Култура и туризам
Среда, 26 Декември 2018 05:00    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „ЗЛАТНИОТ ЧАСОВНИК ШТО ГО ЗАПРЕ ВРЕМЕТО“ ОД ДИПЛОМАТОТ ДОРАКОВСКИ

131

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „ЗЛАТНИОТ ЧАСОВНИК ШТО ГО ЗАПРЕ ВРЕМЕТО“ ОД ДИПЛОМАТОТ ДОРАКОВСКИ

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2018 05:00    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (3)

1ER

ДЕЛ ОД БИОГРАФИЈАТА НА ЕСМА – II ДЕЛ

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2018 05:00    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (23)

1MAN

СЛИВНИЦА И МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА  II дел

Според поголемиот број податоци во пишаните документи се вели дека манастирската црква Света Богородица е изградена во 1607 година, за време на игуменот јеромонах Никанур. Податок што е зачуван на натписот на влезот во црквата од внатрешната страна. Како дарители-ктитори се споменуваат повеќе лица од различни места на Македонија.

Притоа посебно место му припаѓа на Михајло и Стојна Петкови со синот Купен од Битола. Според еден натпис манастирската зграда (конаците, подрумите и другите простории и објекти) се подигнати пред изградбата на црквата. Веројатно делови од манастирот се доградувани и подоцна ce до 1617 година. Нартексот (предворјето) е соѕидан во 1612 година.

За жал, грчкиот владика Мелетиј наредил да се изгорат старите книги на манастирот. Тие биле сокриени во манастирските бочви, но биле пронајдени и запалени. Се раскажува дека книгите „гореле цела недела". Но, исто така, се раскажува дека овој манастир бил еден од најбогатите манастири во областа Преспа. Поседувал голем недвижен имот: ниви, ливади, лозја во Претор, Курбиново, Грнчари, Сливница, Цапари и Раби, дуќани во Битола, маслинови градини во Елбасан и големи пространства на борова, дабова и букова шума.

Во фрескоживописот на црквата е карактеристично присуството и сликата на шестнаесеткракото сонце од Кутлеш (Палатица). Импресивно дејствува и фреската на седмочислениците, потоа на Св. Кирил Филозоф со Св. Спиридон, лицето Купен и други.

Самата црква во 1612 година била доградувана и живописувана. Уништениот живопис во  1645  година бил  повторно  насликан.   Извонредна  резба откриваат:   иконостасот, царските двери, престолните икони, изработени во 17-от век. Веќе во 19-от век црквата била добро обновена, биле изградени помошни простории и камбанаријата.

2MAN

Манастирот Света Богородица бил постојан центар на просветата, а во одлучните моменти од нашата историја во него се развивала и револуционерна дејност. Голема штета на црковната библиотека и нанел грчкиот владика Мелетиј кој ги уништил вредните ракописи и книги.

Во 1942 година во манастирот Света Богородица бил сместен одред од италијанската војска, кога биле и опожарени манастирските конаци. Во предилинденскиот период во Сливница, Брајчино и други места биле организирани илегални курсеви за свештеници, кои биле подготвувани да служат на мајчин јазик, наспроти гркофилската политика на грчкото свештенство. Овие организациони форми доаѓале од Централниот комитет на ВМРО.

Овој дел од Преспа станал, главно, печалбарски. Се знае дека во 1907 година Кузман Попов прв од печалбарите од Сливница ја повел и својата жена на печалба во Америка. Денес голем број сливничани живеат во САД, Канада, Австралија.

Иселениците честопати донираат за црквите и за манастирот. Така, бевме информирани дека, на пример, Ѓорги Ѓоргиевски од Лос Анџелес донирал 1440 долари, исто така и Стеван Стерјовски од Торонто оставил 2400 долари. Бранко Бојчевски од Чикаго донирал 650 долари, итн. Донираат од сите преспански села, забележани се 22 села од Преспа. Сите донации се редовно водени и забележани во црковните книги.

Сливничани за своја главна селска слава ја имаат Мала света Богородица, денот на манастирот. Уште во минатото на 20/21 септември се одржувал панаѓур, кога доаѓал народ од сите населени места од Преспа, а и од Битолско, особена од селото Маловишта, кое е сместено во пазувите на Баба Планина, од другата страна на Пелистер.

3MAN

Панорама на селото Сливница

На тој ден народот спиел во манастирот спроти празникот Мала света Богородица; свирела музика преку цела ноќ. На Манастирот народот му подарувал разни донации (пари, предмети, овци и говеда), другарувал, стекнувал нови пријателства, се веселел, а преку песната и орото, во исто време, ја изразувал и љубовта и тагата и почитта кон Манастирот, кон својата поробена Татковина.

Така живеел Слимничкиот манастир со векови во минатото, велат слимничани. Се очекува таквата традиција да продолжи и во иднина кога тие ќе им пружат добредојде на сите намерници и вљубеници во црковното, културното и духовното богатство на Преспа и на Македонија.

Манастирот Света Богородица во Сливница е монументално сведоштво за минатото, сегашноста и иднината на македонското црковно-културно наследство. Благодарение на населението од Сливница, на голем број донатори како од Преспа, така и од прекуокеанските земји, потоа приватни и државни установи и претпријатија, членови на Манастирскиот одбор и Месната заедница, Собранието на Општина Ресен, Заводот за заштита на спомениците во Република Македонија, Преспанско-пелагониската епархија и на други добронамерници, манастирот Света Богородица е обновен.

