Среда, 08 Август 2018   
Мара Бунева мечтеела активно да работи за ослободување на поробена Македонија

Mara BunevaРодена е 1901 година во градот под Шара – Тетово, од мајка Ана и татко Никола. Татко &  уште во турско време завршил основно  училиште во Тетово и шест класа во скопската педагошка гимназија. Повремено учителствувал, но главно занимање му била трговијата. Бил околиски раководител на ВМРО, а во време на Првата светска војна бил назначен за кмет. Мара завршила основно образование и прогимназија во Тетово, а средно образование во Скопје. Пред крајот на војната, Нико Бунев со ќерката Мара заминал за Бугарија.

Од тогаш, Мара живеела при братот Борис, кој служел војска во Јамбол, а покасно се преселил во Софија. Таму Бунева имала можност да спортува јавање на коњ и стрелање со пиштол. Во тој период се запознала со кавалерискиот офицер Иван Хранков за кого и се омажила.

Бргу се вклучила во револуционерната организација, станувајќи нејзин член.

Мечтеела активно да работи за ослободување на поробена Македонија. По добиената задача од ВМРО се враќа во Тетово и Скопје. Пред властите објаснила дека се вратила од емиграција поради распаднатиот брак. Со тоа ги отклонила полициските сомнежи. Во Скопје завршила кројачки курс и отворила шивачки дуќан во кој навраќале како клиенти сопругите на српски чиновници, што &  овозможило да се доближи до семејството на високиот жупански шеф Владимир Прелиќ, страв и трепет за македонските патриоти.

Под изговор да ја оконча бракоразводната парница, Мара добила дозвола да се врати во Софија каде имала средба со Менча Карнишова, која се прославила со убиството на Тодор Паница во Виенскиот државен театар. За средбата со Бунева, Менча кажувала дека оваа млада жена има нешто особено што ја прави  кадарна за големите подвизи (според мемоарите на В. Михајлов, сопруг на Менча Карнишова).

По познатата афера со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје, во 1927 година, каде со ѕверски измачувања на младите Македонци се “прославил” злосторникот Прелиќ, Мара Бунева, во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година, на кејот покрај Вардар, извршувајќи ја задачата на Организацијата, со три револверски истрели го усмртила Прелиќа, а потоа се самозастрелала.

Европскиот печат, пишувајќи  со респект за подвигот на младата тетовчанка, ја прогласил Бунева за македонска Шарлота Корде.
Кога го положила животот за татковината, Мара Бунева имала само 27 год

Македонската историографија веќе подолго време има негативен однос кон ликот и делото на Мара Бунева. Но доаѓа периодот кога оваа хероина ќе ја види својата светост и ќе биде вбројана во делот на македонските национални херои.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.