Коментари

Ламбе Арнаудов: 1991 – најплодната година во осамостојувањето на Македонија

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

Во вековната борба на народите за сопствена држава постои еден историски феномен што може да се нарече „надоместување на времето“. Сè што било пропуштено низ годините, од која било причина, во еден пресуден историски миг може да се претвори во нова можност. Таквата можност треба решително да се зграпчи, да се надомести пропуштеното и стекнатото да се зачува засекогаш.

Според мене, како непосреден учесник и сведок, но и според оцените на многумина релевантни познавачи на тогашните состојби, за Македонија таква беше 1991 година.

Зошто?

Затоа што за само десет месеци, во услови на повеќепартиско уредување и функционирање на Собранието, ги донесовме клучните одлуки, закони и државни акти, крунисани со новиот Устав – првиот Устав на самостојна и независна Македонија.

Уште во првите денови од работата на новоизбраниот состав на првото повеќепартиско Собрание, со акламација ја донесовме Декларацијата за сувереност на Македонија.

Во тие сурови, тешки и неизвесни времиња, со Декларацијата се заштитивме онолку колку што во тој момент беше неопходно и можно – и како народ и како држава.

Прво, јасно ставивме до знаење дека за Македонија се важечки одлуките што се донесуваат во нејзиното Собрание.

Второ, ја ограничивме моќта на Југословенската народна армија, која сè уште беше присутна во Македонија. Испративме јасна порака дека секоја евентуална интервенција би била насочена против сувереноста на Македонија и би можела да биде оценета како агресија врз посебен политички субјект.

Трето, со Декларацијата јасно и недвосмислено застанавме на страната на новиот демократски поредок, наспроти надминатите политички системи во Источна и Југоисточна Европа и на Балканот.

Четврто, Декларацијата стана силен забрзувач на промените со кои се отстрануваа идеолошките и другите наследени атрибути на Федерацијата, а на нивно место се воспоставуваа јасни обележја на независноста и сувереноста.

Една од најзначајните одлуки беше Одлуката за распишување референдум, на кој граѓаните требаше да се изјаснат за иднината на Македонија.

По нејзиното донесување се случи еден редок и незаборавен момент. Иако беше дадена пауза, сите останавме во собраниската сала. Како нешто одеднаш да нè тресна по глава и да нè освести: оваа историска можност никако не смее да се пропушти!

Со таква решителност ја започнавме референдумската кампања. Посетивме сè што можеше да се посети и го анимиравме секој што можеше да придонесе: градови, села, населени места, институции, фабрики, градилишта, цркви, џамии, па дури и бачила и воденици.

Најголемиот товар го понесе ВМРО-ДПМНЕ, заедно со прогресивниот дел од составот на СКМ-ПДП. Други, пак, остро застанаа против референдумот. Резултатите од гласањето за нив беа жешка шлаканица од која, и по 35 години независност, образите сè уште им црвенеат и ги болат.

Одѕивот од кампањата беше извонреден. Заедно со претходно донесените одлуки, тој веќе го навестуваше резултатот што сите нè израдува.

Дојде судбоносниот 8 септември 1991 година.

Тоа беше семакедонска, весела и радосна свадба.

Луѓето нагрнаа како надојдена река уште пред да се отворат гласачките места.

Кога, како оперативец, рано изутрината по осум часот го дадов својот прв извештај, реков:

„До пладне ќе бидат исполнети двата цензуса и ние ќе бидеме самостојна држава!“

Тој 8 септември донесе нешто ново и дотогаш незабележано во поновата историја на македонскиот народ:

  1. Со антологиската масовна излезност народот докажа дека ја ослободил својата долго заробена надеж.
  2. Резултатите јасно покажаа дека Македонецот ги прифатил универзалните вредности врз кои се темелат демократијата, опстанокот и спокојството: правото на живот, слободата и стремежот кон среќа. Тоа се вредности што се развивале од Големата повелба на слободите – Магна карта од 1215 година, преку Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави, па сè до современите демократски држави.
  3. Во текот на целиот ден беше покажана суштината на демократијата – совршената рамнотежа меѓу поединецот и мнозинството. Поединецот го даде својот глас, а вечерта мнозинството му возврати со заедничка победа.
  4. Оваа битка ја доби народот. Кога народот победува, како што победи на тој историски ден, положувајќи го својот демократски испит не со десетка, туку со чиста дванаесетка, победници се сите, поразени нема, а печатот на тапијата останува неизбришлив.
  5. Најважна беше пораката до сите граѓани, до идните генерации, до соседството, меѓународната јавност и до сите институции што одлучуваат:

Иднината што доаѓа не ни е однапред определена од некој друг. Таа е плод на нашите одлуки – на одлуките што македонскиот народ во пресудните мигови сам ги носи за себе.

Токму таква беше величествената одлука донесена на 8 септември 1991 година.

Потоа пристигнаа резултатите и се славеше низ цела Македонија и меѓу Македонците во дијаспората. Но времето нè притискаше и немавме право на одмор. Резултатите веднаш беа верификувани, а на 17 септември Собранието ја потврди волјата на граѓаните за независност.

Само два месеца подоцна, на 17 ноември, го донесовме Уставот на независна, суверена и самостојна Македонија.

За само десет месеци го остваривме копнежот на македонскиот народ, кој со векови гореше во срцата и душите на луѓето.

Со ваков народ, Македонија ќе сонува уште многу убави и радосни соништа – и ќе ги претвора во јаве.

На крајот, порака и до злобниците:

Што и да правевте – залудно беше!

Еве ја Македонија – силна, здрава, исправена и горда, со цврста вера и надеж во блескава иднина.

Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

 

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top