Актуелно
Сабота, 30 Април 2016 21:27    PDF Печати Е-пошта
Честитка од Груевски по повод Велигден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници.

nikola gruevski

Ваше Блаженство, со голема чест и радост во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам мирни и благословени празнични денови, се вели во честитката од Груевски до г.г. Стефан.

Денот на Христовото воскресение, се потенцира, е ден кој со векови наназад е водилка и поткрепа на секој верник и на сите христијани во светот.

Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата држава. Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме на неговата закрила кон нас луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го разликува доброто од злото, го задолжи секој поединец да размислува со љубов, да сака со срце, да прави добри дела и да се покае за грешките, се посочува во честитката.

Да се заблагодариме на Бога, се нагласува, за неговата милост и со радост да ја примиме веста за воскресението Христово. Да се помолиме на Бог и да си посакаме и во иднина да биде блиску до нас, до нашиот народ, до нашата татковина.

Нашиот народ низ годините има поминато многу тешкотии и искушенија, успеал да преброди многу грешни човекови дејанија. Нашиот Бог и вера биле отсекогаш со нас да нè поткрепат и утешат кога било потребно. Токму затоа, да бидеме благодарни, да се радуваме на Велигден и да си посакаме божја поткрепа и во иднина, се вели во честитката.

Нека Бог нè чува и биде со Македонија, се додава, да си го зачуваме она што е наше и она што нам ни припаѓа.

Нека Бог ни помогне во сите искушенија, нека го зацврсти единството помеѓу народот, нека ја умножи љубовта и нека го одврати секој оној кој крева рака врз другиот. Нека нè избави од насилство и неред, нека нè потхрани со мир и спокој. Да си се почитуваме себеси, за да нè почитуваат и другите. Како што сме единствени во верата, така да сме единствени и во државата. Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот. Да си ја сакаме Македонија со целото срце, со секоја мисла и во секоја наша одлука. Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се родила, израснала и во иднина ќе се издига македонската држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник! Нека ни е честит Велигден ! Христос Воскресна ! Навистина Воскресна !, се потенцира во честиткатаод плидерот наВМРО-ДПМНЕ до г.г. Стефан и православните верници.

 
Среда, 27 Април 2016 03:03    PDF Печати Е-пошта
МПЗ „Тодор Александров“ со остра осуда за сквернавењето на македонските спомен обележја и уништувањето на Порта Македонија

porta-makedonija

Македонското патриотско здружение Тодор Александров најостро го осудува вандалскиот и антимакедонски чин на антимакедонските вандали од СДСМ и СОРОС кои ги сквернвеа македонските спомнеици. Ние нема да дозволиме уништување на спомениците, понижување на македонските херои кои се бореа за слободата на Македонецот од антидржавни елементи на кои Македонија не им значи ништо, нивниот удрар врз спомениците е удар врз македонскиот идентитет и врз македонското достоиснтво.

Оние кои ги сквернавеа спомен обележјата и Порта Македонија се тие чии дедовци во Комунистичка Југославија ги убиваа и затвроаа борците за Независна Македонија, се тие чии дедовци ги затвораа и понижуваа македонските патриоти кои се бореа за демократија и слобода и ги испраќаа по комунистичките затворите во Голи Оток,Идризово и Белград. Овие антимакедонски елемнти во 1990 година кога ВМРО ДПМНЕ се борше за Независна Македонија,сеуште мечтаеа и се бореа за Југославија.На овие антимакедонци, паролата Независна Македонија им е туѓа тие не ја чуствуваат дури имаат одбивност и аверзија кон оваа света парола, затоа што припаѓаат на една друга атеистичко комуниситичка антимакедонска матрица.Вандалите на СДСМ и СОРОС ги осквернавија и оштетија,обележјата на првото заседание на АСНОМ,обележјето на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија,обележјето на 8 септември,со овај чин тие ја осквернавија и борбата,страдањето,илјадниците македонски жртви,плачот на македонските мајќи за своите синови кои ги положија своите животи за македонската кауза,со овај чин овие антимакедонски елементи го понижија македонскиот народ.Овие антимакедонски елементи го сменија името,го сменија знамето на Македонија и денеска заговараат украинско сценарио.Нивната цел е веќе јасна братоубиствена војна, протекторат и крајна цел, распад на Р.Македонија.

Бараме од надлежните органи да ги заштитат македонските спомен обележја кои се сведоштво на историјата ,културата и борбата на македонскиот народ за своја држава.МПЗ Тодор Александров бара и посебен закон за заштита на културното наследство и споменичните обележја,а за нивните сквернавења да има соосдветни казни. Денесека е време кога делата,борбата и имињата на овие македонски херои кои имаат зслужни спомн обележја да бидат пример и патоказ како да ја сакаме чуваме нашата Македонија од оние кои и денес сакаат да ја уништат.

МПЗ „Тодор Александров“

 
Среда, 20 Април 2016 02:41    PDF Печати Е-пошта
Доделени дипломи на децата учесници на курсот по македонски јазик во Корча, Албанија

dodeluvanje-na-diplomi-korca-albanija-1-180Заврши петмесечниот курс по македонски јазик во Корча, Албанија кој го орагнизираше Македонскиот културен центар “Сонце” од Корча. По тој повод, во Корча се одржа свечено доделување на дипломите на децата кој што го посетуваа курсот. Присуствуваа родителите на децата кој што го посетуваа курсот како и амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов.

Повеќе...
 
Недела, 10 Април 2016 19:40    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ДРУШТВО "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"

grbМАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО УТРЕХТ

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2016 04:06    PDF Печати Е-пошта
ФОТО: Плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец доби нов современ лик

plostad-pustec-1-180Плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец доби нов современ лик, со што се очекува зголемено привлекување на посетителите.

Повеќе...
 
Понеделник, 29 Февруари 2016 20:15    PDF Печати Е-пошта
Граѓани на Македонија да не наседнуваат на американските обиди за предизвикување хаос во земјата

ВНИМАНИЕ: Означен официјалниот старт на втората рунда од Обоената револуција против Македонија

Освен монструзните обиди за предизвикување крвава граѓанска војна, втората рунда од Обоената револуција во Македонија, чиј старт беше означен со минатогодишниот обид за државен удар, ќе се одвива и во насока на диксредитирање на некои од столбовите на владеачката партија, но и на нивните досегашни изборни победи. За таа цел како што јавија дел од нашите медиуми, СЈО на големо бара сведоци кои што за поткуп лажно би сведочеле во процесот.

marija kotovsk

Марија Котовска

Повеќе...
 
Четврток, 04 Февруари 2016 12:03    PDF Печати Е-пошта
МПЗ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ” СО ПОДРШКА ДО ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДOНИЈА

111МПЗ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ” СО ПОДРШКА ДО ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДOНИЈА ЗА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ДА ГО НОСИ ИМЕТО НА КОРИФЕЈОТ ДАМЈАН ГРУЕВ

Повеќе...
 
Четврток, 31 Декември 2015 15:41    PDF Печати Е-пошта
НОВОГОДИШНА ПОРАКА ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ВО 2016 ГОДИНА!

grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 
Среда, 30 Декември 2015 04:06    PDF Печати Е-пошта
СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2016 ГОДИНА И ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

srekna-nova-2016-180СО  БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ  НЕКА Е СРЕЌНА И  БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2016 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.

Повеќе...
 
Вторник, 29 Декември 2015 21:09    PDF Печати Е-пошта
МИЈАЦИТЕ СЕ ЧИСТОКРВНИ МАКЕДОНЦИ А НЕ ПРАВОСЛАВНИ АЛБАНЦИ!

grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.