Историја
Среда, 29 Јули 2015 03:01   
Битката за „Слива“

Bitka kaj SlivaБитката кај „Слива“ е уште еден пример од борбите за време на Илинденското востание која восхитува со пожртвуваноста на македонските востаници. Оваа битка е дел од Илинденската епопеја за одбрана на Крушевската Република. Тоа е битка во која востаниците до последен човек ги бранат позициите за да му овозможат на населението да се извлече од градот. Тоа е пример за жртвите кои ги поднел македонскиот народ во борбата за создавање на самостојна и национална држава.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:04   
Заслуги на Ангел Гацо од Воденско, за Грчкото востание (1821 год.)

Angel Gaco-180“Штом стигна до моите уши гласот од трубата на Арес и плачниот повик на прељубената татковина за заштита на нејзините права, наеднаш го презрев спокојството, богатството и славата и веднаш се вооружив против тираните и издржувајќи за целото време на војната кај Негуш каде што водев долготрајни и кравави борби до разорувањето на Негуш (по Не-гушкото востание 1882 год, Негуш бил разрушен од турските власти а населението протерано, н.б.), каде што паднаа ропство и моите сакани деца и мојата сопруга... После со 320 војници отидов на помош во западна континентална Грција, каде што се борев заедно со другите во борбите кај Камботи и Плаќа. Таму падна мојот брат и мои други роднини...Потоа се биевме во Пета. По тоа дојдов и во Пелопонез со 210 војници кога таму беше навлегол Драмалијата...

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:03   
За учеството на македонците во Романското востание (1821 год.)

“От коа поседе дома (татко му на Марко Цепенков, н.б.), пак му се коШна во ВлаШко со Ни­ко­ла и тамо беШе го начекале времето да спечалат пари. Во тоа време имало некој Слуџар То­дор (водачот на востанието Тудор Владимиреску, н.б.) Што го викале, и тој (ги) нак­ре­нал сите јабанџии (најпојЌе МаЌедонци) против бојарите, со еден да­реж­лив ферман Ѓоа од Ру­сија беШе му даден.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:02   
За грубите насилства на Ајаните и патријаршиските владици во Серско

...Жалам што морам да го запознам Вашето лордство со фактот дека она што и го соопштив  на вашата Екселенција во писмото број 2 за агата од Мелник не е точно,...затоа се надевам дека ќе ми биде простено што се излажав. Мустафа бег, агата од Мелник, не е пратен од Цариград и прилично се сомневам дека се додека не се извести султанот за неговите свирепи постапки, нема ништо да се стори.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:02   
За географските и воено-стратешките особености на Македонија и Балканот

...одлучив да продолжам преку источните краеви на Румелија, зашто се уште не сум ги видел и во почетокот на септември, откако го напуштив Крф, отидов по море во Света Гора од каде тргнав по пат по извесен дел на Халкидичкиот Полуостров покрај древниот Амфиполис кон Серез, од каде продолжив до ова место. Веднаш потоа го продолжив  патувањето низ Македонија преку Ениџе и Воден, а оттаму на југ до Верија и преку големите планински масиви што ги делат горните и долните Македонци, се спуштив во котлините на реката Халиакмон крај Кожани и Селфиџе во Еласона и Лариса. Оттаму се вратив назад во овој град по долината на Темпе и брегот на Термајскиот Залив.

Повеќе...
 
Среда, 15 Јули 2015 04:26   
Да не му се дозволува на ниедно лице да премине од Албанија во Румелија

Rumelia map-180ФЕРМАН НА ТУРСКИОТ СУЛТАН СО КОЈ ЗАБРАНУВА ПРЕМИНУВАЊЕ  НА ЛИЦА БЕЗ ИСПРАВИ ОД АЛБАНИЈА ВО РУМЕЛИЈА (КОН МАКЕДОНИЈА) (Крај на јули 1800 год.)

Повеќе...
 
Среда, 15 Јули 2015 04:23   
За учеството на македонците во aвстро-турската војна (1788-1791 год.)

TurkischeHauptArmeeHochenleitterBGHistory-180“...Од самиот пак Белград (се засолниле во Австрија) Петар и Јован Новаковиќ, браќата Чардаклии, Велчо и Кузман, браќата Цикиќи, Дели Ѓорѓи Чипљак, Милош Брко, Тримче Трпковиќ, Деспот Чукула и Геро Новаковиќ.

Повеќе...
 
Среда, 15 Јули 2015 04:19   
Не постои ниту една земја во Европа каде што луѓето добиле вакви можности за благосостојба

felix“Солунскиот пашалак , кој ја опфаќа цела Долна Македонија (јужна Македонија) има 700 квадратни милји…овде зборувам за најнаселениеот дел од Македонија, бидејќи Горна Македонија  и  Епир се поненаселени.  Еве како е распределено ова население: Солун, 60. 000 души: Серес 30. 000; Лариса 20. 000; Воден или  Стара Едеса, 12.000; Кара Верија или Бер, 8.000; Ениџе, 6.000;… Кавала 3.000; Воло, 3.000. Вкупно градско население 157.000 души. Според тоа сел-ското население изнесува 243.000 што претставува само однос 1 спрема 3…

Повеќе...
 
Среда, 15 Јули 2015 04:14   
Францускиот патописец Пол Лука за Македонија

istorija-na-makedonija“Бидејќи преминот на оваа река не задржа долго време, ние преноќивме во Јени Ќој (село североисточно од Кавала, н.б.) оддалечен половина милја. Оттука излеговме на 20 ноември, еден час по полноќ, за да одиме во Кавала, која е на шест милји и некогаш бил голем град на Македонија, на брегот од морето. Треба да одбележиме дека во Македонија скоро сите села се полни со христијани и има многу малку Турци...”

Повеќе...
 
Среда, 08 Јули 2015 03:05   
Ламиска (Хеленска) војна против власта на Македонците

laminska-vojna-180На 10/11 јуни, 323 година стара ера Александар Трети Македонски починал во Бабилон најверојатно или од отров или од маларија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.