Актуелно
Четврток, 16 Ноември 2017 21:13    PDF Печати Е-пошта
новото име нема да го содржи зборот Македонија

Грчки медиуми: Крштевка за ФИРОМ, новото име нема да го содржи зборот Македонија

alt

На преговарачите за името на Република Македонија, Адамантиос Василакис од грчка страна и Васко Наумовски од македонска, наскоро ќе им биде преставен нов предлог. Метју Нимиц наместо на 20 или 21 ноември, предлогот ќе го претстави на почетокот на декмври.

Предлогот, без да се знаат сите податоци, „ќе биде прифатен од Владата на СИРИЗА за да го затвори ова прашање и да ја воведе државата во НАТО“!

Со „Крштевка за ФИРОМ“ во насловот, грчки медиум го анализира сегашниот „напредок“ во односите меѓу Атина и Скопје како пресвртен во затворањето на проблемот со името на северниот сосед во потесен и поширок контекст. Па така, во анализата се вели дека тимот за националнна безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп ќе им дал нов импулс на напорите за затворање на отворените прашања на Балканот, а Скопје е важен дел од оваа загатка, па членството во НАТО е од клучно значење за Вашингтон.

Поради ова, во последно време се зборува многу за прашањето за името, а се нагаѓа дека новото име ќе биде „Централна Балканска Република“.

„По победата на Зоран Заев, Грција покажува ‘добра волја’ и ова се толкува како можност за наоѓање решение во Њујорк по секоја цена, бидејќи она што е важно е – курсот на ФИРОМ … кон Евроатлантската унија“.

Вицепремиерот на Скопје, Кочо Анѓушев, зборувајќи на универзитетот „Џонс Хопкинс“ деновиве отворено повика на американска интервенција за решавање на ова прашање.

Добро е познато и јасно дека Вашингтон би сакал на следниот самит на НАТО да ја вклучи и БЈРМ во составот на Алијансата по секоја цена.

Проблемот со името се „дебатира“ повеќе од дваесет години, а САД дефинитивно сакаат да го завршат спорот овде и сега, бидејќи рускиот фактор демне со своите планови со помош на Груевски и оној за балканскиот панславизам.

Другиот фактор е енергијата, бидејќи многу гасоводи минуваат низ Грција и БЈРМ, додека „опасните“ „Посејдон“ и „Турски поток“ мора да бидат „уништени“ во нивниот зародок.

Посветеност на новата влада на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во врска со интерконекцијата на системите за природен гас на Грција и на ПЈРМ изрази Митко Андреевски, советник за енергија на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, на состанокот со претседателот и извршен директор на ДЕСФА, Сотирис Ника, кој се одржа завчера во Скопје.

Поради овие проекти кои вклучуваат „многу пари“, се сака да се стави крај на прашањето за името, притискајќи ги Атина и Скопје да најдат заедничко решение.

Инаку, дека 2018-та година е златен прозорец на можности за решавање на спорот со Грција, смета вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, тој вели дека наредната година мора да се дојде до решение на тридеценискиот спор кој ја кочи Македонија на евроинтегративниот пат. 2019-та е веќе доцна, смета Османи бидејќи тоа е година на избори, во Европа, Грција но и Македонија.

-Засновајќи се на претходно искуство никој не може да гарантира дека решение ќе има, меѓутоа ние сме оптимисти и работиме да има решение. Сметаме дека околностите се такви односот кон сериозноста на проблемот на двете држави е таков, да има предуслови да се реши ова прашање. Го чекаме предлогот на господинот Нимиц, за да можеме суштински да разговараме и да најдеме решение. Мое лично убедување е дека мораме да ја искористиме 2018-та инаку влегуваме во маѓепсан круг на латентно рециклирање на кризите кои ги имаме во последните 25 години, изјави Османи.

 
Четврток, 16 Ноември 2017 00:56    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ЗАКОН ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ!

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 
Среда, 15 Ноември 2017 08:58    PDF Печати Е-пошта
ФРАНЦИЈА НЕ ГИ ЗАБОРАВИ МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ ЕДНА НЕПРАВДА ИСПРАВЕНА

francija4-180За прв пат, по повеќе од 100 години,  одбележуваме историски настан. Навистина Франција не ги заборави македонските херои на Кајмакчалан. Оваа историска неправда е секуларна. За прв пат имињата на 33 македонски борци се врежани на комеморативната плоча во градот Коломбел во Нормандија овој 11-ти  ноември 2017.

Повеќе...
 
Недела, 12 Ноември 2017 18:50    PDF Печати Е-пошта
Груевски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува да биде

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува да биде

alt
Повеќе...
 
Сабота, 11 Ноември 2017 01:18    PDF Печати Е-пошта
Реакција на ОМД за иницијативата Жан Моне

2

Реакција на ОМД за иницијативата Жан Моне

Повеќе...
 
Сабота, 11 Ноември 2017 01:05    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ БРИСЕЛСКА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 
Сабота, 11 Ноември 2017 00:39    PDF Печати Е-пошта
Нема да дозволиме „Пржино 3“, за името немаме намера да разговараме!

Нема да дозволиме „Пржино 3“, за името немаме намера да разговараме!

alt

Повеќе...
 
Петок, 10 Ноември 2017 23:45    PDF Печати Е-пошта
НЕДОСЕТОЈНИ СЕ ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО ПЕТРОВЕЦ ПО БАРАЊЕ НА АТИНА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

14

Повеќе...
 
Среда, 08 Ноември 2017 04:25    PDF Печати Е-пошта
Републиканската партија ја остави Македонија на цедило

bilNikolov-180Од непознати причини, политиката на Сорос, Хилари и Обама се' уште е на сила во Македонија (ќе ја наречеме оваа политика „СХО“, бидејќи Американците се чини дека сакаат акроними), а Републиканската партија не сака да стори ништо во врска со тоа. Добро, почнаа да се занимаваат со тоа, со тоа што започнаа истрага во Конгресот за мешањето на СХО во Македонија, но изгледа дека вниманието им го одвлече некоја верверичка или Трамп.

Повеќе...
 
Среда, 08 Ноември 2017 04:20    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот јазик има своја историја, го сакал тоа некој или не!

labroska-180Универзитетската професорка, д-р Веселинка Лаброска, испрати реакција на изјавата на Мирослав Грчев по повод неговите негирања за македонскиот јазик и историја. Таа му предочува историски факти, но испраќа и пораки до целиот македонски народ.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.