|
|
| Св. Миларов му одговара на Еден Македонец и го застапува бугарското гледиште „по македонското прашање“ |
|
Потоа, пак само Русија може да го подигне прашањето дека ќе го подигне пак врз основа на Берлинскиот договор, но тогаш Цариградската влада ќе биде најпотчинета и обидот за автономијата ќе има изгледи за успех. Дотогаш сите што милееме за Македонија треба да се трудиме кој како и со што може да ги разбудуваме и да ги просветуваме своите несреќни сонародници по Македонија и да им го вдахнуваме и внедруваме тој корав и безусловен патриотизам и фанатизам бугарски и словенски, од којшто се веќе надахнати одавадешните наши земји. Особено треба да ги чуваме од туѓите пропаганди, особено религиозните. Во едниот и во другиот однос Бугарската егзархија си ѕида вечен споменик со заслугите за Македонија и Татковината. Се разбира дека не треба ни да се помислува да се прават бунтови и не знам што си. Ако може тоа да биде полезно, ќе му дојде времето, па и ќе се каже од когошто треба, ако треба” Св. Миларов., По Македонки впрос, “Македонија”, И, 38 и 39, 6.септември 1998, стр. 151-152...; Б. Ристовски, Портрети и процеси, 1, стр. 394-395; |
„...Дека Македонија ниту сама, ниту Бугарското Кнежевство, било само, било во сојуз со другите балкански државички, може да ја исполни великата народна задача: ослободувањето на Македонија и нејзиното соединување со останатата Татковина... дека “Македонското прашање” зависи да се реши од Европа, односно Русија, но дека таа Европа е денеска разделена на два непријателски лагера; го проследува настанувањето и смислата на таканаречениот Троен сојуз... Тој Троен сојуз си го има од-живеано векот и не го плаши веќе друг освен лесноумните и заслепените... Засега нема помен за Македонија, ниту пак може и да стане помен додека не се разреши овдешното бугарско-кне-жествено (прашање) во согласност со желбата на Петербург.
























