Александар Стеванов
Во речиси еден век старата книга “Луѓе од сите нации” редактирана од Хамертон, со најпофални зборови е опишана раскошноста и разновидноста на македонските народни носии од тоа време:
“...Малубројното македонско население е познато по разновидноста на женската мода и по раскошноста во боите.” Но сепак, убавината на овие носии не може да се опише со зборови. Таа треба да се види. Денес голем дел од овие прекрасни македонски народни носии со непроценлива културна вредност се жртва на забот на времето и не се достапни за поширок круг на луѓе. Но со помош на Интернетот и технологијата тоа може за миг да се смени. Ексклузивно ви претставуваме шест слики со вкупно дванаесет различни македонски народни носии, насликани од хрватскиот академски сликар Владимир Кирин и објавени во 1955 година.
1 Женски македонски народни носии од Скопска Црна Гора, Блатија, во близина на Скопје 2, 3 Женски македонски народни носии од Куманово и Тетово
4 Машка и женска македонска народна носија од Галичник 5, 6 Женски македонски народни носии од мариовско и од Смилево
7 Машка и женска македонска народна носија од Кочани 8, 9 Женски македонски народни носии од Крушево и Прилеп
|