Среда, 23 Ноември 2022   
Принципи за поделба на Македонија во 1913 ?

„И во Србија и во Бугарија доволно е познато дека во Македонија името Србин или Бугарин значи она исто што е радикал и либерал во Србија, што е стамболист, тончевист или поддржувач на било која омилена партија во Бугарија.“ – пишува белградска „Политика“ во својот коментар „Принципи на поделбата“ (9 март 1913).

kako-da-se-podeli-makedonija

Македонското прашање околу кое се кршеле копјата на балканските држави било особено актуелно кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Србија, Бугарија и Грција вршеле огромна пропаганда активност со цел да добијат што повеќе внатрешни сојузници, т.н. „национални приврзаници“, кои потоа би биле алиби за нивните територијални аспирации кон Македонија. Покрај пропагандната дејност, по ова прашање била водена и жива дипломатска активност.

Во април 1896 година, на средбата меѓу бугарскит кнез Феринанд I и српскиот дипломатски преставник В. Ѓорѓевиќ, бугарскиот суверен ја истакнал потребата од српско-бугарско зближување и надминување на спротивставените интереси во Македонија. Во разговорите на кој било понудено формирање сојуз во кој би биле Бугарија, Србија и Црна Гора, но без Грција, Фердинанд го истакнал и следното:

 „Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Славјани и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција.“

Во март 1897 година во Софија бил потпишан договор меѓу кнежеството Бугарија и кралството Србија со кој се предвидувало двете земји договорно да ги разгледуваат прашањата од заеднички интерес во Османската империја, да не си пречат туку заедно да си помагаат и за спогодбата да се запознае Црна Гора. По потпишувањето на договорот Србија постојано барала поделба на Македонија, при што ним им би припаднале Скопје, Куманово и западниот дел од Вардар, додека источно од Вардар на Бугарија, а Солун би бил под заеничка управа.

Уште пред Австро-Унгарската анексијата на Босна и Херцеговина во 1908 година, започнале сериозни обиди за создавање на сојуз меѓу Србија и Бугарија. Меѓутоа поради неможноста двете страни да се договорат околу поделбата на Македонија, преговорите се одолговлекувале три години (1919 – 1911). Руското царство за да го спречи ширењето на Австро-унгарското влијание на Балканот посредува во овие преговори и го потикнува сојузот.

Сепак, неколку настани ќе го забрзаат преговорите и ќе ја потикнат Првата балканска војна, која започна на 18 октомври 1912 година. Во рок од месец и половина, Османската војска била поразена од сојузничките војски на Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција, со огромно учество на македонскиот народ. На 4 декември 1912 година било потпишано примирје, а најголемиот дел од дотогашните турски владеења на Балканот биле поделени меѓу сојузниците. 

Но, проблемите поради кои започна Првата балканска војна и противречностите околу владеењето со Македонија, особено по одбивањето на предлогот на Турција на Лондонската мировна конференција Македонија да добие автономија,  не само што не беа решени, туку со притисокот на Австро-Унгарија Србија да се повлече од Албанија, тие уште повеќе се заостриле. Сојузничките земји веќе не размислувале да постапат според клаузулите на сојузниот договор, ниту пак да се задоволат со освоената територија. Нивните настојувања оделе кон тоа да се шират на сметка на партнерот. Особено бил изразен антагонизмот меѓу Србија и Бугарија во однос на македонското прашање.

Српските и бугарските весници кои со внимание го следат расплетот  излегуваат со свои коментари за поделбата на Македонија. Интересен е статијата објавена на 9 март 1913 година во белградска „Политика“, каде под текстот „Принципи на поделбата“ се коментира пишувањето на Наумовата „Вечерна пошта“ од Софија. Иако се сака да се занемари фактот дека во Македонија постои и трет братски народ, податокот кој го изнесува белградскиот весник дека „во Србија и во Бугарија доволно е познато дека во Македонија името Србин или Бугарин значи она исто што е радикал и либерал во Србија, што е стамболист, тончевист или поддржувач на било која омилена партија во Бугарија“, всушност значи признавање дека македонскиот народ е посебен. Во овој контекст белградскиот весник пишува:

„Наумовата „Вечерна Пошта“ во својот број од четврток објави статија за новите граници, напишани со тон и одмереност со каква досега никогаш не можеше да се пофали Шенговата „Пошта“, иако темата е иста и заклучоците се исти. Наумовата ја признава изреката дека за разграничување меѓу балканските држави не може да се земе за мерило етнографскиот принцип и на тој начин да се дадат бугарските земји на Бугарија, грчките на Грција, српските на Србија. „Треба да се признае формула која ќе ги доведе територијалните односи во прав сооднос со поднесените жртви, направените напори и претрпените губитоци. Формулата може да биде сложена, бидејќи и целото прашање е сложено.

