Коментари

Филипче како заглавена грамофонска плоча: Уставни измени, уставни измени, уставни измени…

Свекрва

Младите генерации можеби никогаш не виделе грамофон, ниту слушале музика од винил плочи. Денес постојат интернет, Јутјуб, стриминг-платформи и милиони содржини достапни со еден клик.

Но, во минатото грамофонската плоча беше главниот носач на звук. Кога иглата ќе се заглавеше во некој жлеб, истите неколку зборови или истиот музички тон се повторуваа бесконечно, сè додека некој не го потчукнеше грамофонот за плочата повторно да продолжи понатаму.

Токму таква слика денес остава Венко Филипче во македонската јавност. Со месеци наназад, без оглед на темата, околностите или политичкиот момент, од него се слуша речиси една иста порака: уставни измени, уставни измени, уставни измени. Како грамофонска плоча заглавена во еден жлеб од кој не може да излезе.

Наместо да зборува за националните позиции на Македонија, за европски гаранции, за реципроцитет и за заштита на македонскиот идентитет и јазик, Филипче упорно настапува како најгласен застапник на политиките што доаѓаат од Софија. Понекогаш човек добива впечаток дека повеќе е загрижен за исполнување на бугарските услови отколку за одбрана на македонските интереси.

Ако некој се прашува како Софија успева толку лесно да ја наметнува својата агенда кон Македонија, одговорот можеби не треба да го бара ниту во бугарското Министерство за надворешни работи, ниту во европските институции. Доволно е да ги следи настапите на Венко Филипче.

Особено загрижува што од неговите изјави речиси никогаш не може да се слушне што Македонија ќе добие за возврат. Нема јасни гаранции дека ова ќе биде последното барање. Нема одговор што ќе се случи ако по уставните измени следуваат нови условувања. Нема план како да се заштитат македонските национални позиции во иднина.

Историјата покажа дека секое попуштање без цврсти гаранции отвора простор за нови барања. Прво беше знамето. Потоа името. Потоа договорите. Потоа ветото. Денес се уставните измени. А утре што?

Македонската јавност веќе ја слушн оваа расипана плоча безброј пати. Останува да се види дали во СДС има барем еден јунак што ќе го потчукне грамофонот-Филипче и ќе му објасни дека политиката не е повторување на една реченица, туку борба за националните интереси на Македонија.

До тогаш, плочата ќе продолжи да се врти со иглата во истиот жлеб: уставни измени, уставни измени, уставни измени,…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Кој да го сопне Мицкоски

Пирамидата на македонското национално чувство! Кој и како може да го сопне ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кога пред сé со духовната, а бога ми и со телесната градба, ако сакате, стои гордо исправен напред пред својот народ. Го крчи и трасира патот за кој што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД одамна се беше определил, за сега конечно благодарение на лидерот […]

Дали гробот на Александар Македонски не е откриен затоа што се наоѓа во Македонија?

Поминаа повеќе од два милениума од смртта на Александар Македонски, но едно прашање и понатаму останува без конечен одговор: каде се наоѓа неговиот гроб? Низ вековите се појавиле бројни теории и претпоставки. Некои истражувачи сметаат дека неговите посмртни останки биле положени во Александрија во Египет, други ги насочуваат истражувањата кон различни локации на Блискиот Исток, […]

Сè додека правосудството молчи, „Радио Милева“ најгласно зборува

Фактите сè уште се утврдуваат, но „Радио Милева“ веќе емитува најгласно. Венко Филипче повторно ја пушти во употреба старата тактика на СДС: сите се виновни, само тој и неговата партија се „цвеќе за мирисање“. Уште пред надлежните институции да ги завршат контролите, анализите и истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, Филипче и СДС веќе […]

Таму каде што има Бугари, ги нема во устав ниту како услов од ЕУ

Ова интернетов, значи, убива по поим и едноставно партали прави. Пред неколку недели излезе една убава шарена табличка со тоа што се кажува точно и каде колку Бугари има во комшилукот и малку пошироко. Ете, да ти имало: Романија: 5.975, заокружено околу 6.000; Албанија: 7.057; Србија: 12.918; Молдавија со Приднестровје: 79.520; Украина: 204.574; Македонија: 3.504, […]

Ацо Македон Крстески: Кога вистината ја изговори бугарски дипломат

Понекогаш една искрена реченица од другата страна вреди повеќе од години дипломатски молк. Понекогаш најголемите вистини не ги изговараат нашите пријатели. Ги изговараат оние што стојат од другата страна. Со години Македонија верува дека нејзината европска иднина зависи од исполнувањето на условите на Бугарија. Прво беше Договорот за добрососедство. Потоа протоколите. Потоа францускиот предлог. Потоа […]

Четиринаесет пресуди од Стразбур, а Софија и натаму ги замолчува Македонците

Бугарија не почитува 14 пресуди, Европа молчи, а полна уста ѝ е со Бугарите во македонскиот Устав – двојни стандарди на дело Европскиот суд за човекови права досега донел 14 конечни пресуди поврзани со правото на Македонците во Бугарија слободно да се здружуваат, да организираат мирни собири и јавно да ги застапуваат своите права. Шест […]

Уставните измени за влез на бугарите во уставот– последно барање или почеток на нови бугарски условувања?

Ајде реално да ги објасниме работите за влегувања на бугарите во уставот– без политичко и партиско навивање Внесувањето на Бугарите во Уставот е последниот непосреден услов за отворање на првиот кластер, но не е последната обврска поврзана со Бугарија. Затоа тврдењето на Венко Филипче дека со уставните измени завршуваат сите бугарски барања не е поткрепено […]

Ако правата на Бугарите во Македонија се европска вредност, тогаш и правата на Македонците во Бугарија мора да бидат европска вредност

Европските вредности не можат да важат само во една насока. Ако од Македонија се бара да ги внесе Бугарите во Уставот во име на човековите и малцинските права, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето: зошто истите права не важат и за Македонците во Бугарија? Во Македонија секој граѓанин може слободно да се изјаснува како Бугарин, […]

Најнови вести

To top