Среда, 21 Јули 2021   
Бугарското списание „Читалиште“ печатено во Цариград од 1870 до 1875 година

citaliste

Еве што може да се најде во бугарското списание „Читалиште“ печатено во Цариград од 1870 до 1875 година.

Во списанието издадено на 1 октомври 1871 година, е напишан еден обемен текст за словенството на Балканот, па на страница 6 се наоѓа следново размислување:

„Да преминеме сега кон Македонците и Илирите, кои Хелените ги нарекувале варвари, затоа што не биле Хелени. Старите Македонци (нели се исто со Илирите?) ако ги прифатиме за Славјани, станува извесно дека се појавуваат од 4 век пред раѓањето Христово, со политичка самостојност, под владение на цареви од Филипово потекло (колено), или Македонската Империја на Александар Велики.

Нам ни се чини, дека по тоа прашање, дали старите Македонци се Грци или Славјани, го решил јасно Поливиј, кој живеел во 2-ри век до раѓањето Христово, и следователно заслужува да му веруваме, кога кажува дека многу порано од него, на тие места живееле Славјани самостојно (организирано). Во составот на Македонската Империја влегувале сите тогаш познати земји од Јужна Европа, половина Азија и северојужна Африка. Александар Велики бил господар на цело Средоземно Море(1).

По смртта на Александар, македонските благородници владееле со мали царства во Европа, Азија и Африка.

После смртта на Александар зафаќа Грчко-Македонската епоха, додека покасно се јавува Славјано-Византискиот период со славјански цареви (од потекло Јустинијаново, Василиј Македонски, Комнен и др.)

Славјанските, на Славјано-Византискиот престол цареви, се важни за нас, само во поглед на правото и верата. Во Славјано-Византискиот период, славјанските општини во таа империја, се управувале и живееле со внатрешно совршенство и самостојност, дури и тогаш, кога биле римски провинции, не биле попречувани да си ги управуваат самостојно внатрешните работи.

До Јустинијановото време и по него, славјанските племиња ја населувале Тракија, Илирија, бреговите на Јадранско, Егејско и Црно Море и Македонија (од каде е Јустинијан, Василиј Македонецот и други)“

(1) Под „целото Средоземно Море“ авторот сака да каже дека Македонската Империја го зафаќа целиот тогашен брег на Средноземното Море, кој е дел од цивилизираниот и општопознат свет.

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.