|
|
| Заслуги на Ангел Гацо од Воденско за Грчкото востание (1821 година) |
|
Потоа преминав во источна континентална Грција со сите мои војници. Таму генералот Одисеј ми вети дека ќе им плати на моите војници. И во текот на седум месеци, кога се боревме во разни места на источна континентална Грција и најодзади во Дали, каде што ја за-губив целата своја покуќнина и коњот и исто така бев ранет, добив од генералот Одисеј за оваа служба само 2000 гроша, а целата сума излегува 7020 гроша. По тоа преминав во Трикери, каде што се здружив со Каратасо (Караташо Геро, од берско, еден од востаничките водачи, н.б.), и се борев до крај, а во една од битките го убивме Ињев паша. Потоа (се) префрлив во Скијатос, ја отфрлив непијателската флота... Дојдов во Идра. Тоа се почитувана Управо, моите заслуги и ги ставам на внимание да ги признаете...”
Н. Тодоров- В. Траиков, Б’лгари учатници в борбите за освобождението на Грција 19821-1828, БАН, Софија 1971, стр.108-109; Документи за борбата на македонскиот народ..., т. И, док. 118, стр.171-172; |
„Штом стигна до моите уши гласот од трубата на Арес и плачниот повик на прељубената татковина за заштита на нејзините права, наеднаш го презрев спокојството, богатството и славата и веднаш се вооружив против тираните и издржувајќи за целото време на војната кај Негуш каде што водев долготрајни и кравави борби до разорувањето на Негуш (по Негушкото востание 1882 година, Негуш бил разрушен од турските власти, а населението протерано, н.б.), каде што паднаа под ропство и моите сакани деца и мојата сопруга... После со 320 војници отидов на помош во западна континентална Грција, каде што се борев заедно со другите во борбите кај Камботи и Плаќа. Таму падна мојот брат и мои други роднини... Потоа се биевме во Пета. По тоа дојдов и во Пелопонез со 210 војници кога таму беше навлегол Драмалијата...
























