Среда, 19 Октомври 2011   
Прекинатиот попис отвора многу прашања

svekrva
Свекрва

Собранието на Република Македонија со парламентарното мнозинство го донесе Законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка. Законот го поддржаа и мнозинството пратеници од етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

За цело време на парламентарната расправа опозицијата бараше одговорност за прекинувањето на оваа најобемна статистичка операција, која  започна на 1 октомври и беше прекината откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис. Посочувајќи го виновникот во актуелната власт, опозицијата како да несака да ги побара вистинските причини за тоа што се случува иако во текот на една деценија имаме еден пропаднат и еден фалсификуван попис.

Зошто некој од нив не се запраша зошто се дозволи фалсификат во 2002 и на кого му пречи да се преброиме? Очигледно е дека во земјата постојат сили кои не ја сакаат вистинската бројка и манипулираат со проценти кои се далеку од реалноста.

Според податоците на последниот попис од 2002 година во Македонија има вкупно 2.022.547 жители, од кои Македонци  1.297.981 или 64,18 %, Албанци 509.083 или 25,17 %, Турци 77,959 или 3, 85%, Роми 53.879 или 2,66 %, Срби 35.939 или 1,78 %, Бошњаци 17.018 или 0.84%, Власи 9.695 или 0,48%  и Останати 20.993 или 1.04%.

Токму овие бројки предизвикуваат сомнеж за реалната бројка на одредени етнички заедници. Доколку се направи анализа на претходните пописи одржани во Македонија ќе се видат многу интересни параметри и нелогичности.

По Втората светска војна со првиот попис на населението, спроведен на 15 март 1948 година, за првпат на територијата на НР Македонија им беше овозможено да се декларираат како припадници на својот народ и на својата народност. Такво право граѓаните на Македонија имаа и во сите други пописи кои беа спроведени во 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година.

Од наведените податоци, порастот на македонскиот народ и етничките заедници во Македонија не бил еднаков, односно нивното учество од попис до попис прилично варира.

На пописот во 1948 година како Македонци се изјасниле 68,49% што е повеќе од две третини од вкупното население на Републиката. Меѓутоа, во 1953 година нивното учество опаѓа на помалку од две третини или 65, 98%, што е резултат на декларирањето како Турци на значителен број на Македонци-муслимани, кои во 1948 година се регистрирани како Македонци. Во 1961 година учеството на Македонците во вкупното население на Републиката расте значително над двс третини(71,19%), што е резултат на масовното иселување на Турците во период меѓу двата пописа 1953-1961 година. Во 1971 година учеството на македонскохо население опаѓа за 1,8 %, а во 1981 за нови уште 2,3, што е пред се резултат на натпросечното намалување на неговиот природен прираст во периодот 1961 - 1981 година, а делумно и од декларирањето како Муслимани во смисла на народност во 1981 на значителен број на Македонците-муслимани, кои во 1971 година беа регистрирани како Македонци.

На пописот во 1948 година вкупната бројка на Албанци изнедува 197.389 или 17.12% од вкупното население, што е нереално високо, бидејќи неколку десетини илјади Турци, Македонци-муслимани, па и Роми, се регистрирани како Албанци. На пример со пописот на населението во 1948 година во околијата Гостивар биле регистрирани  само 117 Турци, а во  1981 година, по масовното иселување Турците од Македонија, биле регистрирани 10.994 Турци или 94 пати повеќе. Тоа значи дека тогашниот реален број на Албанците не бил 197.389, туку веројатно неколку десетини илјади помалку.

Во пописот од 1953 година учеството на албансиото население во вкупното население на Републиката опаѓа на 12,46%, од една страна поради тоа што неколку дссетини илјади Турци, Македонци-муслимани и Роми, кои во 1948 тодина се регистрирале како Албанци, сега се прикажалс како Турци, а од друга страна и повеќе илјади Албанци, кои биле заинтересирани за иселување во Турција се декларирале како Турци. Во 1961 година учеството на албанското во вкупното население на Републиката незначително нараснало, на 13,02%, што значи и при овој попис неколку илјади Албанци се декларирале како Турци.

