|
|
ЗАКЛАНИ И СТРЕЛАНИ ВО СЕЛО ЦАКОНИ, ВОДЕНСКО, ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА |
Вангел Цакончев беше политички комесар на Пајко планина. Овде во Р. Македонија го уништија со судење како Информбировец, од бирократи и не учени прости превртливи аналфабети, а Вангел Цакончев беше инжењер по земјоделие, имаше завршено студии во Атина. За време на Граѓанската војна, Сава Саракинлис- Делова го криеше во нашата куќа во Цакони, Воденско. Беше предаден од маџиринот Јанкули, негов соборец во Втората светска војна и во партизанското движење. Јанкули го знаеше скривалиштето од Втората светска војна и го знаеше каналот, преку дупката под лежиштето на парализираниот дедо Ристо во нашата куќа. Сава Делова беше одговорна и ангажирана да собира потреби за партизаните ( плетени чорапи, обувки, алишта, сол и други хранливи потреби) во пазарен ден во С`ботско од жените активистки од Мегленските села, а се` уште не беше откриена. Работеше илегално за партизаните во Мегленско. Насетила од жената на Јанкули, Пареса, која при еден премин меѓу селата, Пареса слободно можела да се движи, а тоа за Сава-(Елисавета Делиос), било енигматично, па му навестила на Вангел, дека неуспешните акции на партизаните се предадени од Јанкули и затоа претрпуваат неуспеси. Вангел му верувал на Јанкули, иако во Штабот биле само тројцата: Јанкули и другар му Ѓели на Плијка, Македонец од селото. Тие тројцата ги подготвуваат акциите на партизанското движење и само тие знаат за сите активности кои се превземаат против бурандарите. Потоа е откриена и Сава Делова што е одговорна за Мегленско за собирање помош за партизаните. Благодарение на нејзиниот вујко Апостол Торбешов од С`ботско, кој бил присутен во Општината и разбрал за прогонот на Сава и за нејзино апсење. Преку сигурен човек ја известил Сава во селото Костурни, кајшто биле избегани по наредба на монорхофашистите, бурандарите, односно кралската војска на кралот Павле и Фредерика. Истата вечер заминавме од селото Костурни и ноќта ја поминавме во нашето лозје, кое беше меѓу селата Костурни и Цакони. Таа мартовска студена ноќ ја запаметив за цел живот. Тогаш во лозјето дојде вујче ми Ѓели, и ни кажа дека се уапсени нивните татковци, дедо Гуши и дедо Лазо. За брат му Гоци дека е е фатен од бурандарите...Тивко шепотеа мајка и вујче и во разговорот и` рече на мајка, дека нема да се предаде на бурандарите, иако преку мајка му, баба Лена, е пуштен абер и беше уценуван од фашистичката клика. За мајка ми немаше друг излез. Уште раното пред зори, преку Соколот на Ниџе планина, стигнавме до границата и останавме ноќта во Караулата, крај огништето да се потстоплиме а бевме мокри, гладни и премрзнати со сите дечиња собрани од Костурско, Воденско и Леринско. Осамна денот на 25 во месец март 1948-та година, кога последен пат ја видовме мајка ми. Ние трите деца позаспани останавме во Караулата. По наредба на Штабот, таа се врати назад во село Тресино во се` уште слободниот дел во Егејска Македонија и ја продолжи борбата со партизаните. Од грчките бурандари на Караванѓелис на 10-ти март 1907 година, во селото Цакони, Воденско, се заклани: Јованче Саракинлис - Цакончев, Васил Балтаков, Христо Балтаков, Ѓорги Демишоров (внук на Васил Балтаков), Ито Марков и Симеон Михајлов, учителот од С`ботско, со уште двајца, кои дошле во селото на црква во „Света Петка“. Во времето на Граѓанската војна во Грција беа фатени, синовите на закланите татковци и малтретирани, мачени, тепани и најпосле стрелани во Бер во месец август 1948 година: Лазо Јованчов Цакончев (55 год.), Ѓорги-Гуши Јованчов Саракиннлиев ( 50 год. ), Ѓорги-Гоци Балтаков, Ѓорги Пецов, Младен ПапаДимитриу и внукот на Васил Балтаков, Ѓорги Балтаков. Во Градот Бер ( Вериа) е стрелан и младиот партизан бомбаш Атанас Марков, синот на Слобода и Костадин ( Бода и Дини) Маркови од село Цакони, Воденско, Егејска Македонија под Грција. Фотографијата на Атанас Дини Марков е вметната заедно со родителите на споменикот, кајшто се погребани во Титов Валес, Р. Македонија. Сакам да напоменам дека Грчката политика од времето на крволочникот Каравангелис, со фалсификувана историја до денес, со сите наследници во грчката политика е НЕ променета и останува уништувачка. Извори: 1.Според податоци од живи сведоци од селото Цакони, Воденско, Егејска Македонија под Грција. 2. Издвоено видео во Месинџер од 17 јули 2021 година, кај што Крсте Нушков евоцира спомени за Вангел Цакончев, учесници во Граѓанската војна во Грција. Марија Воденска |