|
||||
Свети великомаченик Мина Чудотворец |
Според календарот на МПЦДенеска е Св. великомаченик МиноСвети Мино беше по род Египјанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина. На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата. Свети Мино особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи. Како војник качен на бел коњ им помагал на тие што биле во неволјаСветиот великомаченик Мина настрадал зашто ги разобличувал идилопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење.Роден во Мисир, египетскиот војник Мино живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон на христијаните. Бил офицер во царската војска но ја напуштил службата и заминал во пустина зашто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници. Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник Мино влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење. Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, струган со железни четки, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребат. Но тие сепак спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име. Свети Мино настрадал околу 304 година. Правел чуда и за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја. |