Денес во светот има околу 190 милиони имигранти кои заминуваат во поразвиените земји за подобри можности за вработување, економска и социјална сигурност.
Во 2005 година бројот на имигранти во Австралија рапидно се зголеми од 30 000 на 123.424 за во 2006 да достигне бројка од 144.000 Познато е и тоа дека голем број Македонци живеат и работаат надвор од својата татковина. Некои заминале како деца бегалци од родните огништа во Беломорска Македонија а многумина како печалбари од економски причини. Без разлика од кои причини ги напуштиле родните огништа, иселениците трагаат по нов идентитет , се учат на нови култури, законски норми, јазик и се што доаѓа како последица на прилагодувањето. Поминуваат низ фаза на “културен шок“ за после тоа да сфатат дека сето тоа е нормално и мора да се издржи. Новодојдените се познати како луѓе со силна работна етика, со богато културно наследство кое им помага да постанат клучен фактор во градењето на мултиетнички соживот и интегрирање во општеството.
Тоа се Македонците во Австралија кои со работната етика и активност, многу допринесуваат за развојот на економијата не само во Австралија туку и во Македонија. Освен активности во Македонската заедница тие се повеќе се вклучуваат и во политичкиот живот на Австралија. Таков еден пример е и Џим Биволтсис во Западна Австралија. Член на Либералната партија повеќе од 30 години, директор на Ngarluma и Yindjibarndi Фондацијата, долги години претседател и на осигурителната асоцијација во Западна Австралија, оженет со три деца и горд на своето македонско потекло.
Во изборната трка за пратеник неговите главни цели биле да се подобрат здравствените услуги во заедницата како и подобра сообраќајна мрежа во регионот. Иако не успеа да добие пратеничко место во Парламентот, сепак докажа дека има интерес,храброст да се кандидира за пратеник и јаки организациони способности да води силна кампања.
И нешто за родното место на Џим. Тој е роден во село Полипотамо (Нерет), Северна Грција. Дошол во Австралија како мало дете со неговите родители Ристо и Фанија и бил прв од фамилијата кој се образовал на универзитет. Дипломира уметност на Универзитет во Западна Австралија и долги години работи со видни финансиски институции во Австралија.
Отвора и свој бизнис (OceanWest) за финансиско работење, планирање и услуги.
Тој добро зборува македонски јазик, и никогаш не ги заборавил своите корени. Така во неговите рани 50 години, за првпат се враќа во своето родно место и купува куќа каде сега е редовен посетител и стекнува многу пријатели. Џим како личност е умерен, конзервативен и на контраверзното прашање за односите меѓу грчката и македонската заедница вели дека треба да се најде умерено решение со многу меѓусебно разбирање и градење на пријателски односи. Исто така размислува повторно да се кандидира за пратеник во австралискиот Парламент а дотогаш сака да види позитивна комуникација и дружење меѓу двете заедници.
Џим е уште еден од многуте примери како луѓето од македонско потекло живеат и творат во Австралија а сепак ги задржуваат своите македонски корени.
Податоците за Џим Биволтсис се преведени од прилогот на Виктор Бивел, “ Community Leader Stands for Parliament“ (извор: www.pollitecon.com) Преведе: Гордана Димовска |
|
Во присуство на градоначалникот на Стокхолм, претставникот на Европската Комисија, дипломатскиот кор, пратеници од Шведскиот Парламент, бројни шведски бизнисмени и новинари од специјализирани списанија за храна и вино, во шведската престолнина беа промовирани и дегустирани македонските производи од овошје и зеленчук и македонското вино. На приемот “Taste of Macedonia”, чиј домаќин беше амбасадорот Кире Илиоски, македонските производители членки на МАП и винарската визба Бовин успеаа да го доловат вкусот на македонската храна и вино пред присутните во познатиот хотел Хелстен во Стокхолм.
