Среда, 13 Март 2013   
Декларација на македонската заедница од Онтарио (Канада)

ontarioРепублика Грција мора да го признае постоењето на македонската нација во Грција

(25 март 1990 година)

“...1. Бараме од Република Грција да ги почитува и спроведува Интернационалните кодови за човековите и националните права, што грчката влада ги потпиша за Македонците под грчка окупација.

2. Во декларацијата на Обединетите Нации стои дека Република Грција потпишала и е обврзана да ја почитува и морално да ја заштитува, без порекнување, Македонската нација во Грција, да иж го овозможи правото да го употребува својот македонски јазик јавно, во училиштата, црквите, да има свој печат, радио, телевизиска програма и други културни активности.

3. Македонците во Грција да имаат право да ги задржат нивните македонски презимиња и да се вратат географските и топографските оригинални македонски имиња.

4. Македонците родени во Грција кои сега живеат надвор од нејзините граници, да имаат право да се вратат во нивните родни места и да ги посетат родителските и гробовите на нивните предци.

5. Како цивилизирано и демократско општетсво да биде хуманитарно и од тој аспект Република Грција мора да го признае постоењето на македонската нација во Грција, да ги третира како граѓани на тој дел од Македонија и да им ги врати конфискуваните имоти и земја.

6. Како ко-потписник на многу интернационални правни документи да го даде својот глас на конференцијата на Европската заедница, а според Хелсиншкиот договор и други договори Грција мора да престане со негацијата и непризнавањето на Република Македонија како единствен слободен дел на Македонците и нацијата во целина, формиран со свој сопствен јазик, култура, обичаи и историја. Македонците во Грција и другите окупирани делови се нераздвојливи и се истите луѓе како и оние од Република Македонија.

7. Желбата на Македонците е да живеат слободно во нивната сопствена Обединета Македонија со демократски права и почит за сите народи во нејзините граници и затоа Република Грција е должна да му даде автономија на Македонскиот дел кој сосила беше земен на 10 август 1913 година.

8. Грција не смее да биде наградена со организирањето на Олимписките игри во 1996 година доколку не ја смени дискриминатотрската политика кон Македонците во Грција. Таа политика е спротивна на принципите на Хелсиншиот договор и декларацијата на Обединетите Нации за човекови права и многу други договори.

9 Македонците изјавуваат дека не ги признаваат Букурешкиот и Версајскиот договор, односно ги сметаат за невалидни. Тие беа потпишани под дискриминаторски притисок на некои Балкански земји без присуство на ниту еден Македонец и против волјата на Македонците. Затоа потпишувачите на овие договори мораат да им вратат сеж што им беше одземено на Македонците, вклучувајќи ја нивната земја со цел да се повратат географските и етно-историските граници, да биде земја на Македонците, слободна и еднаква со сите други демократски народи во Европа.

10. Бараме Грција да престане со колонизацијата на македонската земја.

Искрено веруваме дека меѓу нас постои желба за перманентна вистинита и взаемна соработка и добрососедски односи, но најпрвин мораме да научиме како меѓусебно да се почитуваме и затоа ние ја подаваме нашата рака за соработка на културно и научно поле.

15 март 1990 г.

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ОД ОНТАРИО

“Нова Македонија”, год. 46,  2 април 1990 год. , стр. 4;

 

На прво место

News image

Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на Уставот.

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.