Среда, 31 Јануари 2018   
ЦАРСТВО И ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА

ФАКТИ, ДОКАЗИ И АРГУМЕНТИ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА НАЈРАНАТА ЕТНИЧКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, А ПОДОЦНА ЦАРСТВО И ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА

Macedonia SPQR

Нашата култура, како една од најстарите во Европа, се разликува од другите светски култури.

Нашата цивилизација има своја историја, која постои запишана на сè уште нераспаднатите пергаменти кои се наоѓаат во Рим-Ватикан, но ние сè уште не сме толку моќни да ги отвориме историските архиви кои се наоѓаат во подземјето на Ватикан. Сепак, ние имаме наши пронајдоци и докази кои се наоѓаат во внатрешноста на нашата држава, како што е откривањето на сеизмолошката опсерваторија Цоцов Камен, која датира од палеолитот (една од најстарите опсерватории кои се пронајдени) и која влезе под заштита на спомениците при УНЕСКО, а ја пронашол д-р Душко Алексовски, археолог и пестеолог. Тука е и опсерваторијата Кокино, која датира од II милениум пр.н.е., а ја има пронајдено археологот Паско Кузман. Дека нашата цивилизација постоела докажува и пронајдокот кој датира од 7500 год. пр.н.е., а тоа е машка фигура која е пронајдена во 2000 година, наречена „Адам од Говрлево“ (е најстарата машка фигура пронајдена во светот). Фигурата е пронајдена кај црквата „Св. Трипун“, близу скопското село Говрлево, и е прогласена за едно од десетте највредни откритија, а ја пронашол археологот Милош Билбија. Во 2000 год. пр.н.е. имаме откритија за почетокот на минојската цивилизација и преселувањето на бригиските племиња од Горна (тогаш сè уште ненаречена) Македонија на Крит. Народот на оваа цивилизација бил наш, а крајот на минојската цивилизација доаѓа и завршува во 1450 год. пр.н.е.

Микенската цивилизација започнува од 1600 гoд. пр.н.е. и за неа знаеме многу малку. Познато ни е дека бригиските племиња, кои по потекло се од Охридско, Демирхисарско и Битолско, со нивниот водач Пелоп тргнуваат во освојување на подобро земјиште и обработливи површини, како и создавање на некое кнежевство, односно кралство (бидејќи овде немало место за создавање на ново кнежевство, односно кралство). Тие тргнуваат и го освојуваат Пелопонез, или тогаш наречен Аркадија, и почнуваат со микенската цивилизација во 1600 год. пр.н.е. Тие организирале игри (во V и IV век пр.н.е. атињаните ги организирале овие игри на планината Олимп, кои по името на оваа планина подоцна биле наречени Олимписки игри), трки со коњи, борење, гаѓање со копје, стрелање, фрлање на диск и трки со мали коњски коли, а за победниците имало богати дарови. Исто така, тие имале обичај да ги организираат овие игри и по погребите, со што ги одвраќале мислите од тагата, а натпреварувањата траеле цел ден.

По смртта на Пелоп на негово место дошол син му Атреја, кој е татко на Агамемнон и Менелај - освојувачите на дамнешна Троја (Тројанската војна се водела околу 1200-1190 или 1230-1210 г. пр.н.е., според книгите на Хомер „Илјада“ и „Одисеја“, а не во 776 г. пр.н.е. кога е основана и изградена Атина; но и во „Историска енциклопедија за спорт“ пишува дека првите олимписки игри се одржале во 776 г. пр.н.е. (?), која сè уште не е пронајдена, освен онаа Троја во Мала Азија, која е најголемиот фалсификат на археолошкиот истражувач Германецот Шлиман, но и на Грците. Микенската култура пропаднала околу 1200-1150 год. пр.н.е. Во микенските наоѓалишта се пронајдени извонредни предмети од злато, како и посмртната маска на микенскиот крал Агамемном. Иста таква златна маска е пронајдена и овде, во Требниште близу Охрид, од познатиот археолог Паско Кузман.

Географските имиња во Европа (географски горниот дел од Македонија, кој тогаш така бил наречен) биле на јазикот и писмото коине (или денешен македонски јазик), затоа што друг јазик и друго писмо – немало.

Треба да се спомене и истражувањето на Каменот од Розета, спроведено од академик Томе Бошевски и проф. д-р Аристотел Тентов (за што МАНУ сè уште се нема официјално произнесено). Тие сметаат дека средниот текст од каменот е напишан на античко-македонски јазик, кој пак, според нивните заклучоци, е особено сличен и близок со денешниот современ македонски јазик во однос на дел од лексиката и граматиката. Овие теории ја негираат словенската врска во етногенезата и не се поддржани од официјалната македонска наука, затоа што ние не сме Словените од зад Карпатите. Ова писмо и денес се употребува во Европа, благодарение на браќата Кирил и Методиј, а од писмото и јазикот коине, или античко-македонски, произлегло слово-македонското писмо. Бидејќи коине бил македонски јазик со коинско слово, Македонците биле Словени. Сите оние кои пишувале со црти и рецки не биле Словени, туку само „цртари и рецкари“. Токму затоа, поимот Словени произлегол од словото од древното коинско писмо и јазик. Македонското древно писмо (коине) е археолошко откритие од 1000 г. пр.н.е. и е дешифрирано во 1998 година. Тоа е испишано на 25 тонска карпа што се нарекува „Обеликс од Ксантос“. Хакатеј од Милет (писател на антички митови), кој живеел во 500 г. пр.н.е., врз основа на спомените од неговиот период, сведочи дека во старо време на Пелопонез и северно од него биле населени варвари (Бриги и Пелазги). Според Платон, во еленскиот јазик има многу зборови кои истовремено му припаѓале на говорот на варварите (Бригите и Пелазгите). Тој го наведува зборот „вода“, што го користеле варварите (Бригите и Пелазгите). Според францускиот историчар Франсоа Пуквил, таканаречените варвари (Бригите и Пелазгите) се најстари жители во делот на античка Горна Македонија и античка Долна Македонија. Тукидит (антички хроничар) пак ги означува Македонците како Аргеади (аргеадиа=македонос), затоа што Аргеас бил еден од синовите на Македон. Според легендата епонимните херои на Пиерија и Ематија биле синови на Македон. Името Македонија прв го споменува Хесиод (антички писател) во VII век пр.н.е., а се среќава и кај многу антички писатели, во античките географски карти, како и во Библијата. Постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларна од нив е тезата за директната врска меѓу древните и денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци.

Од книгата на Јонче Манојлов-Штип

МАКЕДОНСКАТА БИБЛИЈА
КРАЈОТ НА ВИСТИНАТА

 

На прво место

News image

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот б...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.