Иселеници и Регион
Среда, 01 Мај 2013 03:01   
Агенцијата за иселеништво на Република Македонија: Јавен повик

agencija-za-iselenistvoСе повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Повеќе...
 
Среда, 24 Април 2013 03:01   
Делегација на Македонска алијанса на средба со министрите за образование и внатрешни работи на Република Албанија

makedonska-alijansa-240Во Тирана на 22 април 2013 година, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Едмонд Темелко, подпреседателите Бесник Хасани и Таќо Гроздани и генералниот секретар Васил Стерјовски остварија средби со министрите за внатрешни работи и образование на Р.Албанија.

Повеќе...
 
Среда, 24 Април 2013 03:00   
Закана до Македонците во Мала Преспа дека повторно ќе ги вратат албанските имиња

spahiu-240Крешник Спахиу, претседателот на националистичката партија Алеанца на Црвено Црните во Албанија, од Поградец на 21 април 2013 година упати закана до Македонците во Мала Преспа дека штом дојдат на власт повторно ќе ги вратат албанските имиња во Мала Преспа.

“Пред околу една година ние предложивме една идеја за еден предлог-закон за албанските и странските топонимии. Пред една година се обратив со едно прашање до сите граѓани во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Ние тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и ова ние ќе го направиме без компромис, не копирајќи никој, не правејќи ниту политички пазар. Но за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори од 23 јуни, на место на албанизирањето се случува спротивното за неколку стотици гласови, албанските имиња се словенизираат од Лиќенас (Пустец) и другите села. Ние доаѓаме со ветување дека не ги сакаме нивните гласови, но албанските имиња ќе ги вратиме во Лиќенас (Пустец) и сите други села затоа што се етнички албански територии. За овие причини овој прословенски и прогрчки клан ние треба да го остраниме за да му донесиме на Албанците еден цел Црвено-црн парламент”- изјави Крешник Спахиу.

(Македониум)

 
Среда, 24 Април 2013 03:00   
Аленца на Црвено-црни јавно да се извини за инцидентите во Општина Пустец

 

aleancaКомисионерот за Заштита од Дискриминација разгледувајќи ја жалбата на општина Пустец за инцидентите што Аленаца на Црвено-Црни ги предизвикаа во Општина Пустец на 16 ноември 2012 година, донесе одлука со која се бара од Алеанца на Црвено-црни јавно да се извини за овој чин. Доколку не го сторат тоа во рок од 30 дена следува парична казана –стои во одлуката до која дојде весник Македониум.

Повеќе...
 
Понеделник, 22 Април 2013 09:07   
Хашкиот трибунал повторно да ги отвори четирите предмети од Македонија

omd_2Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испрати писмо до Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (Хашки трибунал) во кое се бара одобвинителот повторно да ги разгледа четирите предмети (Мавровски работници, Непроштено, Водство на ОНА и Липковска брана) кои во 2008 година беа вратени на македонските судови.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:04   
Во Вуковар се учи македонска Кирилица

M.G.-74.-711И додека копјата се кршат околу воведувањето на Кирилицата во Вуковар, со огромни симпатии двајцата хрватски претседатели – актуелниот д-р Иво Јосиповиќ и поранешниот Стјепан Месиќ, ја примија веста дека во Вуковар се учи македонската Кирилица. Имено, со делегацијата на „Нова Македонија“ (дописникот на „Нова Македонија“ од Хрватска и главниот уредник), во традиционална посета кај хрватските претседатели беше и уредничката на „Македонски глас“, Милена Георгиевска. Таа, Јосиповиќ и Месиќ ги запозна дека во Вуковар од оваа учебна година како изборен предмет во основното образование е воведен и македонскиот јазик, како и дека наставата ја посетуваат триесет ученици.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:03   
Јубилејна прослава на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј

avstralija-35-jubile-240jМинатиот петок, 12 април, во Сиднеј на свечен начин се одбележа 35 годишницата од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. На свечаноста присуствуваа стотина членови како од Сиднеј така и од поближните градови кои имаа можност да се присетат за почетоците од формирањето и безбројните активности со кои Друштвото се постави на пиедестал како поборник за македонскиот јазик, литература и култура во Австралија.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:02   
Координација на активностите на македонските здруженија од САД и од Канада

sad-i-kanadaВо Вашингтон вчера (13 април)  заврши македонската лидерска конференција на која учествуваа водечки претставници на македонската заедница во САД и Канада.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:01   
Онтарио застана зад македонската култура

ontario240Во очи на третиот јубилеј од „Македонскиот месец на културата“ во Канада, Владата на Онтарио се заблагодари за значајното присуство на Македонија и македонската култура во културното живеење на Провинцијата. На официјалната средба Македонскиот амбасадор Тевдовски ја покани Премиерката на Онтарио Кејтлин Вин на Премиерата на македонскиот филм „Трето полувреме“ во Торонто, а Министерот за култура Мајкл Чен презеде обврска да ја промовира македонската култура на повеќе културни збиднувања во провинцијата.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 03:02   
Претставување на реномираната ликовна авторка Тања Балаќ со две изложби во Љубљана, Словенија

tanja-balac-240На 09.04.2013 (вторник) во 19:00 часот во “Мала црна галерија“ во Љубљана, Словенија ќе се отвори изложбата на делата од најновиот циклус „Другост“ на реномираната ликовна авторка Тања Балаќ, која е и долгогодишен носител на функцијата претседател на ДЛУМ. Балаќ ќе се претстави пред љубљанската публика со сосема нов и различен приод, каде што експериментира со фотогафија како медиум.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.