|
|
ХИРОШИМА сеќавање Марија Емилија КУКУБАЈСКА |
Садако Сасаки (7 јануари, 1943 – октомври, 1955) За Денот на победата во Втората светска војна, човечно е инклузивноста да се однесува на сите војници и завојувани народи, особено на оние кои дале најголем број жртви, како СССР и Европа. Во тој демоцид (Rummel (1994), Јапонија во јапонските војни (1937 – 1945) згубила 2,521,000 народ. Од нив 672.000 биле цивили убиени од Америкаци, вклучително со двете атомски бомби. Садако Сасаки е жртва на нуклеарниот пекол во Хирошима, нанесен од САД врз Хирошима и Нагасаки, две години пред крајот на втората светска војна. Садако имало две години кога атомската бомба во Хирошима (6 август 1945), ја уништува нивната куќа, а Садако ја исфрла низ прозорец. Умира на 12 години, после десет тешки години борба со последиците од нуклеарно озрачување. Леукемија на лимфните жлезди го разорува нејзиното тело со системски компликации и неподносливи болки. Се’ до 1955 година, се бори за живот, но последните четири месеци во болницата на Црвениот Крст ги посветува на непрекинато пишување дневници (април-август 1955). Пишувала дури и на болнички чаршави, кога и’ снемувало хартија, но нејзините другари додавале листови и од дома. Сасаки не можела да се помири да не ги забележи своите лекции за војна со болеста причинета од ова ново оружје во 2-та светска војна. Денес нејзините пораки се предупредување против нуклеарни, биолошки, можни ЕМП напади и форми на идеолошки, медиумски, хибридни војни за територијална превласт и профит. Садако е сакана особено по нејзината смрт, со почит која ја заслужува за својата издржливост и љубов кон луѓето и животот. Садако ја одигрува својата улога облечена во традиционалната јапонска, тивка милозливост и достоинство. На пријателската и кротка љубов на Садако Сасаки и’ возвраќаат најнапред нејзините верни врсници. Тие се здружиле мотивирани да објават збирка писма и да соберат донации за да и’ подигнат споменик на оваа жртва на војната и страдањата што ги нанесува. Со донациите, верните и вредни другари на Садако подигнале статуа која крева златен ждрал. Статуата се наоѓа во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима. Посветена е на годишните собири за Денот на мирот, 6 август. На плакетата е запишано: „Ова е нашиот крик. Ова е нашата молитва. Мир во светот“. Постариот брат на Садако, Масахиро Сасаки, објавува книга во која го објаснува нејзиниот процес на пишување на дневниците за време на последните месеци во болницата, насловена „Целата приказна за Садако Сасаки“. Животот и дневниците на 12 годишното девојче не ја оставило рамнодушна канадско-американската писателка Еленор Кер. Во 1977 година таа објавува роман, „Садако и илјадате ждралови“. Симболичното значење на 1000 ждралови е – нивната долговечност да се пренесе и на тој на кого е посветено правењето оригами ждралови од хартија за 1.000 години живот, колку живеат и змејот и желката. Садако Сасаки до последниот ден брза да направи ждралови за сопствената долговечност.
Лекциите на Садако за нејзините здравствени војни продолжуваат и низ луѓето кои во своите животи влегуваат во натпревар со сопствената свест за смртноста, кои посветено создаваат, особено кога се предизвикани од неизлечиви болести. Изграден е и Детски споменик на мирот, со фигура на Садако Сасаки на врвот од статуата, со девојче и момче од страните, и со хартиени ждралови во стаклена кутија. Проектот „Ждрал на мирот“, од 2013 година, дело на Sue DiCicco, ја слави пораката на Садако и ги поврзува учениците од светот во визија за љубов наспроти војни и болести. Претседателот Барак Обама ја има посетено Хирошима и НВО Садако, посветена на Садако Сасаки. Ждралови од хартија накитени во детската болница на Црвениот крст, сцена од драмата „Мир во твоите крилја“, 2017. И руската музичка група Spleen, е инспирирана од Садако Сасаки https://youtu.be/NbESCYhKhxY Стиховите на Fred Small во „Ждраловите над Хирошима“, се посветени на Садако Сасаки. Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска |