Недела, 19 Јуни 2011   
Тиквешко востание
vostanieНa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.


Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението во тиквешкиот крај при обидите за асимилација и посрбување. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант во Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикува градските првенци и им се заканува дека доколку се спротивстават на србизацијата ќе бидат погубени.

Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и на нивно место поставување на српски учители. Тие коишто сакаат да останат и да учителствуваат се испраќани во Белград на курс по српски јазик за да можат да предаваат на српски. Протерани и апсени се дури и македонските свештеници и на нивно место се доведени попови од Србија, а воведен е и српскиот јазик во црквите.

Српскиот терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден во ден станува сè поголем, не само кај првенците на градовите, туку и кај обичното население. Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.

Македонско семејство од Тиквешко


Неможејќи да ја трпи српската тиранија, тиквешкото население решава да се организира. Со поддршка на ВМОРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е формиран востанички штаб, составен од видни револуционери од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание. Меѓу поистакнатите војводи биле: Дончо Лазаров, Коце Сеизов, Тодор Камчев, Михаил Шкартов и уште десетина други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.

Првите денови востаниците постигнуваат голем успех. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го знамето на Србија, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме* од 1903 година. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на кое е избрана и градска управа од 12 видни кавадарчани.

После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од србоманот Јован Бабунски и Јован Долгачот. Србите бараат помош дури и од потурчениот Албанец Јаја-ага којшто со вооружени 250 души башибозук му се става на располагање на Трбиќ.

Српски четник

Македонските востаници бараат помош од Четвртата бугарска армија коjaшто се наоѓалa на другата страна од реката Вардар, но поради новосоздадената ситуација таа не успева да стигне на помош. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Востаниците се повлекуваат, а Србите започнуваат со немилосрдни убиства врз тиквешани. Навлегувајќи во тиквешките села, тие вршат невидени ѕверства. Нема место каде што не се извршени апсења, мачења, убиства, силувања, пљачкосувања. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да стојат така 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени на месноста Полјаната и стрелани. Стотици мажи, жени, деца и старци се убиени, заклани и живи изгорени. Повеќе од илјада куќи се запалени и опустошени.

После таа случка пристигнува Карнегиевата комисија составена од видни европски учени, професори, барони од Соединетите Држави, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија и други. Според нивните анализи бројот на загинатите надминувал 1000. Многу од загинатите биле живи фрлани во длабоки јами. Чекалната на железничката станица била сета во крв, а телата биле фрлани во Вардар.

Тиквешкото востание е еден од најкрвавите настани во историјата на Македонија. До пред осамостојувањето на Република Македонија, овој крвав настан македонските историчари по наредба на Белград и домашните србомански слуги, никогаш не го ни споменуваа за да не проговорат за ѕверствата на Србите и насилната србизација во Вардарска Македонија.

Само неколку месеци после Тиквешкото востание, во Вардарска Македонија се крева уште едно востание против српската окупација, овој пат во Охридско-дебарскиот регион.

_____________________________________

* Знамето било направено од учителки од Кавадарци. Во горниот дел на знамето имало надпис "Тиквешки революционенъ окрѫгъ"; под него пишувало "Свобода или смѫрть”; во средината имало една девојка којашто во рацете држи развеано знаме, а со едната нога гази врз тело на убиен турски војник. Тоа знаме е земено од страна на Србите и е однесено во музеј во Белград, но во 1941 година поради опожарување на музејот знамето е уништено.
 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.