Во перодот 1994-1998 година се обновени 20 конаци во кои има 90 легла. Притоа, треба да се нагласи посебната грижа и несебичниот однос за покренување иницијативи за обнова на Манастирот, на Божин (Бошко) Нечевски од Сливница кој, уште во 1970 година, ја започнал својата добронамерна дарителска акција да се направи чешмата во манастирскиот двор и кој беше сведок на сите обнови, поправки и нови градби..

Манастирот Света Богородица бил свето место на зближување меѓу христијаните. Затоа македонскиот народ и денес го заштитува со најсовремени научни методи, го чува и се грижи за тој објект кој постојано е отворен и достапен за секој добронамерен верник, почитувач и проучувач од кој било дел на светот, а мајсторите и донаторите комуницирале низ овие градби според своите духовни доблести.

Денес Слимничкиот манастир Света Богородица продолжува да го живее својот живот како во минатото. Манастирот го посетуваат верници, добронамерници, новинари кои пишуваат за се она што се случувало во и околу минатото, во сегашноста, истражувачи кои ги проучуваат неговите културно-уметнички вредности, гости и туристи.

4MAN

Свети Кирил филозоф и Свети Спиридон

Бидејќи манастирот Света Богородица обилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Република Македонија.

Продолжува

 

Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

 
Среда, 19 Декември 2018 06:00    PDF Печати Е-пошта
ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА
bil2
ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”
Повеќе...
 
Среда, 19 Декември 2018 05:00    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (2)

Esma1

ДЕЛ ОД БИОГРАФИЈАТА НА ЕСМА -  I ДЕЛ

Повеќе...
 
Среда, 19 Декември 2018 05:00    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (22)

Manastir1

СЛИВНИЦА И МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА  I дел

Повеќе...
 
Среда, 12 Декември 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
ВРЕМЕ Е

vreme eЧедомир Б.Шопкиќ

Повеќе...
 
Среда, 12 Декември 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (1)

esma

55 ГОДИНИ ЕСМА СО НЕЈЗИНАТА ПЕСНА

Повеќе...
 
Среда, 12 Декември 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (21)

123

ПРЕДАНИЕ ЗА ГОЛЕМИОТ КРСТ И ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Повеќе...
 
Четврток, 06 Декември 2018 20:33    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

g2МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН

СВЕТА БОГОРОДИЦА

Неосквернета, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање, си го соединила Бога - Слово со луѓето и си ја собрала отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото. Ти си надеж на очајните, Ти си помош на борците, Ти си готова закрила на оние што доаѓаат кај Тебе, Ти си заштитница на сите христијани.

He ce гнаси од мене грешниот и нечистиот, кој со срамни помисли, зборови и постапки се направив сосема негоден, и, поради лекомислие, свесно станав роб на животните наслади. Но, бидејќи си мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво смилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва што Ти ја принесувам со нечиста уста.

Послужи се со својата мајчинска слобода и помоли го Твојот син и наш Владика и Господ да го отвори за мене човекољубивото срце на Својата благост и, без да гледа на многубројните мои прегрешенија, да ме обрати кон покајание и да ме направи добар исполнител на Своите заповеди.

Ти си милостива, доброљубива, биди секогаш со мене. Во сегашниот живот биди ми топла застапница и помошница, прогонувај ги непријателските напади и води ме кон спасение.

Во часот на мојата смрт, зачувај ја мојата душа и отстрани ги од неа далеку мрачните виденија на лошите духови. А во страшниот ден на судот, избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата слава на Твојот Син и Бог наш, која сакам да ја примам, Владичице моја, преку Твоето посредништво и застапништво, по благодатта и човекољубието на Твојот еднороден Син, Господ, и Бог и Спасител наш Исус Христос.

Нему му прилега слава, чест и поклонување, со Неговиот безпочетен Отец и пресветиот, благ и животворен Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

bogorodica

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, та преку Тебе да ги спаси нашите души.

Надеж ми е Отецот, засолниште - Синот, а покров ми е Духот Свети, Светите Тројца, слава Ти.

Целата моја надеж ја прилагам во тебе, Мајко Божја, заштити ме под Твојот покров.

Владико многумилостив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небесни сили, на чесниот славен пророк, претеча и крстител Јован, на светите сефални апостоли, на светите славни и добропобедни маченици, на преподобните и богоносни отци наши, на светите праведни богоотци Јоаким и Ана, и на сите светии, направи ја благопријатна нашата молитва, дарувај им прошка на нашите прегрешенија, отстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господи, помилуј не нас и Твојот свет, и спаси ги нашите души, зашто си благ и човекољубив

bog

Света Богородица во Кичево

ТРОПАР ЗА РАЃАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (МАЛА БОГОРОДИЦА – 21 СЕПТЕМВРИ)

Глас четврти: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од Тебе блесна сонцето на правдата - Христос нашиот Бог, Тој ја разруши клетвата и ни даде благослов, ја уништи смртта и ни дарува живот вечен.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и

СЛАВЕ КАТИН

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.