Среда, 13 Март 2013   
Животописот на Аристотел (II дел)

Аристотел и Платон

aristotle-plato

Има нешто заедничко и воопштено помеѓу медицината и филозофијата. Тоа не е само по местото каде што настанале, по македонските царски куќи. Ниту по луѓето од Македонија што ги создавале и збогатувале науките. Врската на с# постоечко од космосот до човекот и од материјалното до духовното, како принцип и закон, е таа dlaboka врска во филозофијата на Аристотел и медицината на Хипократ. Царската македонска династија е покровител, давајќи ги условите за работа во непрекинат долг период на севкупноста на напредокот на научноста. Се проширува државата, се проширува династичкото владеење, се проширува и македонското влијание, се овозможуваат научни откритија, напредок во с#. Многу народи што ја прифатиле македонската култура се одлучиле на присвојување, грабање, крадење и фалсификување на с# што Македонците го покажале како уникатно. Сега тешко ќе го искорениме и ќе го исчистиме македонското благородно ткиво од сите вирусни напади. Можеби е доволно само да укажеме што ни прават не со векови туку со милениуми, ама ако треба и ќе се бориме да опстанеме како Македонци.

На пример личноста на Аристотел да се подредува под Платон. Се знае дека Платон бегал од Атина, несигурен за својот живот, да делува како да не &  припаѓа на тајфата на Сократ. Се знае дека сите дела под негово име носат име на: Софист, Ѓорѓија, Федар, Федои, Протагора, Тимеј и.т.н. Штом ќе го снема филозофот настапува Атина со Платонови плагијати. Тој по делата на Питагора три пати одел на Сицилија додека не бил продаден како роб. Сократ бил негов учител, па како останал жив по убиствата и прогонот на толку Сократовци во Атина. Тој на државата &  подарил странска филозофија, дистанцирајќи од плагијатот, во божемни дијалози со филозофите. Ем ги присвоил нивните учења, ем си создал име со туѓа слава. Недораснат до Аристотеловиот ум го прогласуваат за учител и дури потоа почнува преправање на Аристотеловата филозофија. Мил ми е Платон, помила ми е вистината од таа чуена непостоечка реченица што претставува вовед во вовлекувањето на Платон во Аристотеловата логика и методологија. Никомах, татко му на Аристотел, е неговиот прв учител. Аристотел во своето дело “Никомахова етика” го искажал својот став што погрешно се парафразира. Тој гласи вака: „…Тие што ги создале идеите се мои пријатели. Секако треба да се смета поисправно, како должност, кога е во прашање да се сочува вистината, да се отфрли пријателството ако треба, а тоа пред с# важи за филозофите: затоа што и едното и другото (вистината и пријателите) ни се драгоцени, света должност ќе биде да &  се даде предност на вистината“- според М. Ѓуриќ. Во Никомаховата етика, во цитираната реченица, Аристотел не ни спомнува “идеи” – тие се додадени во заграда наместо зборовите за поимот “најопшто добро”.

Преправањето на Аристотеловите сфаќања е очигледно. Оваа реченица не се однесува на Платон ниту се спомнува тој, туку со неа се сака да се ублажи, да се смекне Аристотеловата аргументирана критика на с# што Платон застапувал. Аристотел се спротивставил на сите сфери на филозофското застапување, не само идеите кај Платон. Тоа што Аристотел во множина се обраќал кон филозофите за поимите (идеите), се однесува кон Хераклит, Анаксагора, Демокрит и другите негови филозофи, пријатели. Аристотел, таткото на логиката не правел логички грешки, туку ги исправал. Платон не му е пријател на Аристотел ни по статус, ни по диспарантно гледиште кон филозофските проблеми. Аристотел прв кажал дека делата на разните филозофи не се Платонови дела. Тоа се гледа и од таму што нема дела од Притагора, Сократ, Диоген, Антистен, Хераклит. С# е изгубено, само по некои фрагменти се сочувани што Платон не можел да ги искористи. Тоа е она што Аристотел го цитирал во систематизацијата на филозофијата. Кај Платон се зголемувале дела откако списите на повеќе филозофи се изгубувале. Се докажува дека Сократ зборувал, а Платон запишувал, како што Демостен пишувал Филипики, а Филип молчел (па не бил писмен не можел да одговари). Се гледа како се создава “грчко писмо”, или “грчка филозофија”. Аристотел, којшто живеел за филозофијата и со неа, го влечка Платона прикачен преку споредбени интерпретации низ сета современа литература. Погрешно се цитира, погрешно се толкува, погрешно се споредува Платон со Аристотела. Аристотел блеснува со својата оригиналност и разноврсност, барајќи нешто заедничко во филозофската проблематика. Платон се прикачува кон логиката, кон етиката, кон политиката на Аристотела иако нема ниеден валиден филозофски став. Аристотел ги увидел и ги превозидел сите негови недостатоци како ставот за “идеите” и “пријатели”. И ги отфрлил. И покрај тоа современиве Грци си прават филозофија од Аристотеловите школи, припишувајќи му ги на Платона, единствениот “атински филозоф”. Дали е токму така уште треба да се испита неговото потекло. Атина нема цареви, немала права да кова пари, немала лози на научници под заштита на државата. Таа, навидум демократија, во времето на Перикле се паѓа во постојани војни со Персија, Теба, Арг, Спарта.

Македонија е причината за Пелопонеските триесетгодишни војни, за Маратон, за Делфи и за Херонеја. Во сите тие случаи Атина за поразите развива тези како за победа. Немајќи свое, туѓото го присвојуваат. Атина немала вода за пиење. Аристотел кажува дека најдобро бил платен чуварот на единствениот бунар во Атина. Употребата на вода била контролирана, бројот на граѓаните исто така, прекубројните не смееле да живеат во Атина, туку во логори во Пиреј. Ете зошто толку често страдале од колера. Имале хетери, педери, кукута и насилие остварувано преку колонизација на јонските и македонските крајбрежја, до Сицилија, дополнително нарекувајќи ја “Голема Грција”.

Ако не било присутно пиратството немале што да јадат, во такви услови не можела да се развива науката и филозофијата. Што е најинтересно немале свои историчари, затоа присвојувањето се шири на многу пошироки подрачја.

Angelina_Markus

 

 

 

 

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го коментираше на фејсбук профилот откажувањето на Заев и Николовски

  Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на ...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.