Иселеници и Регион
Четврток, 10 Јануари 2013 13:10   
ПРАЗНИЧНИ ВИДУВАЊА Во СИДНЕЈ

_1-001За време на Божиќните празници осетлив е пулсот во Македонските заедници насекаде во светот. За Бадник, ден пред Божик, во Сиднеј допатуваа Јанко Томов, член на ДООМ и дописник во веб страницата „Македонска нација“ и неговата сопруга Маргарет Томов, директорка на основно училиште во Бризбан.

Повеќе...
 
Среда, 09 Јануари 2013 04:00   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (16)

osnovacko-sobranie-1990-240Во 1989 година, списанието „Глас на Македонците“ од Сиднеј, престана да се печати. Една од причините  беше појава на нови весници, како „Австралиски Македонски Неделник“ (АМН) и „Тудеј“ (Денес), двата од Мелбурн. Тоа истовремено влијаеше и на  популарноста  и на зголемениот тираж на  весникот „Македонија“ од Мелбурн. Двата нови весници, едниот со повеќе про-комунистички, односно социјалистички содржини и информации за Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а другиот слично, но малку поблиску до демократијата, за македонската емиграција од СР Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 02 Јануари 2013 17:15   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (15)
grb_vmro-dpmne_90Користење на претходните Статути на ОМК и ДООМ, кои послужија за изготвување на  ДПМНЕ и на ВМРО-ДПМНЕ

Пишува: Јанко ТОМОВ

По Втората Светска Војна, како прв Статут на македонското иселеништво во 1967 година, кој е евидентиран, односно напишан од Ослободителниот Македонски Комитет (ОМК), при што подоцна е модифициран за ДООМ се` до Статутот на ДПМНЕ, односно на ВМРО-ДПМНЕ во 1989-90 година. Да ја  погледнеме содржината на еден од првите Статути донесен на Уставотворниот Конгрес на ОКМ: Материјали и документи од 1967 година, Минхен, Германија:

Глава Прва: име, цел и карактер (членови 1 – 2);

Глава Втора: Членство (чл. 3 -  9);

Глава Трета: Устројство на ОКМ (чл. 10 – 14);

Глава Четврта: Највисоки органи на ОКМ: А. Конгрес (чл. 15 – 17), Б.Национален Совет (чл. 18 – 22);

Глава Петта: Братски судови (чл. 23);

Глава Шеста: Публикации на ОКМ (чл. 24);

Глава Седма: Финансирање на ОКМ;

Глава Осма: Сојузи и спогодби со други македонски и немакедонски организации и политички фактори (чл. 26);

Глава Деветта: Знаме, Грб и Печати (чл. 27 – 29);

Глава Десетта: Посебни правилници (чл. 30). Овој материјал е печатен на 46 страници.

Во врска со национално-политичките статии и написи на организациите на македонското движење на почетокот се запазени следните статии, прочитани од Уставотворниот Конгрес на ОКМ, со следните реферати и говори:

Сандо Христов: „Јакне и крепне македонската национална борба” (поднаслови: Политика без успеси не е политика; ОКМ во емиграцијата го постави македонското прашање на реална основа и нашата организација прерасна во вистинско национално револуционерно движење);

Миле Илиевски: „Да бидеме будни и постојано на штрек” (поднаслови: Без материјални жртви не можеме да водиме никаква борба; Борбата треба да ја пренесеме внатре во Македонија);

Мирче Богоевски (говор): „Македонци, гнасете се од новите врховисти” ;

Тодор Лепазов (говор): „Нашата организација е демократска” (поднаслови: Да бидеме борбена елита; Нашата пропаганда треба да има подлога само од вистина);

Ѓорѓи Трифунов (говор): „Ќе работиме само за една вистинска конфедерација”;

Драган Богдановски (говор): „Македонија земја на несреќи” (поднаслов: Драги браќа). Рефератите и говорите се печатени во весникот „Македонија”.

При самото ослободување од затворот во Идризово, Скопско, Драган Богдановски ги прибира своите ракописи од затворот, што скришум успеал со врски да ги даде на свои познаници и пријатели. Делови од тие пишувани документи, стигнуваа и до нас во Австралија. Така Драган, при повторното емигрирање во Шведска и Германија во пролетта 1989 година, веќе интензивно работи на Статутот и Политичката програма на ДПМНЕ.

На крајот на 1989 година, Богдановски го објавува Манифестот до македонскиот народ: „Демократска Партија за Македонско Национално Единство - М а н и ф е с т до македонскиот народ” - Македонски народе!

Понатаму, Драган пишува: „Ти не си сам македонски народе! Со тебе е Демократската Партија за Македонско Национално Единство, произлезена од Македонското Револуционерно Движење, кое во себе го носи бесмртниот дедовски илинденски идеал”.

dragan-bogdanovski-manifest

При формирањето на Координативниот Совет на ДПМНЕ за дијаспората, во кој Драган Богдановски го поставил Панко Стамкоски за потпретседател за Австралија и Јонче Трајчевски за член, обајцата од Мелбурн, а исто така и Јанко Томов за член од Перт, Западна Австралија.

