Историја
Среда, 26 Август 2015 03:11   
Составот и карактерот на Карнегиевата Комисија

kartaganieva-komisija-180Во почетокот д`Естурнел наведува кој се` е консултиран од останатите членови на Фондацијата при испраќањето на Поткомитетот, како и неговото составување. Но составувањето најблаго речено е очајно.

Повеќе...
 
Среда, 19 Август 2015 03:02   
Дамјан (Даме) Груев

dame-gruev-1-180Роден е на 17 декември во 1871 г. во с. Смилево, Битолско. Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун а потоа во Белград и Софија. Бил учител во Смилево (1891/92), во Прилеп (1892/93), коректор на печатницата на Самарџиев во Солун (1893), учител во Штип (1894/95, училишен инспектор во Солун и пак учител во Битола.

Повеќе...
 
Среда, 12 Август 2015 03:04   
Петар Поп Арсов

petar-pop-arsov-180Роден е во 1868 година во с. Богомола, Велешко. И тој бил меѓу исклучените ученици од Солунската егзархиска гимназија, кои се префрлиле во Белград, но оттаму, како и Даме Груев, се вратил назад и студирал во Софија каде дипломирал филологија на Софискиот универзитет. Во 1893 година, како професор во Солун, учествувал во создавањето на МРО и станал член на нејзиниот прв ЦК. Тој бил задолжен да го состави и првиот Устав на Организацијата.

Повеќе...
 
Среда, 12 Август 2015 03:03   
Иван Хаџи Николов

ivan-hadzi-nikolov-180Роден е на 24 декември 1861 година во Кукуш. Основното образование го добил во Кукуш. Продолжил во Пловдив и Свиштов и завршил високо трговско училиште во гр. Линц (Австрија). Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Солунската гимназија. Во 1893 година отворил книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата. Тој е еден од основачите на ТМОРО во неговата куќа на 23 октомври 1893 г. и член на ЦК до јануари 1901 година, кога бил затворен со другите членови од ЦК и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија).

Повеќе...
 
Среда, 12 Август 2015 03:02   
Даме Груев, основачот на ВМРО, бил масон

dame-gruev-180Легендарниот Даме Груев, основачот на Македонската револуционерна организација, бил масон!

Повеќе...
 
Среда, 12 Август 2015 03:01   
Ѓорче Петров

gjorce-petrov-180Роден е во 1864 година во с. Варош, Прилепско. Образованието го стекнал во Прилеп, Битола и во Солунската егзархиска гимназија од каде во 1885 година бил исклучен заедно со дванаесетина другари. Учителствувал во Штип, Скопје, Битола и Солун (1895-1897). Додека учествувал во Битола станува и член на ТМОРО. Основач е и главен редактор на весникот „Бунтовник“. Во 1895 година доаѓа во Солун, и веднаш станал член на ЦК. Во 1896 година ја публикувал својата книга „Материјали за проучување на Македонија“. Во 1896 година, заедно со Гоце Делчев го изработиле Уставот на ТМОРО.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 03:31   
ВМРО за време на Илинденското востание

mariovska-ceta-240Како што и било определено, востанието почнало на 2 август 1903 година, на ден Илинден. Тоа се проширило на најголемиот дел од Македонија, но со најсилен интензитет се изразило во Битолскиот револуционерен округ. Согласно плановите за дејство на горските штабови, востаничките единици ги напаѓале воените објекти и силите на турската регуларна армија и на башибозукот во сите реони на востаничката територија.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 03:29   
Историски погледи за Илинденското востание

Во својата историја сите народи имаат свои јубилеи на настани и личности кои оставиле траги во нивниот историски развој. Стогодишнината од Илинденското востание е редок јубилеј за македонскиот народ, за Македонија како држава и за сите нејзини граѓани. Судбината на нашиот народ така се одвивала што токму Илинден 1903 година, кога се кренало ослободителното Илинденско востание, станал симболот на македонското опстојување.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 03:17   
По Илинденската епопеја

struga-pocetok-na-20-vek-240По временото задушување на Илинденската револуција, Струшкиот комитет на ВМРО презел низа мерки за да им помогне на оние села што најмногу настрадале. Комитетот ја спроведува во дело замислата за самопомош на македонскиот народ, што се покажа побрза и поефикасна отколку средствата давани од разни пропаганди. Помош даде и црквата Св. Ѓорѓија. Во записникот од седницата на управата, одржана на 31 август 1903 година, се гледа дека "во таа година (додека беше питроп Теодосие Голабов - бм) (црквата) имаше чист приход од 20.258 грошеви… што беа употребени за платите на учителите, певците (псалтите), слугите и за милостина". Под милостина се означени средствата дадени како помош на бедни семејства од загинати револуционери.

Повеќе...
 
Среда, 29 Јули 2015 03:03   
Односот на големите империјални сили кон Илинденското востание

Ilindensko vostanie180Една од основните цели на Македонската револуционерна организација била преку вооружена борба да се дојде до ослободување на македонскиот народ. За таа цел Внатрешната организација низ долготраен процес го подготвувала македонскиот народ. Тоа бил процес во кој Организацијата преку подигање на идејната и политичката свест го подготвувала народот да биде подготвен за вооружено востание.Само со масовно сенародно учество на населението, Организацијата гледала фактор за успех на востанието. Само така, востанието можело да биде самостојно и независно од надворешните мешања, но истовремено тоа бил единствен начин да го привлече вниманието и симпатиите на меѓународното мислење во полза на македонскиот народ.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.