|
|
Референдум во Македонија, 1991 |
Прашањето на референдумот гласел: 1. Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иднен сојуз на суверени држави на Југославија? ЗА ---- ПРОТИВ Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатираше масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија. На 8 септември, на плоштадот Македонија, Претседателот на Референдумската комисија ги соопшти првите резултати, според кои Македонија изгласа да стане независна и суверена држава. По овој повод тогашниот Претседател - Киро Глигоров ги поздрави насобраните со следниве зборови: "Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија". Во меѓувреме и информираше и Радио Скопје: "Македонија денеска за нашето утре гласаше вака: Берово до 19 часот 95,47 насто, Битола до 17 часот 70 насто, Валандово до 15 часот 70 насто, Виница до 19 часот 93,26 насто, Гевгелија до 19 часот 87 насто, Гостивар до 19 часот 30,3 насто, Дебар до 14 часот 30 насто, Делчево до 19 часот 93,30 насто, Демир Хисар до 19 часот, 90 насто, Кичево до 17 часот 28 насто". Масовен беше одзивот и на Македонците во дијаспората, каде што гласањето беше извршено предвреме, а на повеќе места е констатирано дека сите гласачи се изјасниле позитивно. -САД, Канада и Австралија гласањето беше извршено предвреме, сите гласачи кои излегле се изјасниле позитивно, односно 100%. Берлин ЗА гласале 97 %, незажечки или против 3%. Во деновите пред Референдумот беа упатени повици до сите политички лидери и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот беше прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикаа на бојкот, тврдејќи дека Албанците се обесправен народ. Така, граѓаните од албанска националност го бојкотираа Референдумот и одбија на демократски начин да се изрази волјата на албанското малцинство во Македонија. |