|
|
| СДС мислеше дека со медиумски манипулации и купување време ќе ја избрише меморијата на народот |
|
Свекрва Луѓето не се бројки во партиски калкулации, Тие се живи сведоци на ветувања, предавства и лаги. СДС мислеше дека со медиумски манипулации и купување време ќе ја избрише меморијата на народот. Но се излажаа, народот не заборава. Се паметат Преспанскиот договор и промената на името без согласност од народот. Се паметат бришењето на македонскиот идентитет од учебниците. Се памети коалицијата со ДУИ, која стана симбол на политичка корупција и уцени. Се памети како државата беше претворена во приватен бизнис на неколкумина од раководствата на СДС и ДУИ, додека младите масовно се иселуваа. Се паметат промените на знамето и Уставот, понижувањата пред соседите, непринципиелните коалиции и предавствата на националните интереси. Се паметат нереализираните ветувања за подобар живот, за економски раст и за праведно општество. Наместо тоа, граѓаните добија иселување на младите, раст на сиромаштијата и криминални скандали без одговорност. Се паметат нереализираните ветувања – дека ќе донесат 500 евра просечна плата, дека ќе изградат инфраструктура, дека ќе има праведно судство. Наместо тоа, имавме криминални тендери, продажба на државни интереси и ароганција без преседан. Претстојните локални избори нема да бидат обична политичка трка, тие ќе бидат пресуда. Во секое маало, секое село и секој град, луѓето ќе се сетат на лагите и понижувањата. Ќе гласаат со сеќавање во срцето и гнев во раката. Секој глас ќе биде порака дека Македонија заслужува чесни и одговорни лидери. Затоа, сите на 19 октомври и 2 ноември да излеземе масовно, да ја кажеме својата волја и да ја вратиме честa на државата. Луѓето не забораваат –а оваа есен, СДС ќе го види тоа на дело. Луѓето не забораваат а оваа есен, СДС ќе го види тоа на дело! |