Во 1971 година учеството на албанското население во вкупното население на Републиката рапидно расте, речиси за 4.00%,  а во 1981 за уште нови 2,8 %, и изнесува 19,76%.  Порастот на албанското население во периодот 1961 - 1981 година настанува заради тоа што во последните два пописа како Албанци се декларираа оние лица што во 1961 година се декларирале како Турци, потоа заради високиот натпросечен наталитет, како и заради механички прилив на Албанци од Косово и од јужна Србија, кои работа наоѓаат во изградените големи индустриски капацитети на подрачјето на Скопје, Тетово и Куманово.

Во 1991 година,  десет години по пописот од 1981 година бројот на Албанците се зголемува од 377.208 на 429.600 или околу 50.000 лица. По само три години, на пописот 1994 година,  нивниот број се зголемува за скоро истата бројка или 55.000 лица. Со овој попис, веќе Албанците бројат 484.228 или 23%. Со последниот пипис од 2002 година, како Албанци се изјаснуваат 509.083 лица или 25,17 %.

Ваквиот рапиден пораст на албанската популација во Македонија за многу експерти не е можна, иако  нивните преставници се обидуваат да го абјаснат сето ова со напросечниот наталитет во нивната заедница. Меѓутоа од горе приложеното се гледа дека најчесто тука станува збор за асимилација на Македонци и Роми со исламска вероисповед, потоа менување на народност од корист (вработување, школување, разни надоместоци и други погодности), вешта манипулација со пописните листи и упис на лица кои имаат повеќе адреси на живеее (околни земји) и вештачки прилив.

Но со зајакнување на другите етнички заедници во Македонија и отворените можности преку квотите да се дојде до  поголеми бенефиции, се повеќе Роми, Македонци муслимани и Турци се изјаснуваат според својата етничка припадност, со што се намалува процентот на албанската етничка заедница во Македонија. Со намалениот наталитет и зголемената економска миграција, нормална е загриженоста на Албанците во Македонија за процентите и стекнатите позиции. Нивната нервозна реакција се покажа уште во пролета кога нивните политички преставници бараа пописот да се одржи во лето кога се одморите и кога се враќаат Албанците кои се на работа во странство.  Ним не им се допадна ниту законот кој при пописот на населението бара оргинал документи и кој забранува да се попишат лица кои повеќе од една година отсуствуваа од земјата. Обидот поинаку да се толкуваат и да се заобиколат овие законски решенија од страна на албанската заедница беа и причина за оставка на Државната пописната комисија. Е токму тука опозицијата треба да ја бара одговорноста за прекин на пописот.

Прекинатиот попис отвора многу прашања како што се: која е вистинската бројка на Македонците и етничките заедници, како да се спроведе пописот а да не се загрозат меѓуетничките односи и кои се вистинските димензии на фалсификувањето на пописните резултати во претходните пописи а кои имаа одлучувачка улога во креирањето на судбината на земјата. Тоа ќе бидат клучни теми во иднина.
 

На прво место

News image

Душан Стојановиќ, светски признат инвеститор и „бизнис ангел“ чиј корен длабоко е врежан во с. Зубовце-Гостиварско

Зубовце имаше чест и гордост да пречека еден од своите најуспешни потомци – Душан Стојановиќ, свет...

Историја

News image

АНДОН ЌОСЕТО МУ ЈА ПРАЌА ТЕЛЕГРАМА ДО ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ

  ТЕЛЕГРАМА ОД 09-06-1948 ГОДИНА АНДОН ЌОСЕТО ОД ГОРНА ЏУМАЈА ДЕНЕШЕН ...

Култура и туризам

News image

АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ – ЧЕТВРТИОТ ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА – ДЕЛ I (1)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА ДУХОВНО ПОЛЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. МИХАИЛ

Фељтон

News image

ПЕТАР БОЖАНИН – БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКА ВИСТИНА ВО АВСТРАЛИЈА

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.