Среда, 07 Август 2013   
Барање на Задграничното претставништво

sloboda-ili-smrtМакедонската револуционерна организација, свесна за своојата сила и можности но и за сложените меѓународни односи, преку Задграничното претставништво се обратило до големите сили. Во Декларација било истакнато дека вмешувањето на големите сили е: единствено средство за да се отстрани злото и да се запре пролевањето на крвта.

 

Се побарало со согласност на големите сили, за главен управник во Македонија да се назначи христијанин, кој немало да припаѓа на турската администрација и ќе делува независно од Високата Порта. Во декларацијата било истакнато дека македонското прашање може да биде решено само доколку постои ефикасна меѓународна контрола.

Германска дипломатија

Германија во согласност со своите интереси ја советувала Отоманската империја да преземе што поскора акција за задушување на востанието и уништување на револуционерните сили за да не им се дозволи на големите сили да се вмешаат. Германскиот заменик државен секретар за надворешни работи Фон Рихтховен, пред великиот везир и османлискиот министер за надворешни работи, истакнал дека:

... брзото воспоставување на мирот во Македонија би го повратил престижот на султанот и на централната власт.

Великиот везир и османлискиот министер за надворешни работи од своја страна истакнале дека доколку власта не успее да ги смири вилаетите преку задушување на востанието, европската јавност ќе остане со убедување дека султанот не е во состојба да го одржи редот во Империјата, а дека тоа криело големи опасности за Турција. Германската империја ја охрабрувала Турција да преземе сурови мерки при задушувањето на востанието, а тоа подоцна било негирано од германскиот канцелар Фон Билов со изговор дека македонското прашање е од второстепено значење за Германија, а тоа прашање го остава за решавање на Русија и Австро-Унгарија.

Настапување на Османлиската армија

Според турските документи и извештаите на дипломатските претставници во Македонија биле распоредени редовни воени сили од III орда (баталјони), а дополнително биле распоредени и 16 баталјони редифи и 38 баталјони илаве. Освен овие сили во случај на востание, Турските власти можеле да ги искористат и воените единици од Пеќ, Ѓаковица и Призрен кои се состоеле од 44 баталјони, 15 ескадрони и 10 батерии со 33.000 пушки, 15.000 сабји и 60 топа. Според К. Битовски до 1 јуни 1903 година во Македонија имало 175 баталјони со околу 150.000 - 160.000 војска. Во случај на востание Високата Порта се плашела од поголемо користење на војската бидејќи: таа не би правела разлика и еднакво би ги гонела сите христијани, а тоа можело да ја возбуди Европа

Турските офицери и интелигенција јавно истакнувале дека на војската треба да и се дадат одврзани раце, а за жестокост во пресметка со востаниците бил и директорот на политичкото оделение во Солунскиот вилает - Хикмет-беј. Според францускиот вицеконзул Стег, кој слушнал разговор меѓу двајца турски офицери, војската требало да добие слобода за акција и во следните 100 години во Македонија да не се појави ниту една бунтовничка чета.

Во првите денови на востанието се создале слободни територии во Смилево, Крушево, Невска, Клисура, Странџа и други места. Биле направени востанички демонстрации во голем број градови и сето тоа допринело некои да тврдат дека Даме Груев и Борис Сарафов заедно со Главниот штаб: набрзо ќе ја прогласат независноста на Македонија.

Според Општиот план востанието требало да биде партизанско и да има долготраен карактер но во Битолско и во Одринско тоа добило масовен карактер. Затишјето кое настанало во текот на јули власта го разбрала како изнемоштеност на Организацијата за масовно востание и затоа во почетокот Турците биле изненадени.

Затоа во првите денови армијата била насочена кон укажување на помош на загрозените турски гарнизони во востанатите области, со доаѓањето на ноќта аскерот се повлекувал во градовите, а понекогаш палел и по некое село. Турската власт се плашела од востанички напади на поголемите градови затоа во нив биле сконцентрирани поголеми воени сили. На тој начин во првиот период од востанието иницијативата останала во рацете на Организацијата.

Неможноста од брзо задушување на востанието допринело да се појави огорченост меѓу турските воени и политички лица. Авторитетот на централната власт, посебно на султанот, биле нарушени пред поданиците на Империјата како и пред очите на големите сили.

На 10 и 11 август состојбата се изменила во корист на Империјата. Од Косово биле донесени силни осмалиски сили кои биле разместени во Македонија, особено во Битолско.

Првата задача на турската армија била да го заземе Крушево. Тоа им успева со армија од 18.000 луѓе. Дел од заштитниците на Крушево, предводени од војводата Питу Гули, загинале херојски во борбата кај Мечкин Камен, а другите востаници се повлекле во планините.

Турската војска со артилерија ги урнала утврдувањата подигнати од востаниците и со топови го бомбардирала градот. Во текот на борбите, по наредба на Штабот, околу 15.000 население го напушта градот и се крие во блиските планини. Во запалените и урнати куќи загинале 20 жени и 6 деца, бидејќи не успеале да побегнат од градот.

На незапалените куќи, на 13 август биле истакнати бели знамиња, симболизирајќи го крајот на 12-дневната Крушевска Република. Изгорени биле 159 куќи. Загинале 100 турски војници и 91 востаник.

Бидејќи генералот Омер Ружди не презел систематски дејствија за уништување на востаниците, бил сменет и на негово место бил поставен Насер паша.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.