Среда, 05 Јули 2017   
Масовните гробници погребани во заборав
Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда

masovni-grobnici
Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во Македонија во првите години по Втората светска војна се' уште чекаат да бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат ископувања со кои би се расветлиле се' уште мистериозните исчезнувања на многу луѓе.

Околината на затворот „Идризово“, подрачјето на Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици луѓе, најчесто егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.Македонски историчар, вработен во Институтот за национална историја, кој сакаше да остане анонимен, вчера изјави дека со сигурност знае каде е една од локациите околу затворот „Идризово“.

- Таа е во самата близина на затворот. Информацијата ја добив од еден поранешен висок офицер на тогашната полициска управа ОЗНА, а наскоро ќе објавам и каде е точно тоа место. Кога разбрав каде е таа, се шокирав од помислата што човечкиот ум може да смисли за да си ги скрие трагите на ликвидацијата - вели историчарот.Тој посочува дека не знае точно колку луѓе таму се погребани, но дека истражувањето сигурно би помогнало за да се дознае дали таму се личности за чија судбина досега ништо не се знае.

Крвави траги од минатото

Неодамна, прво во Словенија, а потоа и во Хрватска, на две локации беа пронајдени масовни гробници со остатоци од повеќе илјади лица застрелани во 1945 година од новиот комунистички режим во тогашната Југославија. Словенечките власти во пештерата Худа Јама, во близина на Љубљана, најдоа мумифицирани остатоци од најмалку триста луѓе, најверојатно убиени со отровен гас. Во близина на граничниот премин Ригонце на хрватско-словенечката граница се најдени остатоци од 4.500 тела на тогашни германски војници, усташи и словенечки бранители. Министерот за внатрешни работи на Хрватска Томислав Карамарко рече дека на територијата на поранешна Југославија има над илјада такви гробници, 600 во Словенија, 840 во Хрватска и 90 во Босна и Херцеговина.

Ѓорѓи Банев-Доцев, поранешен македонски политички затвореник и претседател на Здружението на политички затвореници судени за идеите на ВМРО, истакнува дека наш цивилизациски долг е тие луѓе да се погребат на достоинствен начин.

- Истражувањето на најмалку две локации околу затворот „Идризово“ сигурно ќе покаже дека таму има остатоци од ликвидираните. Треба да се бара на местото каде што се копала земјата за тогашната тулана и на левиот брег на Вардар, на околу 300-400 метри од затворот. Само на тој начин ќе се дојде до повеќе сознанија за луѓето што во темницата на ноќта исчезнуваа од ќелиите, за судбината на еден Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, Глигор Чулев, Трајко Попов и други - вели Ѓорѓи Банев.

Под превезот на тајноста

Историчарот Ѓорѓи Малковски, чии сознанија најмногу помогнаа да се најде велешката гробница на педесетина ликвидирани граѓани, вели дека кај нас работите со откривањето на ваквите локации е одамна запрена.

- Останаа уште многу работи што треба да се откријат но, за жал, не се одвојуваат пари за тоа. Сите досегашни истражувања сум ги правел со сопствени пари. Сега имам доволно сознанија за да се откријат две гробници на шеесетина ликвидирани граѓани од Куманово и од Ресен. Таква локација има и кај затворот „Идризово“ - истакнува Малковски.Тој посочува дека дел од луѓето се ликвидирани без каква и да е судска пресуда, а за некои смртните казни ги изрекувал воениот суд по брза постапка затоа што тие лица „соработувале со окупаторот“.

- Најчесто или немаше пресуди или пресудите беа монтирани. Егзекуциите во еден период добија толкави димензии што самиот Јосип Броз Тито мораше да интервенира за да запрат. Благодарение на таа интервенција, шеесетина прилепчани останаа живи откако беше планирано да бидат стрелани. Ликвидациите неретко се правеа и од лични мотиви или од нетрпеливост на поединци од новата власт кон луѓе што биле „од спротивната страна“ - објаснува Малковски. Неодамна и во Делчево беше побарано да се истражи локацијата нарекувана Стар монопол, на само еден километар од градот, поради сознанија дека и таму има масовна гробница на егзекутирани Македонци како жртви на комунистичкиот режим во 1946/47 година.Историчарите укажуваат дека информациите за таквите гробници имаат превез на најголеми тајни поради стравот на наредбодавците за нивната подоцнежна одговорност за извршените убиства.

Прво стрелање, па доказ

За тоа по каква постапка се вршеле егзекуциите покажува и еден документ, писмо на функционер на ОЗНА. Тој во писмото ги прекорува подредените полициски функционери затоа што дозволиле луѓето да се стрелаат без судска пресуда и без докази за вина. За да се најде некакво оправдување за егзекуцијата, тој во писмото им порачал „откако ќе ги ликвидираат да најдат докази за нивната вина“, вели Малковски.

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.