Среда, 11 Јули 2018   
Кавкаска теорија за потеклото на Албанците!

aghuank

За време на походот на Александар Македонски во Азија, еден владетел на Кавкаска Албанија излегол пред него и му подарил едно големо и опасно куче, денес познато како кавказски овчар. Тоа е првата забележана средба на Македонците со Кавкаските Албанци.

Денес кога ќе се спомене Албанија, се мисли на државата која покрај Македонија се граничи со Црна Гора, Косово и Грција. Таа како држава постои од 1912 година, кога е прогласена независност, а призната во 1913 година. Меѓутоа, многу векови пред неа постоела друга албанска држава позната како Кавкаска Албанија, за која многу малку се говори, иако одредени историчари ја поврзуваат со денешното потекло на Албанците.

Кавкаска Албанија (Ардан на партиски, Аран на персиски...), било античко кралство формирано во 2 век пр.н.е. во источен Кавказ, на територијата на денешен Азербејџан и јужен Дагестан. Околу 1 век пред и од новиот ера територијата јужно од Големиот Кавказ и Малиот Кавказ биле поделени меѓу Колхидите на запад, Кралството Иберија во средината и Кавкаска Албанија на истокот. Северно од Албанија се наоѓала земјата на Аланите, северозападно биле Иберите, а југозападно Ерменците. Денес јужниот дел на античката Албанија му пришаѓа на Азебејџан, чиј главен град Баку се наоѓа на Апшеронскиот полуостров, а северниот на Русија.

Самото име Албанија означува планинска територија и таа се наоѓала на источните падини на оваа планина, помеѓу врвот на Кавказ и Каспиското море.  На брегот на Каспаскито море се наоѓал град со име Албана по кој земјата го добива името, а главен град на Кавкаска Албанија бил Кабалак, кој во 5 век бил преместен во Партав.

Првичната област на Кавкаска Албанија била околу 23.000 км.2, а по 387 година се зголемила на околу 45.000 км.2  па оваа тероторија понекогаш од научниците се вика "Голема Албанија". Кавкаските Албанци обожавале три божества: Сол, Зевс и Луна.

Кавказска Албанија била каменита и сиромашна земја, која не ги привлекувала освојувачите. Се пишува дека во времето кога Александар Македонски ја освоил Азија, еден владетел на Албанија излегол пред него и му подарил едно големо куче.

Кавкаска Албанија била позната по големи и опасни кучиња, т.н. кавказски овчари. Тоа е првата забележана средба на Македонците со Кавкаските Албанци.

Во текот на 1 век, христијанството веќе почнало да доаѓа на Кавказот. Наскоро, Ерменија го прифатила христијанството како државна религија (301 н.е.), а кралот на Албанија Урнајр ја примил светата тајна за крштевање од Григориј Просветител, првиот патријарх на Ерменија.

Меѓутоа, неколку века потоа подпаѓа под исламско влијание, Албанија падна по Исламското освојување на Персија во средината на 7 век и беше укината во 8 век. Во постисламскиот период географскиот поим на Ардан е смален на подрачјето меѓу реките Кура и Арас.

Се до XI век луѓето на Кавкаска Албанија, немале никаква врска со територијата на денешна Албанија на Балканот, која историја била дел од Македонската империја. На запад границата допирала до Јадранското Море, кое Римјаните го нарекувале Македонско Море, со областите јужно од Љеш, вклучувајќи ги градовите Драч и Аполонија. Потоа оваа територија била дел од римските провинции Далмација (јужен Илирик), Македонија и Горна Мезија.

Денешната република стана независна по падот на Отоманската империја во Европа по Балканските војни во 1912 и 1913 година.

kaukasus2

За потеклото на Албанците многу се говори, а самите Албанци се сметаат за потомци на Илирите, за што нема релевантни докази. Така, постојат три теории за нивното потекло, а според една од нив, тие потекнуваат од Кавказ.

Според оваа теорија, во 8 век, Арапите ги окупирале земјите околу Каспиското Море и зад Кавказјето. По ова освојување, Халифатот дошол во конфликт со Хазарите. Арапите биле заштитници на исламот, а Хазарите на Мојсеевата религија, па конфликтот, покрај другите, добил религиозен карактер.

