Среда, 06 Мај 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (55)

1 17

Во текот на својот живот Мане Јаковлевски стекнал голем број на пријатели од сите сфери на општествениот живот. Меѓу нив се благородници, политичари, бизнисмени, духовни лица, луѓе од културата, научници,  историчари, новинари, спортисти и т.н. Најчесто нив ги поврзува љубовта кон Македонија, патриотизмот и борбата за македонската кауза, борбата за создавање на самостојна и обединета македонска држава, борбата за демократија и човековите права. 

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, голем број од овие пријатели и соработници сведочат за активностите на Мане, како во странство, така и во земјата. Еден од ни е и историчарот Александар Донски. Тој каратеризирајќи го Мане како патриот, космополит и демократ, ќе напише:

„За Мане Јаковлески имамо дамна слушано, а откако го запознав, се потврди сето она што го слушав за него, како за голем македонски патриот од дијаспората, борец за самостојна и обединета македонска држава, но и борец за демократија. Првпат се запознавме во 2010 година и оттогаш трае нашата континуирана и интензивна соработка. Дејноста на Мане е повеќе слојна и е тесно поврзана со неговите сфаќања и идеи. Она што лично сум го видел, ќе се обидам да го пренесам во продолжение на текстов.

Мане се залагал за признавање на националните права на Македонците, но и за самостојна македонска обединета држава, во периодот кога такво нешто не смееше ни да се спомне. Тоа е периодот на југословенското едноумие, кога постоеше вербален деликт, па дури и заради кажаното пред сведоци, се одеше во затвор. Во такви услови, Мане активно учествувал како член на ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), која во тие времиња била најсериозната македонска, патриотска организација во Македонија, но и во странство. Мане е другар и соработник на водачот на ДООМ, Драган Богдановски, чиј спомен денес во слободна Македонија и среде дијаспората, се негува и чува најмногу благодарение на неговите залагањата, кој иницираше и снимање документарна емисија за македонскиот борец и маченик, кој над десет години одлежа во југословенските затвори, заради своето залагање за самостојна македонска држава. И самиот Мане, како член на ДООМ во Западна Германија (каде подолго време живеел и работел), бил следен и набљудуван од југословенската тајна служба таму, но и за време на своите доаѓања во татковината. За него е отворено и досие, кое е полно со документи за неговото следење. Со распадот на комунизмот, Мане активно учествува во политичките субјекти, што се залагаат за осамостојување на Македонија и до денес е активен член на ВМРО ДПМНЕ. Мане го обновува и гласилото „Македонска нација“ (легендарно гласило на ДООМ), овој пат во електронска форма, се како во склад со новите технички достигнувања, кое до денес го води и е негов главен и одговорен уредник. И сето тоа го прави на свој трошок, исто како што финансиски, безброј пати помагал голем број субјекти, кои работеле за македонската кауза.

Мане, не само што е докажан и пожртвуван македонски патриот, туку тој воедно е и космополит и длабоко ги почитува другите народи и култури. Тој ја практикува вистината, според која, за да ги сакаш и почитуваш другите, треба прво да го сакаш и почитуваш своето, но истовремено и сакањето и почитувањето на своето, не смее да значи омраза кон туѓото, само затоа што е туѓо. Така Мане, активно учествува во Македонско-еврејското здружение и активно помагаше во отворањето на Музејот на холокаустот во Скопје, но и во други активности во прилог на еврејската заедница. Истовремено, Мане има и голем број пријатели од исламската вероисповед, на кои секогаш им ги честита исламските празници и ги посетува за време на истите. Со тоа, ја покажува својата големина како човек и посочува на тоа, како треба да се однесува секој вистински, македонски патриот.

Не случајно, го спомнав Мане и како борец за демократија. Тој е еден од најтолерантните луѓе, што сум ги сретнал. Еднаш седевме во ресторан, кога негова роднина му се јави телефонски да му каже, дека некој во весникот „Дневник“ нападнал негов претходен напис. Но, Мане, наместо да се возбуди и да реагира, само мирно одговори: - „Тоа е нормално во демократијата. Секој има право, да си го каже своето мислење и нормално е некој да не се согласува со мене.“ Потоа, мирно го продолжи разговорот, како ништо да не се случило.

Има уште многу да се напише и каже за Мане Јаковлески. Во овој текст, ги загатнавме само најбитните сегменти од активноста, на овој голем македонски патриот, космополит и демократ.“

1616

Александар Донски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.