Среда, 11 Септември 2019   
Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

krusevoСВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

 

Блаже Миневски

Георги Баждаров, соработник на Делчев, во 1918 година го посетил Крушево. Бил кај својот пријател, кметот Наум Томалевски и побарал да се види со некој борец на Крушевската Република. Му бил испратен четникот Мите Станоев, а Баждаров го запишал неговото сведоштво искажано само 15 години по востанието

Серчанецот Георги Баждаров, револуционерен деец, општественик, новинар и редактор на јавни гласила е роден во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија во 1881 година. Станувајќи член на ТМОРО воспоставува блиски контакти со Гоце Делчев и со други македонски револуционери. Учествува во Илинденското востание како секретар на четата на Илија Кршовалијата. По Младотурската револуција е назначен за наставник во Солунската егзархиска машка гимназија. Уредувал повеќе весници и списанија, а од 1919 до 1923 година била член на Задграничното претставништво на ВМРО, предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров. По расцепот на ВМРО, во 1928 година, се изјаснува против Ванчо Михајлов, а следната година е убиен во Варна од луѓето на оној против кој јавно се изјаснил.

Во својата книшка „Од македонската земја, впечатоци и белешки“, печатена во 1926 година, објавува и запис од својот престој во Крушево летото 1918 година, значи петнаесет години по Илинденското востание и Крушевската Република.

„На 26 јуни 1918 година го посетив Крушево. Престојував само еден ден. Го разгледав градот со старите куќи, изгорени и обновени домови. Ја видов разурнатата црква, која била украсена со најдобриот уметнички изработен иконостас од нашите мајстори резбари. Ја видов и новата училишна зграда’’, запишал Баждарев точно пред 100 години.

„Бев на гости кај господин Наум Томалевски, кмет на градот“, вели тој, „и посакав некои од очевидците да ми раскажат за востанието во Крушево“.

Сведок на востанието бил и самиот Томалевски (во 1930 година и тој бил убиен од приврзеници на Михајлов), но не учествувал во борбите. Тој го упатил Баждаров на Миле Станоев, еден од 800-те борци што учествувале во ослободувањето на Крушево.

Според сведоштвото на Станоев, од градот како први регрути за пополнување на четите биле повикани десеттина момчиња, синови на најголемите богаташи во градот. Тоа била сторено намерно за да се приврзат и ангажираат во востанието не само сиромашните, кои немале што да изгубат, туку и богатите крушевчани. Спроти кревањето на востанието и нападот, сите чети веќе биле на своите позиции; се чекала само наредбата од Горскиот штаб.

krusevo1ХРАБРОСТА НА ТУРСКИОТ ТРУБАЧ

Како што било договорено, најпрво требало да се нападне уќуматот, зградата на управата, олицетворение на власта против која се крева востанието. За таа цел, уште за време на претпладнето Никола Ивановски и брат му Лецо се сокриле во блиската црква за да ја отворат вечерта по нападот за да можат внатре да влезат четниците. Дошла полноќ. Тишина. Нигде ламба не свети; црна темнина по улиците и куќите. Не дека сите спијат туку притаени очекуваат нешто големо и страшно, мило и опасно да се случи“, пишува Баждаров.

„Една, две, пет пушки пукнуваат и ја раскинуваат покривната на ноќта. Камбаните почнуваат да бијат. Првиот дел од трагедијата започнува со христијанскиот знак за објавување на празник… Четворица стражари пред уќуматот загинуваат, а четворица успеваат да избегаат. Мударот бил таму. слугата и неколку колxии скокнале во бунарот за да се скријат, но се дават. Полицискиот агент, чиновникот за шумите и телеграфско-поштенските службеници со послугата, се на се осум души, биле заробени и убиени. Семејствата им биле спасени живи и здрави.

