Среда, 25 Март 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (49)

1 4

Во текот на својот живот Мане Јаковлевски стекнува низа пријатели, без разлика на нивната етничка, верска, политичката или друга припадност. Најчесто нив ги врзува заедничката љубов кон татковината. Меѓу овие пријатели се сретнуваат и членови и симпатизери на Социјалдемократкиот сојуз. Сите тие имаат позитивни мислења за Мане и неговото ангажирање за Македонската кауза.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, за Мане говорат многу негови пријатели меѓу кои е и новинарот Панде Колемишевски, поранешен главен уредник и ген. директор на НИП „Нова Македонија“. Потенцирајќи го нивното меѓусебно долгогодишно почитување и пријателство и покрај политичките различности, Колемишевски за својот пријател ќе напише:

1q1

Панде Колемишевски, новинар

„Со Мане Јаковлески не се дружиме, ама долги години се чувствуваме и се почитуваме како пријатели. Нашето познанство датира од пред триесетина години. Се запознавме случајно, ако нешто во животот случајно се случува. Кон средината на осумдесеттите години од минатиот век, една група уредници на весникот „Нова Македонија“, предводена од директорот Радослав Огњановски, на враќање од некој настан во Маврово, наврати во Гостивар. Поводот беше поканата од долгогодишниот и мошне агилен дописник на „Нова Македонија“, Киро Кипроски. Киро не пречека пред тогашната кафеана „Солун“. Со него во друштво беше и Мане Јаковлески. За Мане имав слушано, но го видов за првпат. Најнапред, ми остави впечаток физичкиот изглед, особено неговата височина. По кратко време, се виде дека тоа му е само надворешен квалитет. Покрај пресретливоста и љубезноста што ја покажуваше, пред нас се претстави човек, со кого може да се води интелигентен разговор, човек кој има широки познавања и зборува отворено, но сепак со такт и внимание. На ист начин и го сослушува соговорникот. Се разбира, неизбежни беа прашања и теми за Македонија, за политиката, за македонското национално прашање, за активностите на македонската емиграција, за познатите личности во неа, за меѓунационалните односи во западниот дел на Македонија и слично.

Не се сеќавам на чиј предлог, по неколкуте пијалаци во „Солун“, отидовме во убавата куќа на гостиварецот Нуфре Јовановски, исто така еден мошне љубезен човек. Во неговиот дневен салон, вкусно уреден во старомакедонски стил, ја продолживме дружбата. Таму имавме огнени дискусии за македонштината, за македонските јунаци, за македонските кодоши, кукавици и предавници. Гласно пеевме патриотски песни, заигравме и комитско оро. Тоа беше ден за паметење, ден што не се заборава. Потоа, имавме уште неколку средби во Скопје, низ кои се зацврстуваше моето мислење, дека станува збор за човек кој не е националист и шовинист, како некои што го претставуваа, туку дека станува збор за патриот, за човек што си ја сака земјата, го почитува својот народ, неговиот вековен идентитет, неговите традиции и фолклор. Секако, ја почитува и сопствената вера, без омраза кон било која друга. Како новинар и како тогашен главен уредник на весникот „Нова Македонија“, за Мане Јаковлески (и за брат му Гојко, се разбира), имав слушано и читано работи, кои беа сосема различни од она што го стекнав како впечаток при средбите и разговорите.

Со Мане се сретнавме и во Западен Берлин, две-три години подоцна. Тогаш за првпат го посетив, го видов проскрибираниот ресторан „Ново Скопје“. Таму ме однесоа два-тројца претставници на една македонска фирма во Источен Берлин, луѓе што имаа строги препораки од Македонија, да не го посетуваат ресторанот. Сепак, луѓето се одважија и ги прекршија тие директиви. Прекрасен ресторан, многу гости, од Аргентина и Австралија, весела атмосфера. За нас, речиси цела вечер помина во знакот на Македонија. Може да се рече, дека разговорот многу повеќе се oднесуваше за она што „висеше“ на една голема мапа на ѕидот на ресторанот и што носеше назив „Карта на Обединета Македонија“.

Во раните деведесетти години, кога се распаѓаше Југославија и кога во Македонија се засноваше повеќепартискиот систем, јас како Македонец, голем симпатизер на Социјалдемократскиот сојуз и Мане како еден од основачите и жесток припадник на ВМРО - ДПМНЕ, одржувавме некаков контакт. Или директен или посреден, преку Кипроски. На 17.9.1990 година ми испрати рачно напишано писмо, со препорака да објавиме некои статии од Драган Богдановски, објавувани во „Македонска нација“. Мане беше редовен читател на „Нова Македонија“, која тие години пристигнуваше дури до Берлин и можеше да се купи во одредени киосци. Тоа и се случи, при доаѓањето на Богдановски во Македонија кога изданијата на НИП „Нова Македонија“, каде бев генерален директор, објавија негови интервјуа. На мој предлог, неделникот „ПУЛС“ подготви и објави комплет од текстови. Тој број на „ПУЛС“ ќе остане заблежан, како еден од најпродадените броеви во аналите на неделеното новинарство во Македонија.

Заслугите на Мане Јаковлески за основањето, за подемот и за дел од успесите на ВМРО–ДПМНЕ се неспорни. Не треба човек да биде вмровец, за да го признае тој факт.

Ние двајцата, иако припаѓаме на две различни политички партии, на две сосема различни политички опции, иако за многу настани и за личности во македонската политика и општество имаме дијаметрално спротивни ставови, тоа не беше пречка, при секоја средба да разговараме отворено, пријателски и со меѓусебен респект. Колку и да не се согласуваме политички, во основа се разбираме човечки.“

(продолжува)

Цела книга: https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.