Петок, 02 Февруари 2018 11:55 |
|
|
|
|
Или ЕДИНСТВО или САМОУБИСТВО!
|
Отец Ивица Тодоров: Или ЕДИНСТВО или САМОУБИСТВО!
Драги мои Македонци и Македонки,
|
|
Таткото на Никола Димитров: Раката да му се исуши на тој кој ќе стави потпис на најавената спогодба!
Не, не, немојте веднаш авторот на овој текст да го обвинувате за оваа клетва. Зашто, таа не е негова, ниту, пак, помислил, а уште помалку да ја изустил. Ова е чисто таткова клетва. Според книгата на проф. Марко Китевски, “На клетва лек нема”, објавена во 90-тите години на сега веќе минатиот век, клетвите стигаат до девето колено, а татковата, заедно со кумовата, се сметаат за најтешките. Зошто? Затоа што таткото обично не проколнува, ама ако некогаш го стори тоа, за клетвата има длабока причина и ја кажува од срце. Тежината на кумовата клетва, пак, произлегува од фактот дека кумот се смета за врска меѓу човекот и Бога и како таков учествува при крштевање, венчавање и на сите поважни моменти во животот на кумашинчето.
И, сега што мислите, чија е споменатата клетва? Нема да ве оставам во дилеми и веднаш ќе кажам – на проф. Димитар Димитров, татко на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Содржана е во колумната “Уште еден акт на велепредавство”, што е дел од книгата на проф. Димитров насловена како “Името и умот”, објавена во 1999 година од издавачката куќа “Наше дело”. За да нема нејаснотии, (до)објаснувања, изговори за контекстот итн. колумната ќе ја пренесеме во целост:
„На дело е уште еден удар по македонското национално битие во негативна традиција на Берлинскиот конгрес (1878), на Букурешкиот договор (1913) и на комунистичкиот удар против АСНОМ-ската држава (четириесеттите). “Спорот” со Грција, од почетокот е во функција на таа традиција; во него Јенсен ја препозна стратегијата на геноцидот врз македонскиот народ, а Џонатан Ејал виде камуфлажа за “вистинскиот проблем” на Македонија, што го претставува самото македонско раководство – делегитимираната “комунистичка клика”. Во конвергенција со автономниот стратешки интерес на македонскиот народ беа гестовите на Бадентер, на Желев и на други државници кои го поддржаа неговото легитимно право на своја држава – Република Македонија. Судот на најмеродавното тело на Европската заедница (Бадентеровата комисија) беше недвосмислен: името на државата (Република Македонија) не подразбира територијални претензии, односно закана по идентитетот на друга држава. Од каде, тогаш, таа толкава сила на грчката “инерпретација”, која, практично услови, пред повеќе од две години, промена на името во БЈРМ, измена на Уставот, а сега условува нови измени на Уставот и одземање на знамето? Зад тоа гледам, надвор, робување на хипотеката од споменатата негативна традиција од страна на европските, на светските институции и на најсилната држава; а, дома – континуитет на недемократската, ненародна власт која практикува велепредавство. Народната волја кристално се изрази на митингот против Лисабонската декларација, во Манифестот за одбрана на името, во изјавите на многубројни асоцијации: на Сојузот на студентите, на Светскиот македонски конгрес, на Хелсиншкиот парламент, на Синодот, на “Достоинство”, на опозиционите политички партии итн. Таа народна волја инспирира и една широка граѓанска асоцијација за одбрана на името, на државата, на нацијата: на Националната конвенција. Власта во неа виде свој противник и одби да ја регистрира. Така, суштински македонскиот народ и натаму е предмет на манипулации, без свое автономно и демократско (ре)презентирање. Аранжманот на сегашниот чин, надвор и дома, е понижувачки, срамен и апсурден. Се користи војната во Босна и во Хрватска за притисок врз нас, а ние со Словенците сме надвор од војната! Словенија се остава на мир, и така треба да биде, зашто таа е Република Словенија, а нас не (мал)третираат како југословенски проблем, зашто ние сме Бивша Југословенска Република Македонија. Претседателот на републиката, два месеца перманентно присутен на Охридско лето, на Струшките вечери и на Охридскиот маратон, кукавички се крие; валканата работа му ја врши еден недоветен министер; Парламентот, во контрадикција со поимот, молчи; новинарството се ставa во пандурска улога на беспоговорно алиби на власта, како опиум за народот. А ништо не се решава: името (БЈРМ – тој ковчег за нацијата) си останува, исто, визно-пасошкиот режим. Укинувањето на ембаргото не е соодветен еквивалент; тоа е домен на реципроцитет. Материјалната помош како награда на “македонската кооперативност”, извинете, смрди на проституција, како и недамнешната идеја за централна балканска република што ја обелодени Тупурковски. Македонскиот народ е пред судбински тест. На политичката опозиција и на граѓанските ассоцијации им претстои одговорна работа на проект на темелно движење на отпорот, од кое ќе произлезе влада на национален спас и вонредни избори. Раката да му се исуши – кој ќе стави потпис на најавената спогодба!“
Навистина, чудни се патиштата Господови, особено оние поврзани со личната карма. Споредбата на актуелниот политички миг со оној од времето кога е пишувана колумната, на користената терминологија, па ако сакате и на личностите, кои се препознаваат, останува работа на субјективна процена и оценка. Не знам дали актуелниот министер за надворешни работи се сеќава на тоа што пишувал неговиот татко, но би било добро да се потсети, посебно пред почетокот на завршниот чин за расплет на македонскиот јазол. Зашто, шармот во надворешната политика не минува и бргу се заборава, ама татковата клетва останува. До деветтото колено.
Предраг Димитровски
Курир
|
|
25,000 долари од Нимиц за главната Конгресменка на Грчкото лоби во САД
|
|
Како што одминувало времето така и скопјани ја имале можноста да бидат уживатели на луксузни и потребни превозни и сообраќајни средства, започнувајќи од пајтонот, кој им бил достапен прво на најбогатите скопски семејста, потоа и на патниците, шпедитерските коли, железничкиот сообраќај, автомобилите, па авио сообраќајот.... Скопје, низ времето и секогаш во трендот на возилата...
|
|
„Александар Македонски е првата глобална славна личност: херој, супермен и, како што самиот си верувал, Бог" - вака почнува текст во ЛА Тајмс, за ликој којшто е каменот (или повеќе бронзата) на сопнување помеѓу нас и нашиот јужен сосед. Не дека тие во моментов немаат поголеми проблеми од тоа чиј е Аце, кого на времето и онака не можеле да го смислат.
|
|
Неодамна на англиски и на македонски јазик излезе од печат книгата „МАКЕДОНСКИ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ“ од авторот Џорџ Димовски од Австралија.
|
|
Душко Дојчиноски
|
|
Говор на Тодор Петров на протестот на 27 јануари пред Бранденбуршката порта во Берлин
|
|
29 јануари 2018 година, Тирана, Албанија
- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на состанокот на парламентарната група на Социјалистичката партија по враќањето од Економскиот форум во Давос, во врска со Законот за употреба на јазиците, како натамошно грубо мешање во внатрешните работи на Македонија.
Иако правата и слободите не може да се квантифицираат, нив или ги има или ги нема, и од нив никогаш доста, СМК и натаму смета дека кон Албанија, Македонија мора да се придржува на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните!
СМК предлага Декларација за македонско-албанско историско помирување, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, Договор за положбата и правата на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија, и Уставна декларација на Собранието на Македонија за почитување на правата и слободите загарантирани со Уставот независно од пописните резултати!
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС |
|
|
|