Среда, 25 Декември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (36)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (36)

Мане Јаковлевски целиот свој живот го посветува на зачувување на македонските традиции. обичаи и култура. За да се зачуваат македонските корани, особено меѓу македонската емиграција, тој ја помага не само морално и организациски, туку и финански. Во неговата културна мисија често се вклучени и неговите пријатели новинари, пеачи, историчари, политичари и др. Тие се сведоци на дејностите на Мане кој е вистински неофицијален „културен аташе“ на Македонија.

Македонската песна и ора имаат особено место во зачувувањето на македонските корени. Тие се цврста нишка со родниот крај и знаат, особено патриотските, да го разбудат македонскиот нерв и носталгија кон родното огниште. Пејачите како Јонче Христовски, Војо Стојановски и многу други од македонската естрада умееја како дома така и во дијаспората со своето пеење да го поткренат македонскиот дух и патриотизам.

Во книгата  „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, авторот Киро Кипровски кој и самиот е сведок на низа настани и патешествијата од животот на Мане Јаковлевски, ќе ја забележи незаборавната патриотска вечер со Војо Стојановски и за организирање на првата „Евро-Мак-Поп вечер Берлин - 97“. Потсетувајќи се со Мане за овие настани од кои едниот се случува во Скопје, а другиот во Берлин, Кипровски, авторот ќе напише: 

НЕМА ДРУГА МАКЕДОНИЈА

vojo1Војо Стојановски

„Два-три дена, по прославата на верскиот празник Водици (19 јануари), во 1992 година, со Манојил Јаковлески бевме во Скопје, со цел да завршивме неколку работи. Попладневните часови ги минавме во ресторанот „Букет“, собиралиште на новинари, дипломати, естрадни уметници, бизнисмени и други, а се наоѓаше на спротивната страна на НИП „Нова Македонија“. Во „Букет“ имавме договорено средби, со наши пријатели и другари. Неочекувано, во ресторанот влегоа и на нашата маса ни се придружија нашите драги другари: Војо Стојановски, пејач на македонски патриотски и изворни песни, новинарката Евица Камберова, новинарот Владимир Тулевски и други. Војо штотуку беше вратен од Канбера, Австралија, каде учествуваше на фестивалот на македонски народни песни. Со новосоздадената песна „Нема друга Македонија“, го освои првото место. Патриотската песна, за кусо време ги освои срцата на Македонците ширум светот. Во ресторанот беше создадена славеничка атмосфера. Со големо задоволство, повеќе од десетина пати, Војо ја исполнуваше победничката песна, како и други патриотски македонски песни од неговиот репертоар. Околу два часот по полноќ, ја завршивме седенката, која траеше десетина часа. Друштвото се разотиде, а Војо ни рече дека со сопственото „југо“ ќе вози пред нас, бидејќи оди во родното село Букојчани, а ние да го следиме. По еден час возење, стигнавме на гостиварската обиколница и на паркингот застанавме. Војо ги имаше вклучено четирите трепкачи на „југото“, вратите ги имаше ширум отворено, а од звучниците ечеше песната „Нема друга Македонија“. Излеговме и ние, и почнавме да ја пееме песната и да играме оро. Не ни пречеше што температурата на воздухот, во тие утрински часови, изнесуваше минус 23-24 Целзусови. Неколку пати ја пеевме песната и игравме оро, па со добро расположение и задоволство се разделивме. Ден и ноќ за паметење, неповторлива дружба и веселба.

ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОПВЕЧЕР-97“

jonce 2

Владо Јаневски и Јонче Христовски

На првата „Евро-Мак-Поп вечер-97“, повеќе од десет часа, се дружевме со младите Македонци, втора или трета генерација, која живее, учи или работи во Берлин. Всушност, нивните родители се родум од Македонија, а овде дошле на времена работа, во период от меѓу шеесеттите и седумдесетите години на 20-тиот  век. Пред почетокот на забавата, Милена Цветанова, претседателка на Македонскиот младински клуб „Александар Македонски“, организатор на забавата, не информираше, дека на нивна покана со специјални автобуси и сопствени возила допатувале нивни врсници, Македонци од Хановер, Латцен, Нинберг, Минхен, Штутгард, Франкфурт, Бремен, Дортмунд, Офолбенг, Дизелдорф и од други места, за да се дружат, да се забавуваат, да ги продолжат традициите на нивните родители, да не ги заборават сопствените македонски корени. Цветанова, во разговорот посебно ја потенцира и изрази голема благодарност за помошта што им ја дава Манојил Јаковлески, која се состои од голема финансиска, морална и организациона помош, за формирање на ММК „Александар Македонски клуб“ и за организирање на првата „Евро-Мак-Поп вечер Берлин - 97“.

Гостите ги забавуваше штипскиот бенд „Арис брада бенд“, а незаборавно шоу приредија: популарниот Владо Јаневски и специјалниот гостин Јонче Христовски. Неочекувано, мошне забавно и неповторливо беше, кога Владо Јаневски му се придружи на Јонче и во дует исполнија неколку песни.

„Не сум знаел, дека со Јонче сме прекрасен дует. Задоволен сум што без проба, без договор, настапот ни беше неповторлив“ – со задоволство говореше Владо, а Јонче тоа го поздрави со воодушевување.

По завршувањето на манифестацијата, претседателката Цветанова, беше презадоволна: „Целта ја постигнавме. Она што го замисливме, целосно го реализиравме. Ова беше вечер, која на сите ќе ни остане во долго сеќавање, бидејќи на дружењето, на играта и на веселбата им немаше крај. Се запознавме со многу наши врсници и се договоривме, вакви и слични средби и забави да организираме почесто, за да не се заборавиме и за да ја продолжиме нашата македонска традиција и на овие простори, далеку од нашите корени“.“

vlado 3

Ѓорѓи Личнов, Бети и Игор Ќирески со Владо Јаневски

Текст и фотографии Киро Кипроски

(продолжува)

https://drive.google.com/file/d/1i

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.