Многу сериозна дискусија, која би се темелала на вака објективни принципи, Србија секогаш би можела да прифати. Ниту принцип на тесен шовинизам, ниту принцип на Шекспировиот венециански трговец, Србија не може и не сака да прифати. Оној првиот му дава на нашиот взаемен разговор етнографска основа, а самата Нумова (Вечерна пота) признава, дека таа не е возможна. Не дефинираните етнографски граници во Македонија денес ги признаваат најтрезвените умови и во Србија и во Бугарија, така да би било потребно повторно да се отвори дискусија за народноста на Македонците. Ова дотолку повеќе што и во народот кој живее од оваа и од другата страна на Тимок едвај да има елементи за две народности, факт кој со секој ден станува се појасен.

Исто така, мора да биде потполно равнодушно за нашата дискусија и тоа дали некој во Македонија се вика Србин или Бугарин. И во Србија и во Бугарија доволно е познато дека во Македонија името Србин или Бугарин значи она истото што е радикал и либерал во Србија, што е стамболевист, тончевист или поддржувач на било која омилена партија во Бугарија. Покрај тоа, материјално е невозможно да се изведе, да сите оние кои му припаѓаат на српската партија им припаднат на Србија, а сите оние кои припаѓаат на бугарската партија им припаднат на Бугарите. Доволно е да се помисли на поддржувачите на српската партија во Берово и подржувачите на бугарската партија во Куманово, за да се увиди целата апсурдност на еден оваков обид. Ни принципот на мнозинство овде не би бил од помош, бидејќи покрај својата неправичност ја има и таа мана, што најлесно може да се сврти против оној кој до вчера го бранел.

Принципот на венецианскиот трговец ние не можеме да го прифатиме. Не само поради тоа што е недостоен за еден братски народ, туку затоа што против него говорат, покрај другите и сите оние причини кои говорат и против етнографските причини. Од страна на Бугарите договорот е правен со чуство за етнографски концесии за нас, што значи дека пресуден бил оној ист принцип кои денес и самите Бугари го сметаат како невозможен.  Наумовата (Вечерна пошта) и сама го отфрла, па сепак бара да се почитува договорот кој на него е направен.

Уште една недоследност покажува Наумовата (Вечерна пошта). Ако предлага за поделба објективни  пронципи според жртвите и напорите, зошто тогаш бара почитување на договорот чија основа сама не го признава? Или овие објективни принципи ќе бидат применети со во поделбата со Грците? Во тој случај ние со право би се запрашале, зошто за дискусија со Грците се прифаќаат основи кои нам, родените браќа ни се откажуваат.

Потребно е да се навреме поведат објективни раговори за прашањата кои нас не делат. Ако не поради друго нешто, барем за тоа кога во моментот на неминовните настани и прилики се биде решено со прост принцип uti possidetis (владеење) не остане многу лоша крв од онаа и оваа страна на Тимок.“

Недоразбирањата меѓу Србија и Бугарија околу македонското прашање и принципите за поделба на Македонија ќе бидат причина за заострување на односите меѓу двете земји. Заслепени од алчност за поделбата на пленот, довчерашните сојузници започнале забрзани подготовки за вооружена пресметка. Меѓу Србија и Грција бил потпишан таен договор за заеднички дејствија против Бугарија и заграбување на македонските територии кои ги држела таа. Од друга страна, Бугарија која била под силно влијание на Австро-Унгарија и од која очекувала поткрепа засилено се вооружувала за завладување на целата територија на Македонија. На 29 јуни 1913 год., таа им наредиле на своите војски да поминат во општ напад против српските и грчките војски со што започнува Втората балканска војна. Сето што било насобрано со долгогодишните пропаганди во надметнувањето во Македонија ќе се одрази во оваа кратка но неворајатно крвава војна, по која Македонија дефинитивно ќе остане поделена.

Инаку, мора да напоменеме дека „Вечерна пошта“, била основана на иницијатива на Борис Сарафов и д-р Никола Генадиев, со цел да се поддржи македонската кауза. Таа почнува да се издава уште во 1900 година од Наум Туфекчиев и Стојан Шангов. Подоцна како соработници во весникот влегуваат Ставре Наумов и Петар Михајлов. Последните двајца, поддржани од Симеон Радев и Никола Генадиев, влегуваат во конфликт со Шангов, кој во 1908 година заминува од весникот и формира своја „Шангова вечерна пошта’.  Весникот кој има голема тежина во бугарското општетсво и преставува најдобар независен весник, по протерувањето на Шангов, се нарекува Наумова “Вечерна пошта“. Но, по заминувањето на Шангов, а потоа и на Радев весникот започнува да го губи своето значење и во 1914 година бил угаснат.  

Македонска нација

 

На прво место

News image

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“

Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој п...

Историја

News image

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и т...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 63 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

News image

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕТО ВО ВЕЧНИО РИМ ВО 1990 ГОДИНА – ДЕЛ I (44)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛ...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” (8)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.