По дадениот сигнал од црквата, Иван Алабакот отвора оган кон касарната во која во тој момент престојувале околу 40-50 души. Останатите војници од месниот гарнизон, околу 150 души, се наоѓале по селата, да гонат комити и да им помагаат на даночниците во собирање на арачот. Тие не можеле да знаат дека комитите репиле да дојдат кај нив; да не се мачат тие да одат по нив. Во престрелката паднале убиени од двете страни. Особено храброст покажал трубачот на аскерот, кој, иако тешко ранет, не само што успеал да труби со трубата туку продолжил да се бори додека не бил дотепан. Дел од аскерот избегал кон Алдинци, а други се затвориле во касарната и се бранеле. Бидејќи било бесмислено да се пука во камените ѕидови на зградата, Горскиот штаб решава да се запали касарната. Со градската пожарникарска кола биле напрскани со петрол и газије касарната, и конакот, а потоа биле запалени. Но зградите, бидејќи од камен, не горат. По совет на Питу Гули биле фрлени стомни полни со петрол и газије, а по нив и запалени партали. Војниците што до последен момент пукале низ пушкарниците, изгореле заедно со зградата. Запалени биле и сабјите на колхиите. Сето тоа биле завршено до два часот попладне следниот ден, и тогаш Крушево е конечно слободно“, запишал Баждаров.

krusevo2Георги Баждаров

ШЕСТ ДЕНА МИР И СЛОБОДА

Бележејќи го она што му го раскажувал Миле Станоев, Баждаров ја пренел убавата атмосфера што владеела во слободниот град. Расположението се зголемува уште повеќе кога се пренесува глас за големи успеси на востанието во Костурско и дека престои паѓање на Прилеп. Селани Турци кои не знаеле дека се случило востание, кои иделе на пазар, биле претепани, а други се вратиле навреме, не се обиделе да влезат во градот. Неколкуте обиди на аскерот и башибозукот да се пробијат кон Крушево, и да ги разбијат бунтовниците, решително биле осуетени. Од 6-ти до 12-ти август востаниците не биле вознемирувани со напади.

На 11 август празничното расположение на крушевчани било нарушено од лошо претчувство; јата гаврани слетувале по куќите и улиците. Целото Прилепско поле поцрнело од низами. Бахтијар паша со 15 илјадна војска тргнал да го заземе градот. Судирот почнал на 12-ти август утрото. Пред тоа бил пратен гласник кој ги повикал востаниците да го положат оружјето и да се предадат. Востаниците со презир ја одбиле таа понуда. Артилеријата почнала да сее смрт сред позициите на четите. Бил гаѓан и градот. Една граната паднала врз црквата, друга врз куќата на Никола Ивановски. Најголемата битка се водела на Мечкин  камен. Се спасиле само седумина. Ѓурчин водел битка на патот Прилеп-Крушево, Ташко Карев на Длабока Река, а началникот Георги Стојанов на Слива. Големо била бројната и техничка надмоќност на  непријателот. Горскиот реонски штаб видел дека во никој случај не може да биде задржан градот и наредил повлекување. Со четите тргнале да  се повлекуваат и граѓани. Победничката војска и башибозукот тргнале во грабеж а веднаш потоа ги запалиле ограбените куќи и дуќани. Изгореле околу тристотини, сите во долнитот и средниот дел на градот. Додека палачите стигнале до горниот дел, кој е блиску до коријата па се плашеле да не бидат нападнати од востаниците, стигнала заповед да сопрат со насилството, пишува  Георги Баждаров, соработник на Гоце Делчев и Тодор Александров.

‘Колку радоста била голема во почетокот толку тагата била посилна на крајот. Семејствата што биле скриени во блиските и во подалечни шуми, вториот и третиот ден по задушувањето на востанието почнале да се враќаат во градот. Меѓу вратените бил и Григор Божинов, член на Горскиот востанички штаб. Самиот факт што тој се вратил со народот и не бил предаден на власта, покажува дека моралот останал  висок и по таа голема катастрофа’, заклучува Баждаров.

https://denesen.mk/svedoshtvo-od-1918-ta-za-krushevskata-republika-samo-sedum-borci-ja-preziveale-bitkata-na-mechkin-kamen/

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.