Актуелно
Среда, 08 Ноември 2017 00:28    PDF Печати Е-пошта
Мора отворено да разговараме за тероризмот и радикалниот екстремизам

Бејли: Мора отворено да разговараме за тероризмот и радикалниот екстремизам


alt
... „ Разговорите околу тоа зошто повеќе од 150 македонски државјани се приклучија на ИСИС во Сирија и Ирак треба да се нормализираат, како што се отвора дискусија и дебата за тоа што да се прави со оние кои се враќаат во Македонија. Нема да има решенија сè додека не можат сите да зборуваат за проблемот на чесен, непристрасен и директен начин. Отворен дијалог, врз основа на доверба и почит, за да се идентификува како можеме да работиме заедно подобро да пронајдеме вистински решенија за овој проблем“, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли, на конфренецијата „Странски терористички борци, промовирање, превенција и отпорност”, во организација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и американската амбасада.

Амбасадорот истакна дека Македонија е стратешки партнер на САД и сигурен партнер во борбата против тероризмот и ширењето на насилниот екстремизам.

„За да се блокираат терористите и ширењето на насилниот екстремизам треба пристап од целото владино тело. Всушност, треба пристап на целото општество. Не може само МВР да ги брка „лошите момци“, треба да постои институционална соработка помеѓу министерствата и актерите на граѓанското општество, вклучувајќи ги и невладините организации, верските групи, медиумите и лидерите на заедницата“, додаде Бејли.

Американскиот амбасадор смета дека најголема предност во Македонија е што секој со секого се познава и затоа се знае што се случува во вашите заедници.

„Борбата против тероризмот е борба против непознатото. Македонија е мала држава. Затоа е полесно да се открие што се случува околу вас.Но треба да ја надминеме неподготвеноста да зборуваме за радикализација. Ние треба да бидеме искрени“, заклучи Бејли.

На конференцијата се обрати и премиерот Зоран Заев кој смета радикализација и учеството во терористичките организации е проблем на сите земји од Западниот Балкан и претставува закана за безбедноста на регионот.

Тој потенцираше дека тероризмот нема националност и религија.

„Ако е така, тогаш и борбата против насилничките закани против човештвото немаат националност и религија, и во справувањето со нив мораме да бидеме единствени и заедно“, рече Заев.

Премиерот смета дека Македонија и останатите држави ворегионот континуирано се изложени на закани и ризици од тероризмот и насилниот екстремизам, со сите нивни појавни форми.

„Имајќи ја предвид сложеноста на радикализацијата и насилниот екстремизам, кои водат кон тероризам, овие феномени се во врвните безбедносни приоритети на нашата земја“, додаде Заев.

Едно од решенијата, според Заев, е соработка меѓу државите на сите нивоа а како основа ја наведе регионалната платформа за борба против насилниот ектремизам и појавата на странски борци.

logo

 
Сабота, 04 Ноември 2017 20:35    PDF Печати Е-пошта
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ

23316110 1674457149295484 614530829 nАЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ И НИКОЈ НЕМА ПРАВО ЗАРАДИ ПОЛИТИЧКИ КОНЦЕСИИ КОН ДРУГИ И ТУЃИ ДА СЕ ОТКАЖУВА ОД ТОЈ ДЕЛ НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!

Повеќе...
 
Четврток, 02 Ноември 2017 20:46    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКАTA ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ СРЕТНА СО КРАЛОТ И КРАЛИЦАТА НА ХУНЗА

23226916 1671928149548384 1672884363 nСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНСКАTA ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ СРЕТНА СО КРАЛОТ И КРАЛИЦАТА НА ХУНЗА

Повеќе...
 
Четврток, 02 Ноември 2017 18:14    PDF Печати Е-пошта
ВО ОТАВА ФОРМИРАНА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

23192573 1671842942890238 1298667550 nСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ВО ОТАВА ФОРМИРАНА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

Повеќе...
 
Среда, 01 Ноември 2017 12:34    PDF Печати Е-пошта
Мијачки дејци од поново време

gjurcin-kokaleski-180Во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), авторот Георги Трајчев освен за македонските преродбеници архимандритите Анатолиј (? – 1840) и Партенија Зографски (1818 -1876) ги споменува и другите Мијаци, дејци од поново време како што се: Томо ќаја, Тодор Томов, Серџо од Тресонче, Исаија Дељов од Росоки, Аврам Божинов и Филип од Осој, Хаџи Василко од Галичник, Јован од Битуше, Ѓурчин од Лазарополе и др. Посебно ги потенцира истакнатите македонски дејци, Мијаците Исаија Радев Мажевски (1852-1926) и Ѓорѓија Пулевски (1817/1838 – 1893/1895) кои ја истакнуваат македонската посебност.

Повеќе...
 
Среда, 25 Октомври 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Ние остануваме само Македонци

makedonska-nacija-180Во разговор за македонското прашање воден во 1927 година, српски командант ја регистрира изјавата на прилепскиот студент Григорие Поповиќ во која тој вели:  „Нас студентите од Македонија во Белград не следат тајни агенти, бидејќи не ни веруваат, меѓутоа тие можат да прават што сакаат, ние остануваме само Македонци. Македонија е ружа којашто најмногу се расцутува, а нејзиното прашање е дело на Европа, а не на Србија...“  

Повеќе...
 
Недела, 22 Октомври 2017 20:39    PDF Печати Е-пошта
ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

vmro

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, МАКЕДОНЦИ!

Повеќе...
 
Сабота, 21 Октомври 2017 22:08    PDF Печати Е-пошта
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “ХРИСТО МАТОВ“
Фотографија на Todor Petrov.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКОТО ПАТРИОТСКО ЗДРУЖЕНИЕ “ХРИСТО МАТОВ“

Повеќе...
 
Петок, 20 Октомври 2017 01:47    PDF Печати Е-пошта
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“
Фотографија на Todor Petrov.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“

Повеќе...
 
Среда, 18 Октомври 2017 04:08    PDF Печати Е-пошта
Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

to-be-honest-180Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одржа премиерната изведба на драмата „Да бидам искрен“ (To Be Honest) од драмскиот писател и режисер Стефо Нанцу.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.