- Не случајно го избравме хотелот Хелстен за презентирање на ,,Вкусот на Македонија;,Станува збор за препознатлив хотел чиј ентериер е уникатен и претставува комбинација на модерното и традиционалното. Токму таква е и македонската храна и вино, уникатни производи, произведени на современ начин со модерна технологија, но истовремено производи со долгогодишна традиција и препознатливост-истакна во своето обраќање амбасадорот Кире Илиоски и ги покани присутните да го почувствуваат вкусот на Македонија преку македонската традиционална храна и вино. |
|
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) се приклучува кон повикот на претседателот на Светскиот Еврејски Конгрес Роналд Лаудер, грчкиот Парламент да ги забрани активностите на нео-фашистичката партија Златна Зора и ја прогласи за незаконска.
|
|
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува едногласната одлука на Албанскиот парламент да се врати името на селото Пустец кое претходно беше именувано како Лиќенас, во Мала Преспа (Албанија). ОМД му честита на македонското малцинство во Албанија за ова одлука, и се надева дека албанските власти ќе го следат примерот на Пустец и ќе ги вратат топонимите на другите осум села во Мала Преспа, како и во регионите на Гора и Голо Брдо каде што Македонците се мнозинство.
|
|
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го објави издавањето на својот нов извештај со наслов: Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција - со акцент на случајот на македонската православна црква. Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија (северна Грција).
|
|
Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво "Илинден" огранок Голо Брдо го поздравуваат донесувањето на Законот за враќање на Mакедонското етничко име на општина Пустец – Мала Преспа, од страна на Парламентот на Република Албанија. Со тоа неправдата е исправена. Задоволството е дотолку поголемо што за овој историски Закон гласаа сите 120 пратеници.
|
|
Собранието на Република Албанија со 120 гласа “за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец.
|
|
Среда, 13 Март 2013 04:22 |
|
Мумба парада во Мелбурн
|
Настапот на Македонците на Мумба парадата е иницијатива на Гордана Димовска во соработка со КУД Александар Македонски.
Стотина илјади посетители го проследија настапот на 35 етнички групи и над 1400 учесници на Мумба парадата во Мелбурн. Ниту пеколните жештини не ги спречија учесниците и посетителите да докажат по којзнае кој пат дека знаат да го промовираат својот град, и да ја покажат својата креативност. Под мотото Мелбурн е креативен, организаторите имаа за цел да го истакнат најдоброто од областа на уметноста, филмот, музиката, театарот, културата, архитектурата и образованието.
Исто така на овој настан се поздравуваат делата на најзаслужните мелбурнчани и појава на популарни лица од спортот и телевизијата.Кралската круна овојпат ја заслужија единиците на противпожарните екипи, амбуланта и викториската полиција кои беа поздравени со бурни аплаузи и извици од публиката со “Благодариме, благодариме“.
Во креативноста не изостана ни претставникот на Македонската заедница КУД Александар III Македонски и членови на македонската играорна група Весели Македонки. Публиката се интересираше за традиционалната музика и преубавите носии на играорците.
Честитки за учесниците и организаторите на овој настан. Мумба парадата е последниот чин од четиридневниот Мумба фестивал кој опфаќа голем број активности, музички настани во самиот град. Уште една прилика да се покаже убавината на Мелбурн и мултиетничкиот соживот. За наредната година заинтересираните треба да поднесат апликации во септември за да си обезбедат учество на најекстравагантната парада во светот.
Македонска нација |
|
Во чест на Интернационалниот ден на жената 8-ми Март, Македоскиот Културен Центар “Свети Никола” од Виндзор, Канада, ја организираше седмата годишна модна ревија на 7-ми Март 2013 година во една од своите банкетни сали. Во елегантно декориран амбиент група од 38 манекенки и манекени волонтери под водство на кореографот Лилјана Ѓуровиќ ги презентираше пролетните колекции на одела, свечени фустани, венчаници и костими за капење од светски познатите Nygard, Sears, Hugo Boss како и на локалните дизајнери Ana Stulic Design, Victoria Boutique, Gabriela's Boutique, Monty Formal, Bridal Gallery итн.
|
|
Македонската партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) - викендов одржа изборна конференција во Поградец, Албанија. Нов претседател на општинскиот комитет на Македонската партија е Петре Тодоровски, кој досега беше вршител на должноста секретар на општинската организација.
|
|
|
|