На прво место

Илија Димовски: Почитуван маестро Christo Christov

Ви се обраќам со чувство на длабока одговорност, со искрено пријателство, поддаена рака, но пред сè со огромна почит и кон Вашите години и кон Вашите уметнички достигнувања како диригент кој цел живот го скротува звучниот хаос во хармонија.

Но, најмногу од сè, се обраќам кон Вас како кон внук на великанот Гоце Делчев, човекот кој е е вграден во самиот корен на нашиот непокор и симбол на нашата заедничка историска мака.

Ве изгледав со големо внимание во емисијата во која гостувавте. Бев допрен од Вашата благородна желба за убав збор и силната порака на мир што ја испративте кон нас во Македонија. Вашиот настап беше прекрасен, бидејќи во него видов човек со достоинство, образование и фамилијарна приказна која ја носи тежината на целиот наш народ. Избегнувавте конфликтни зборови и конфликтни позиции. Баравте збор на заедништво. Подававте рака. Подавам и јас.

Морам да бидам искрен, како што му прилега на истородник и пријател. Кога во моите преписки споменав дека Вашата приказна „не ни е целосно симпатична“, тоа не беше насочено против Вас лично или против на Вас рамните наши собраќа Македонци низ Бугарија.

Тоа е крик на болка поради невидливите ѕидови што се изградени помеѓу нас.

Денес, од оваа перспектива, Македонецот тешко наоѓа разбирање за Македонецот кој се чуствува за Бугарин, а кој потекнува од Македонија, но мора да признаеме, и обратно, и вие тешко наоѓате разбирање за нас овде, чии фамилии останале да живеат, се борат и страдаат во Македонија. Тоа е тажната судбина на Македонците, да се гледаме преку бариери што ги поставија други. Бариерите ги поставија црквите, договорите, границите, државите, пропагандите и непријателите.

Овие денови гледам фестивал на млади во Солун, ја пеат песната за Стамена. Пред некој месец гледав настап на врвен ансамбл од пиринска Македонија, ја пее комитската воденска песна Ветер да подујне. Нашите Танец, овде во Скопје, секој свој настап го шараат со пирински песни, оние машките комитски, а и лерински ора, тенки, милозвучни до плач.

Тоа е едно, почитуван мој пријател Христов. И ние овде, и вие таму, и оние наши браќа во Грција, се радуваме како мали деца на сите овие песни. Тие се и мои, и ваши и на нашите долу, кои дел, исто, се чуствуваат пак за Грци.

Болка е денес на наш човек овде да му кажуваш дека е Бугарин или Грк, исто како што е огромна болка на наш човек таму, каков што сте Вие, да му кажеш дека не е Бугарин. Друго сте учеле, во поинаков систем сте живееле, сте растеле и сте се радувале со други вистини. Вие со Вашите, ние со нашите. Верувајте, и нашите се од дедовците и прадедовците.

Но, државите, неправдите и историските поделби само нè направиле да изгледаме различни на површината. Под сето тоа, јас и Вие сме од едно исто стебло.

Вистината е сурова: денес повеќе Македонци живеат надвор од границите на денешната македонска држава, отколку во неа. Нè има низ целата дијаспора, но најмногу нè има во Бугарија и Грција, во Албанија и Косово. Без разлика како нè поделиле државите, црквите и верите, јас не можам и не смеам да се откажам од Вас. Ве сметам за свој, за близок и за пријател. Сите граѓани на Бугарија кои влечат корени од оваа маченичка земја Македонија ги сметам за свои.

Вашиот лик е персонификација на проблемот што го имаме денес, но и на патот кон неговото решение.

Додека политиката создава раздор, Вашиот убав збор нуди надеж. Јас Ви подавам рака. Да мислиме на доброто и да правиме добро, затоа што крвта не е вода, а историјата, иако често сурова, не може да ја избрише нашата суштинска поврзаност. Старите рекле, кај текла вода, пак ќе тече. Јас не се откажува од Вас.

Ве сметам за свој истородник и вистински пријател. Нека овој допис биде мост над сите бездни што нè разделуваат. Вие покажавте дека сакате да имате пријатели помеѓу нас. Јас Ви велам, сакам да имам пријатели помеѓу вас.

За крај, дозволете ми да ги споделам стиховите на големиот Пеју Јаворов, кој гореше за Македонија а посветено на Вашиот славен дедо.

„Ден денувам – к’тишта потајни,

ноќ ноќувам – п’тишта незнајни.

Нeмам тато, ниту мама –

тато да ругае, мама да ридае…

Леле моја ти Пирин планино,

море црно цариградско вино.

С’ враг врагувам – мера според мера,

с’ благ благувам – вера зарад вера.

Немам братец, ни сестрица –

братец да ме фали, а сестра да жали…

Леле моја сабја халосија,

море љута одринска ракија.

Бог богува – нека си богува,

цар царува – века ли царува?

Немам либе, прва љубов,

мене да очек’ва и да ме оплак’ва…

Леле моја пушка огнебојка,

море тенка солунска девојка.“

Со длабока почит и искрени желби за здравје,

Илија Димовски

Најново од: На прво место

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа – за подобра, поразвиена и успешна Брвеница! ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Од партијата очекуваат обединување и широка поддршка за кандидатурата, со порака дека Брвеница заслужува чесно, одговорно и посветено раководење. На редовна седница на Извршниот комитет на […]

Има ли крај на седумгодишното недомаќинско работење на владата на СДС и ДУИ?

Извештајот на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8 повторно го отвора прашањето: колкава е сметката што Македонија ја плаќа за пропустите, доцнењата, неправилностите и недомаќинското управување со јавните пари во седумгодишното владеење на СДС и ДУИ? Пратеникот Бојан Велјановски посочи дека Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот […]

Македонски историски календар: 11 септември

1903 – Борба на македонските востаници на планината Плавица На 11 септември 1903 година, во времето на Илинденското востание, на планината Плавица во Кратовско се водела жестока еднодневна борба меѓу здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата и бројната османлиска војска. Македонските револуционери, иако послабо вооружени и многубројно надминати, храбро ги бранеле […]

Се потврди дека нема незаконитост во прославата: Филипче и СДС да се извинат за лагите

По објавувањето на информациите за организацијата и финансирањето на прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија, не беа презентирани докази за незаконско постапување. Наместо сензации и политички конструкции, јавноста доби конкретни податоци. СДС и нивниот претседател Венко Филипче со денови се обидуваа да создадат сомнеж околу прославата на 35 години од независноста на Македонија. Се […]

Потресни сведоштва за теророт врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија

Книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ од Оскар Давичо открива сведоштва за прогоните, злосторствата и масакрите извршени врз Македонците за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година Пишува: Трајче Димков На одбележувањето на Денот на независноста на Македонија и годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, во Штип беше промовирано најновото […]

Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари

Премиерот Христијан Мицкоски откри колку средства од државниот буџет биле потрошени за едномесечната програма по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Од настапот на Стив Аоки, преку музичките програми и настапите во повеќе градови низ земјата, па сè до завршниот концерт на Дејвид Гета во Скопје – Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за […]

To top