Историја

Гоце Делчев бил напаѓан во бугарските весници

Александар Донски

Александар Донски

И покрај тоа што, веројатно поради прагматични причини (како учител во егзархиско училиште) Гоце Делчев го користел туѓото бугарско етничко име, во суштина цело време дејствувал во полза на Македонија, а не на Бугарија. Така, во една прилика напишал:
Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија,  тој може да биде добар Бугарин, добар Грк, или добар Србин, но не и добар Македонец.
Оваа, но и други изјави на Гоце Делчев не останале неза­бележани од тогашната бугарска јавност. Поради ваквите свои ставо­ви тој бил напаѓан во Бугарија. Дури некои тогашни бугар­ски весници и цели две години по  смртта на Делчев сѐ  уште го напа­ѓале неговиот лик и неговата македонската нацио­нална дејност. Како пример за ова ќе цитираме извадок од статијата објавена во софискиот весник „Ре­фор­ми“, а  пренесена и во в. „Свободно слово“ од 1905 година (која изјава во Македонија прв ја објави академик Блаже Ристовски):
Делчев  навистина почна да се замислува дека е вистински гос­подар на македонското дело и дека неговата волја треба да биде вр­ховна волја. И подоцна почнаа да течат од неговата уста поз­на­тите фрази, како онаа: ”Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски офицер не смее да стапне во Македонија! Гра­ницата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офи­це­рите.”Неговите богато плаќани агита­тори и писатели трубат по весниците дека кон границата трчаат густите редови на огор­чената македонска народна моќ и дека прес­тол­­нината нас­коро ќе се претвори во касапница…
Ова претставува доказ за крајно негативното располо­жение на тогашниот бугарски печат кон Гоце Делчев. Дури подоцна, откако го сфатија неговиот углед меѓу Македонците, Бугарите почнаа да се напрегаат да докажат дека тој бил „бугарски револуционер“. Но, каков е тој „бугарски револуционер“ кој се заканил со оружје дека ниту еден бугарски офицер не смеел ни да стапне во Македонија? Инаку, овие тогашни ­­бу­гарски на­пади против Гоце Делчев денес се кријат од пошироката јав­ност во Бугарија.
Постојат и други вакви артикулации од Гоце Делчев, но за ова во некоја следна прилика.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top