|
||||
Венко Филипче не смее да молчи |
Венко Филипче, јавноста има право да дознае дали е точно дека Зоран Заев му дал „стик“ со прислушкувани материјали на поранешен премиер на Бугарија? Што содржел тој „стик“ и кои се лицата и темите опфатени во материјалите? Ако постои таков материјал, да објасни јавноста зошто неговиот ментор го поделил и за какви цели бил даден, дали за политичка размена на поддршка или за други, конкретни договори? Покрај тоа, да одговори: дали Зоран Заев понудил шема, логистичка и финансиска за купување на две крупни компании во Македонија од фирми блиски до поранешен бугарски премиер? Дали една од тие компании е телевизија која требало да служи како платформа за пропаганда или влијание во нашата јавност за Бугарија? Дали сето ова е дел од неформален „дар“ во замена за поддршка од Бугарија за СДС/Заев во сегашноста и за идни избори? Каде се парите, кои се учесниците, и кои канали биле користени за таа наводна шема? Дали поранешниот премиер на Бугарија со кој Заев е во контакт стои зад кампањата на СДС? И доколку е така, дали тоа е обид за надворешно влијание врз нашиот политички процес? Венко Филипче и Зоран Заев мора јавно да ги обезбедат сите релевантни податоци или да дозволат независна истрага. Јавноста заслужува потполна транспарентност, не половични објаснувања и не политички манипулации. Ова не е само прашање на партиска бранша, туку прашање на национална сигурност, суверенитет и слобода на медиумите. Народот бара одговори, а на локалните избори ќе ја даде својата пресуда. |