Хазарите им наметнаа на Албанците многу тежок данок поради кој тие застанаа на страната на Арапите и во поголем дел преминале во ислам. Хазарскиот војсководец во војните со Арапите бил син на каганот Барџил. Кога тој влезе со армијата во Албанија во 730 година, тој наредил да бидат убиени само муслиманите. Оваа наредба на Барџил ги натера Албанците да избегаат и да бараат спас кај Арапите. Во тоа време на Средоземното море се воделе тешки борби меѓу исламизираните Арапи и христијанската Византиска империја. Во таа борба, Арапите го зазедоа поголемиот дел од Сицилија и дел од јужна Италија, каде населија дел од исламизираното население од Кавкаска Албанија, кои избега пред Хазарите.

Борбите меѓу Арапите и Византијците во Сицилија траеле долго време и во периодот од 827-878 година. Сицилија е поделена на два дела, исламска и христијанска. Во 970 година, Византиците успеале да го освојат исламскиот дел и да ги преземат Албанците, од кои дел од овој народ бил конвертиран во христијанството.

По поразот на македонскиот цар Самуил и по подмолното убиство на неговиот син Гаврил Радомир од страна неговиот братучед Јован Владислав, кој загинал при опсадата на Драч, во дваесеттите години на XI век византискиот император Василиј II ја завладеал територијата на некогашното Македонско царство, меѓудругото и со дел од териториите кои денес се во рамките на современа Албанија.

Двесет години подоцна, незадоволни од византиското владеење, народи кои некогаш биле во склоп на Самуиловото царство почнале да се бунтуваат. Во 1040 година, Петар Дељан, син на Гаврил Радомир и унгарска принцеза подигнал востание. Востаничката војска тргнала од Белград кон Ниш и Скопје. Таа насекаде била добро пречекана, се зголемувала и со помош на месното население го освоила Скопје.

Согледувајќи ја сериозноста, византискиот император го испратил Драчкиот гарнизон против востаниците. Но, византиската војска составена претежно од Славјани се побунила и за цар го прогласила еден од византиските воени команданти, Тихомир. Така се создале два востанички центра, кои се заканувале да го расцепат востанието. Но, набргу Тихомир бил убиен и целото водство го презел Петар Дељан.

Синот на Гаврило Радомир, внук на Самуил, упатил дел од својата војска кон Драч и таа поддржана од месното население (Македонци, Срби, Власи) ја презеле Драчката тема. Востанието се проширило и во Епир, каде целата Новопактска тема, со исклучок на Новопакт преминала под власта на Делјан. Самиот Дељан застанувајќи на чело на поголемиот дел од војската се упатил кон Солун, од каде побегнал византискиот император Михаил IV, но Солун не бил завземен, а оставениот Манојло Ивец, кој потекнувал од познат македонски род им се придружил на востаниците.    

Востанието зело широк замав. Тоа се проширило во Србија, Албанија, Грција и Бугарија.  Но, во 1041 година Петар Делјан бил ослепен од Алусијан, вториот син на Јован Владислав, а потоа бил фатен од византиските војски. Востанието, наскоро било задушено, а бегајќи пред византиската војска, во чиј состав биле и норвешки наемници на чело со идниот норвешки крал Харалд III, голем дел од македонските востаници се префрлиле на Апенинскиот полуостров и на Сицилија. Дел од нив тука повторно ќе изгинат во судирите со Норманите.

Сепак не биле освоени сите територии кои некогаш биле во склоп на Самуиловото царство. Напротов, Дукља станува независна држава, откако  во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав ја добил битката кај Бар против Византија.

Во истата 1042 година, византискиот капетан Герги Манијак незадоволен од состојбата во Италија се судира со политиката на византиската царица Зое и нејзиниот трет сопруг, Константин IX Мономах. По ослободувањето од должност без причина, тој одлучи да се побуни и со армијата замина за да ја преземе власта во Константинопол. Со својата војска од Сицилија и јужна Италија и дел од Албанците што ги зеде со нив како помошна компанија, со бродови се истовари во Драч во март 1043 година. При тоа Албанците ги повеле своите жени и деца, како што било вообичано во тоа време. За ова пишува византискиот историчар  и  сведок на овие настани Михајло Аталиот во делото "Historia, Corpus scriptorum Historae".

Во битката со царската војска во близина на Солун, Герги Манијак загинал и неговиот потфат не успеал. Албанците не можеа да се вратат во Сицилија, ниту да останат на византиската територија, па побараа да се населат во незвисната држава Дукља. Кралот на Воислав им дозволил да се населат во еден слабо населен планински регион во близина на Рабан, источно од Круја, од каде со тек на вековите Албанските племиња ќе се прошират во регионот.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.