Среда, 15 Мај 2019   
Грчки шпион го предаде Гоце Делчев

Goce Delcev

"ЊУЈОРК ТАЈМС" ВО 1903 ПИШУВА

Со насловот "Смрт на македонскиот војвода" на 26 мај 1903 угледниот американски весник "Њујорк тајмс" пишува дека "грчки шпион го предал Делчев на Турците". 

Во текстот стои:
Dock

"Дописникот на 'Тајмс' од Софија пренесува дека деталните извештаи за смртта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.
Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.
Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.
Дописникот на "Тајмс" од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин."
Овој текст во "Њујорк тајмс" го открија членови на македонската дијаспора во САД, кои во архивите на весникот истражувале откако во вторникот "Вест" објави друг архивски текст од "Њујорк тајмс" од 31 март 1902, насловен "Грците ги предадоа Македонците". Во него пишува дека година и пол пред Илинденското востание Грците ги накодошле Македонците кај турските власти.
Најинтересно е што со овој текст се фрла нова светлина за убиството на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Имено, во историографијата е познат фактот дека тој е убиен затоа што е предаден. Но, и 105 години по смртта се уште не се знае кој го предал.
Дека станува збор за предавство пишува и најблискиот соборец на Делчев, Ѓорче Петров, во неговата беседа за Гоце Делчев одржана во Софија во 1919, по повод 16-годишнината од неговата смрт, на комеморација што во софискиот Воен клуб ја организира македонската група студенти. За убиството на Делчев, Ѓорче пишува дека "предавство е во прашање, но не се дозна од каде". Оваа беседа на Ѓорче, инаку, беше за прв пат објавена во Македонија во 2003, по повод стогодишнината од Илинденското востание.
Во турските архиви постои преписката за акцијата на отоманската војска против четата на Гоце, и таа е објавена кај нас пред петнаесетина години. Според "Шифрирана телеграма од управата на Серскиот санџак од 21 април 1319 година (4 мај 1903)" - "Врз основа на тајно спроведената истрага од пред една седмица па наваму и примените известувања од назначените разузнавачи (шпиони), се дознало дека во серските села Раховица (Рахово, Орехово, село северно од Сер), Баница (денес Карие, село североисточно од Сер), Фраштан (село соседно на Баница), и М’клен (село североисточно од Сер) и во нивната околина, обиколува една бунтовничка чета." Понатаму во преписката, има и телеграма од 5 мај која вели дека меѓу убиените е и војводата Делчев, дека битката траела точно 30 часа, а дека четата броела 21 член или вкупно 50-60 души сосе селаните кои им се придружиле. Сосе Делчев загинале вкупно 11-мина од четата.
Текстот од "Њујорк тајмс" дека грчки шпион го предал Гоце е сведоштво за континуираната активност на Грците против македонската борба за слобода . Фактот дека само осумдесетина години пред тоа и самите се бореле за слобода против таа иста Отоманска империја воопшто не ги спречил Грците да работат против Македонците, а со цел во иднина да го шират своето влијание во Македонија и по можност да ја освојат.
(М. К.) 

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.