Михаил Шариновски - Солунски и Крсто Шкодров не го прифаќаат предлогот на Драган, да бидат дел од членството, а го препорачуваат Јанко Томов за раководител на ДПМНЕ за Западна Австралија и член на Координативниот Совет за Австралија. Михаил Шариновски – Солунски, се чувствува навреден од Драган, затоа што Драган не го поставил за потпретседател, бидејќи бил долгогодишен претседател на ДООМ и уредник на „Македонска нација”, од времето на затварањето на Драган во 1977 година до формирањето на НОФМ (види во книгата: “Поткрепа од убавиот Перт” од Јанко Томов, 2000 година, Бризбен, Австралија).

Во едно писмо на Јанко Томов до Драган Богдановски од 20 мај 1990 година, се спомнуваат неколку поглавја на пообемниот материјал: „Замислата и концептот за функционирањето на ДПМНЕ во дијаспората”. Во тој материјал, Томов му предлага на Богдановски, ограноците на ДПМНЕ во дијаспората да бидат со свои раководства како членки на Политички Комитет на ДПМНЕ во склоп на Координативните Комитети по континентите:

1. Политички Комитет на ДПМНЕ од Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија. Тие Политички Комитети да бидат под водство на:

2.  Австралиски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

3. Политички Комитет на ДПМНЕ за Шведска, Австрија, Германија, Белгија, Холандија и Франција под водство на:

4.  Европски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

5. Политички Комитет на ДПМНЕ за Егејскиот дел на Македонија, Пиринскиот дел на Македонија и македонскиот дел во Албанија, под водство на:

6.  Македонски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

Сите спомнати Координативни Комитети по континентите да бидат во контакт и соработка со:

7.  Обединет Македонски Комитет на ДПМНЕ.

П р о д о л ж у в а
 
Среда, 02 Јануари 2013 17:08   
Оваа празнична сезона, Македонците од дијаспората им помогнаа на сирачињата

DSCF0218Во петокот на 21 декември 2012 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Обединетите Македонци-Американци од Детроит (ОМАД), Ајвар ДОО, како и организацијата “Пенс фор кидс интернешнл” (ПФКИ) ја доставија многу-потребната помош на сиропиталиштето "11 Октомври" во Скопје, во вид на дваесет и пет нови кревети и училишен прибор за сите сирачиња во домот.

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2012 04:05   
Македонски проект во Националниот музеј на Австралија

Aleksandar_RazmoskiДека дигиталната уметност предизвикува голем интерес меѓу младите во Австралија потврдуваат информациите добиени од Австралискиот национален Музеј во Канбера. Доволно мотивирани и спремни за предизвик, истражуваат во сферата на рударската индустрија. Еден од нив е и 20 годишниот Александар Размовски. Тој е од македонско потекло и  вели дека е прв Македонец запишан на Australian National University, во Камбера. Ова му е веќе втора година како студира Диплома на дигитална уметност на Австралискиот национален Универзитет во Канбера. Негова цел е да создаде високо квалитетен визуелен материјал, кој би можел креативно да се изрази преку анимација, звук и визуелни ефекти.

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2012 04:03   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (14)

janko-tomov-240

Реферирање на Богдановски од страна на лидерите на поранешен ДООМ и НОФМ, по неговото повторно емигрирање во Шветска и Германија во почетокот на1989 година.

.

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2012 04:02   
Во Сиднеј 2012 година, ЧИТАЊЕ НА КНИГИ

citanje-knigi-240Во изминатиов едногодишен период на 2012 година, која од Библиотекарската асоцијација на Австралија беше прогласена како Година за читање на книги, убаво е да дадеме и свој прилог посветен на оваа тема.

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2012 04:00   
„Македонска вечер“

makedonska-vecer-240Македонско културно друштво „Охридски бисер“ - Загреб организира и Ве поканува на традиционална културна манифестација „Македонска вечер“

Повеќе...
 
Среда, 19 Декември 2012 04:56   
Свечено прославен патрониот празник Свети Никола во Виндзор

Sveti-Nikola-Windsor-240Во неделата, на 16 декември 2012 година, Македонската православна црковна заедница Свети Никола од Виндзор свечено го одбележа својот храмовен празник посветен на најпочитуваниот христијански светител Свети Николај архиепископ Мирликиски и Чудотворец.

Повеќе...
 
Среда, 12 Септември 2012 03:01   
Македонската Православна Црква “Свети Никола” во Ла Салле, Виндзор, Онтарио

gruevski-vindzdor-240На трети Септември 2012 лето Господово, Македонската Православна Црква “Свети Никола” во Ла Салле, Виндзор, Онтарио, беше домаќин на висока државна делегација од Република Македонија, предводена од Премиерот Никола Груевски. Премиерот Груевски придружен од министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павловски, Амбасадорите на Р. Македонија во Канада Љубин Тевдовскииво САД Зоран Јолевски, парламентарецот Владимир Ѓорѓев и директорот на Дирекцијата за технолошко индусријски развојни зони Виктор Мизо, беше дочекан во црковните простории од парохискиот свештеник Протоставрофор Д-р Александар Мустеников, претседателот на Црковниот Управен Одбор Томе Дамчески, претседателката на Женската секција Милица Апостоловска како и на голем број верници  родољубиви македонски иселеници.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.