|
|
Апел на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија по повод годишнина од Илинденското востание |
(2 август 1949 год.)
Со невиден хероизам востаниците го ослободија гр. Крушево и основаа, по 500 години ропство,... прва Република на Македонија. ...Прогресивниот карактер на Илинденското востание ги збрка расипаните умови на балканските големоидејати, империјалистите и шовинистите, кои со помошта на предавниците -Врховистите го задушија востанието во крв. Но, духот на Илинден остана да живее во свеста на поробениот Македонец... ...Светеше како светла парола политичкиот тестамент што ни го оставија Гоце Делчерв, Јане Сандански, Никола Карев, Ѓорче Петров, Питу Гули и др. е вкорени во свеста на поробениот македонски народ повеќе од секој пат љубовта кон слободата, зајакна неговата верба кон победата... Македонскиот народ од Егејска Македонија во својата многугодишна борба плати и плаќа голем данок во крв за извојувањето на својата слобода....” |