Култура и туризам
Среда, 18 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Овие МИСТЕРИИ за Македонија сигурно не сте ги знаеле?!

tikvesko-ezero-180На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат 'чуда' од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци и луѓе. Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит.

Повеќе...
 
Среда, 18 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
РЕСЕН - ОПШТИНСКИ И ПЕЧАЛБАРСКИ ЦЕНТАР НА ПРЕСПА (28)

3 copy copy copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 
Среда, 11 Септември 2024 08:38    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКО АМЕРИКАНСКАТА ПИСАТЕЛКА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНА Емилија Кукубајска (1979, Либија – 2006, Македонија)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 2 copy copy copy copy copy copy copy copy

МАКЕДОНСКО АМЕРИКАНСКАТА ПИСАТЕЛКА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНА Емилија Кукубајска (1979, Либија – 2006, Македонија)

Повеќе...
 
Среда, 11 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Мисијата на Кирил и Методиј

sveti_kiril-1Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?

Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел словенскиот јазик пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. Го обвинувале за ерес зашто го вовел словенскиот јазик меѓу привилегираните, кои тој статус го заслужиле зашто биле испишани на крстот на Исус.

Константин бил роден во 826/827 година во угледно византиско семејство од Солун. Бил седмо и најмало дете на Лав и Марија кои му овозможиле врвно образование - се школувал на највисоката школа во Цариград, во царската палата Магнаур која имала ранг на универзитет. Станал библиотекар во Цариградската патријаршија во највеличествената црква во светот во тоа време - Св. Софија, а подоцна предавал филозофија на Магнаурската школа, каде што ја добил титулата Филозоф.

Како голем ерудит, со талент за јазици и дипломатска вештина, од византискиот двор и Цариградската партијаршија бил испратен во три историски мисии. Во првата, Арапската кај Сарацените (во денешен Ирак), имал само 24 години. Во втората - кај Хазарите (денешна Русија) и во третата - кај Словените во Панонија и Моравија (денешна Чешка) учествувал заедно со својот најстар брат Методиј.

Првите две мисии имале државно-верски карактер, а третата мисија била просветителска. Таму биле испратени од византискиот император Михаил Трети на барање на моравскиот кнез Ростислав. Со неа солунските браќа ги поставиле темелите на словенската култура и просвета. Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на неговиот роден Солун, кој го знаел од детството, Константин ја составил првата словенска азбука - глаголица со 38 букви. Со префинет осет за секој глас да создаде знак, употребил букви од грчкиот алфавит, знаци од други јазици, а и самиот измислил нови. Говорот на македонските Словени го издигнал на ниво на прв книжевен јазик. Со Методиј и нивните вредни ученици со новото писмо превеле црковни книги од грчки на старословенски јазик и во 863 година подготвени тргнале во нов поход, на мисија во Моравија, каде што останале 40 месеци.

Нивната макотрпна работа резултирала со преполни цркви и луѓе кои првпат слушнале богослужба на разбирлив јазик за нив. Силниот отпор на латинско-германското свештенство, разгневено поради масовниот одлив на верниците, ги одвело солунските браќа до папскиот двор. Но, таму биле примени со највисоки црковни почести - затоа што биле мисионери на моќната Византија, но и зашто со себе носеле нешто вредно.

За време на Хазарската мисија, Константин во Херсон имал археолошки подвиг. Седум и пол века по маченичката смрт на Крим, ги открил моштите на Климент Први, четвртиот папа и соработник на апостол Петар, кој поради ширењето на христијанството бил прогонет од царот Трајан и удавен во 101 година. Пронајдените мошти Константин му ги предал на папата Адријан Втори во Рим. Тој ги пречекал творците на словенската писменост со церемонија која траела три дена, како што посочил биографот на Кирил во неговото житие во „Панонските легенди“.

По Цариград, и Рим официјално го признал словенскиот јазик за рамноправен со другите. Папата бил убеден во оправданоста на Моравската мисија и во разумното тврдење дека секој народ треба на својот јазик да разговара со Бога, па лично ги зел во заштита словенските книги и ги осветил. Во Светата столица била отслужена богослужба на словенски јазик. Напредните ученици добиле свештенички чинови, а и Константин во Рим стапил во калуѓерски ред и го добил монашкото име Кирил. Таму и починал на 14 февруари 869 година, завршувајќи го животот изнемоштен и болен на 42 години. Закопан е во базиликата Св. Климент (Сан Клементе), посветена на светецот со чии мошти дошол во вечниот град.

Битката за писменоста на Словените не престанала. Неа уште 16 години ја водел братот Методиј, до својата смрт во 885 година. Моравската мисија завршила со прогонство на нивните ученици. Некои од нив исчезнале, некои биле продадени како робови, но тројца истакнати - Климент, Наум и Ангелариј, го продолжиле просветителското дело на југ.

За животот и делото на Кирил и Методиј има огромна библиографија, напишани се над 10.000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име. Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Чествувањето со различни манифестации продолжува до денеска, а меѓу нив централно место има Поклонението на гробот на св. Кирил во базиликата Св. Климент во Рим. Првпат е организирано во 1969 година, за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.

 
Среда, 11 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
ЦРКОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО ПРЕСПА (27)

3

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 
Среда, 11 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
25 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ОД ХИРОТОНИЈАТА НА ЕПИСКОПОТ СТРУМИЧКО – СКОПСКИ - КИРИЛ СТОЈАНОВ

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА КАТОЛИЧКАТА ЕПАРХИЈА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ СТРУМИЦА- СКОПЈЕ

Повеќе...
 
Среда, 04 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Гостивар во минатото

old-gostivar-240

 

 

 

 

 

 

 

Ја сум Трифуноски Симе, сега жител во Гостиар. Меѓутоа, сум роден во село Долно Јеловце во илјада деветстотини триесет и прва година. У ствари, триеста година, а преселени сме во Гостивар илјада деветсто триес прва година, така да нашите роднини работеле во Романиа, спечалиле некој динар и направиле куќа во Гостивар. Откако е направиле куќата, се доселиле во Гостиар.  Мие од село коа сме дошле, сме донеле и крави, сме напраиле и амбари дома, сме рачунале полу-селски, полу-градски да живееме. Бидејќи Гостивар беше претежно тоа време бил и беше земјоделски град, така да секоја куќа имала по еден ул’чук, два, три и чувале по една крава, две. Со тоа така егзистенција имале. Народот бил многу сиромашен тоа време. Голем дел само од домашните производи се бавел, од тоа преживуал. Еден дел граѓаните биле по гурбет. Другиот дел ситни занаетчии, мали, меѓутоа сиромаштија, немало кој кому да продават за да имат добра зарада и егзистенциа. Така се живило денеска за утре. Без многу печалби и богатење. Така тоа-време. (...)

Повеќе...
 
Среда, 04 Септември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
ПРИДОНЕСОТ НА ПРЕСПА ВО НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА (26)

3 copy copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 
Среда, 28 Август 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Поречкиот Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“

porecki-manastir-180Се наоѓа над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод, во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа.

Повеќе...
 
Среда, 28 Август 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ ЈА ПРАВАТ ПРЕСПА ПОЗНАТ КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА (25)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.