партизани, а Лефтер го одгледувале неговата тетка Јана Манчева (сестра на мајка му) и тетинот Стево, по кои го носи и презимето.

По жестоките бомбардирања на македонските села во 1948 година, заедно со други деца од егејскиот дел на Македонија, Лефтер како тринаестогодишник бега преку преспанското село Љубојно и Битола во Будимпешта, Унгарија. Неколку месеци по доаѓањето во Будимпешта, децата бегалци биле распределени во прифатилишта во повеќе градови и села во Унгарија, а Манче бил со група од 21 дете од Загоричани.

Во Унгарија, Лефтер Манче завршил основно и гимназиско образование, а потоа како добар спортист го завршил Факултетот за физичка култура (1955-1959). Веднаш потоа ја остварил големата љубов кон медицината. Во 1959 година се запишал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Дебрецен. По дипломирањето со одличен успех во 1965 година, Лефтер Манче, најпрво, работи четири години како помошник доктор, а по положувањето на испитите во октомври 1969 година и со стекнувањето на титулата доцент,  работи како асистент-професор на Универзитетската хируршка клиника.

Во 1973 година, тој бил испратен од Универзитетот во Киев, тогашен СССР, и откако се појавила неговата студија за рак на дојката во Германија, во април истата година бил поканет на водечкиот Институт за истражување на ракот Финсен во Копенхаген, Данска. Таму останал два месеца, а потоа решава својата специјализација да ја продолжи во Канада.

Во јуни 1973 година, Лефтер Манче емигрирал во Канада. Објавувањето на неговите студии во меѓународни реномирани медицински списанија, му овозможуваат од канадските власти да добие трајна виза за престој, по што ја започнал битката да го доведе и своето семејство. По долги шест месеци, унгарската влада дозволила неговата сопруга и двата сина да дојдат во Канада.

Меѓутоа, во Канада не му биле признати испитите, па морал да почне од почеток. Во текот на наредните две години ги положува американските испити, а од 1975 до 1979 година работи на Катедрата за општа хирургија на Универзитетската клиника во Отава. Во 1979 година ги положил канадските хируршки испити и во 1980 година Лефтер Манче ја отворил првата приватна клиника за естетска хирургија во Канада.

Согледувајќи дека може многу повеќе да придонесе во естетската хирургија, почнал да патува по светот, посетувајќи познати специјалисти од оваа област. Тој го собира потребното знаење, по што почнува да работи како оператор-специјалист за трансплантација на коса, липосукција, пластика на лице, на очи и на гради.

Во 2002 година, заедно со син му ја отворил и меѓународната Клиника за трансплантација на коса „Атлантик” во Будимпешта (Atlantik Hajatultetesi Klinika, Budapest), па оперирал паралелно во Канада и Унгарија, како и во Скопје. Д-р Лефтер Манче до 2006 година, само во Канада извршил повеќе од 10.000 оперативни зафати на трансплантација на коса, липосукција, естетика на гради, пластика на лице и очи.

Член е на угледните друштва и институции: The Royal College of Surgeons of Canada; The International Society of Cosmetic Surgery; The American Academy of Facial Plastic & Reconstructive Surgery и член основач на The American Academy of Cosmetic Surgery и на The International Society of Hair Restoration Surgery.

Иако е познат светски хирург за естетска и пластична хирургија, д-р Лефтер Манче никогаш не го заборавил своето македонско потекло. Повеќе од две децении тој со својата кореспонденција ја промовира вистината за Македонија. Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, па сè до денес, тој се вклучува во борбата за признавање на Македонија. Пишува писма до Советот за безбедност (1992) и има преписка со бројни и значајни личности на политичката сцена, меѓу кои и со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, кој го уверува дека Македонија ќе го добие кандидатскиот статус на ЕУ. Тој се допишува со Ван дер Штул, Солана, Робертсон, како и со други владини министри на Унгарија, Канада и Австралија.

Д-р Лефтер Манче е еден од малите великани, кои го поминаа македонскиот дел од пеколот, ги изодеа македонските планини, Европа и светот, но никогаш, каде и да се, не заборавија дека тие им припаѓаат на своите села, градови и на својата родна грутка Македонија. Како Македонец и патриот, д-р Манче често учествувал со помош за добротворни цели на институции и поединци во Македонија.

Значајно е да се одбележи дека д-р Лефтер Манче е автор на голем број научни трудови објавени во светот. Во исто време, тој е автор и на делото „Културно однесување” на автобиографијата „Патот до врвот” и на најновата книга „Мојата борба за македонското име“.

Монографијата „Патот до врвот” (2015) е негово автобиографско дело на македонски јазик, со 460 страници и со голем број на фотографии, Тој во делото се јавува како љубопитен патеписец, ангажиран репортер на сè она што го памети на своите многугодишни патувања, средби и разделби. Во автобиографијата се дадени бројни документи за средбите и преписките со голем број видни личности од светот, бројни значајни податоци за Македонија, за Канада, за светот, текстови од неговиот живот како хирург, хуманист и светски патник.

Но, се чини најзначајно е тоа што д-р Лефтер Манче живее со спомените на неговите браќа Димитар, Стево и Харила од село Загоричани, Костурско, кои своите животи ги дадоа за Егејска Македонија и беа жртви во Граѓанската војна во Грција,

Д-р Лефтер Манче е основач на „Здружението на Македонците од Загоричани” и спонзор на Загоричанската вечера која секоја година, под негово покровителство, ја организира ова здружение. Тој е голем донатор и хуманист кој ги помага Македонците и нивните организации и списанија во сите делови на Македонија.

Со одлука на Четвртото генерално собрание одржано на 10 и 11 август 1996 година, Светскиот македонски конгрес, како неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, му го додели највисокото светско семакедонско признание на доктор Лефер Манче за живот и дело, почесната титула „Македонски сенатор”.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.