Среда, 17 Ноември 2010    PDF Печати Е-пошта
Грчката авијација ја бомбардира Република Македонија!

greek-aviation

3 март 2037 година

Денес околу 05 часот наутро седум грчки борбени авиони извршија напад врз Република Македонија. Прво е бомбардирана  касарната "Стив Наумов" во Битола, каде загинаа деветмина македонски војници. Македонската против-воздушна одбрана не успеала да реагира. Во битолската касарна три проектили паднале на пистата, два проектили го погодиле магацинот за оружје, по што дошло до експлозија. Овде загинале деветмина-та војници. Два проектила паднале и  до оградата на касар-ната. Истите авиони подоцна го бомбардирале и полигонот во Криволак. Врз бараките биле истрелани десет проектили. Таму нема загинати, а полесно е ранет еден офицер...

Не плашете се, оваа вест не е вистинита! Тоа е извадок од романот од Александар Донски под наслов "ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА".

Овој возбудлив трилер никого нема да го остави рамнодушен!

Врз основа на реални претпоставки, авторот нуди свое видување за идните политички настани што можат да се случат во светот, кои можат да доведат до обединување на Македонија!

Возбудливиот трилер почнува кога во 2011 година во Овче Поле се откриени огромни резерви нафта (авторот посочува вистинити изјави од експерти кои тврдат дека Овче Поле "лежи" на нафта). Истовремено власта во Кувајт и Саудиска Арабија ја превземаат исламски радикали, кои престануваат да ги снабдуваат САД со нафта. Во Франција и Русија на власт доаѓаат десничарски режими, а Грција ги заострува односите со САД поради приближувањето на САД кон Македонија поради нафтата...

Почнуваат процеси кои детално и прилично реално се опишани... Антагонизмот помеѓу САД и Македонија од една и Грција (помагана од Франција и Русија) од друга страна доаѓа до точка на вжештување. Судирот е неизбежен...  Македонците во егејскиот дел почнуваат со илегални вооружени акции тајно помагани од Република Македонија и од ЦИА, а Грција ги обвинува Македонија и САД дека стојат зад нив. Непријателствата се зголемуваат (што во романот детално е прикажано), па во еден миг грчката авијација ја бомбардра Република Македонија. Во очај Македонците преку референдум се изјаснуваат за влегување во конфедеративен однос со САД. Американскиот Конгрес во кој доминираат републиканците ја прифаќа одлуката поради македонската нафта...  Маринците се истоваруваат во Македонија под изговор дека ќе ја чуваат нејзината стабилност. Набргу се случуваат погранични инциденти. Грција е поттикнувана од Франција и Русија да не попушта. Од Русија набавува најсовремено против-воздушно оружје. Грчките погранични единици убиваат неколкумина маринци и војници на АРМ, кои наводно влегле на грчка територија... Војната е неизбежна. САД и АРМ од една, а  Грција од друга страна. Весникот "Македонија Инфо" бурно ги следи сите овие настани... На неговите страници се менуваат возбудливите наслови, од кои издвојуваме само неколку:

НОВА ОФАНИЗАВА НА МАКЕДОНСКАТА ОСЛОБОДИТЕЛНА АРМИЈА?

Лерин 18 јули 2037 година.

Борците на МОА денес извршија напади врз пунктовите со грчките воени и полициски сили на неколку места низ егејски-от дел на Македонија.  Нападите главно биле извршни од насока на околните планини. Биле забележани судири во близина на неколку лерински села. Грчките вооружени сили возвратиле на огнот, а дејствувала и авијацијата. Портпа-ролот на грчката армија изјави дека во борбите загинале околу педесет бунтовници. Нема податоци за жртви и повредени на грчка страна....

(...)

АМЕРИКАНСКИТЕ НОСАЧИ НА АВИОНИ ТРГНАА КОН ЈОНСКОТО МОРЕ

Пентагон 12 август 2037 година.

Два дена по убиството на тројцата маринци на македонско-грчката граница, американските носачи на авиони "Вашингтон","Калифорнија", Алабама" и "Кастер" кои дејст-вуваат во рамките на Шестата флота, добија наредба за впловување во водите на Јонско Море. Состојбата е мошне напната. Аналитичарите сметаат дека се работи за акт на притисок врз Грција и дека натамошниот тек на настаните е неизвесен.

(...)

ПОЧНА БОМБАРДИРАЊЕТРО НА ГРЦИЈА.

21 август 2037 година.

Системот за тревога во неколку градови во Грција денес се огласи во доцните попладневни часови. Американската авијација стационирана од базите во Италија и од носачите на авиони од Шестата флота, изврши напад врз воени објекти во Атина, Солун и Волос, а беа бомбардирани и трите воени аеродрома Андравида, Араксос и Танагра, како и воената база во Елеусис. Во нападот учествувале сто и деведесет ловци и бомбардери. Нанесена е голема материјална штета, а има и десетици жртви. Снимките прикажани на грчките ТВ станици покажаа дека во нападот на Атина била погодена и станбена зграда, во која загинале петмина станари. Грчката противвоздушна одбрана реагирала и, според нивните инфор-мации, биле погодени вкупно седум авиони.

(...)

ПОЧНА КОПНЕНАТА ОФАНЗИВА!

5 септември 2037.

Ноќеска околу два част по полноќ, моторизираните единици на американската армија  со силна воздушна поддршка, ја поминаа границата и навлегоа на територијата на Грција во егејскиот дел на Македонија. Во офанзивата учествуваат и единици на АРМ. Операцијата под назив "Слобода за Македонија", чиј почеток веќе извесно време беше најавуван, конечно почна. Заедничките американско-македонски сили извршија пробив преку границата во три насоки и тоа кон Лерин, Кукуш и Серска Џумаја. Според податоците од Пентагон во офанзивата е планирано да учествуваат вкупно околу 250.000 илјади маринци на чело со генерал Винстон. АРМ учествува со вкупно околу 45.000 војници...

(...)

ЛЕРИН Е ОСЛОБОДЕН!

Лерин 20 септември 2037 година.

По еднонеделни жестоки борби и по повлекувањето на грчката армија, денес околу десет часот претпладне, првите единици на американската армија, придружувани од пешадиска единица од АРМ, влегоа во Лерин. Иако поголемиот дел од населението на овој град побегна поради воените дејства, сепак на плоштадот се собра група од околу две илјади Македонци, кои воодушевено го поздравија ослободувањето на својот град. Во тек се активности за обновување на виталните функции на градот; водоснабдувањето и струјата. И натаму се слушаат поединечни пукотници од периферијата, но сите делови од градот се под контрола на нашите. Во Лерин стигна и единица од стотина борци на МОА, главно жители на тој крај. Грчката армија се повлече кон Невеска, каде се очекува да биде организирано ново одбранбено упориште. Во битката за Лерин загинаа седумдесет и двајца маринци и осумнаесет припадници на АРМ, додека загубите на грчка страна се непознати...

(...)

Американски војник на улица во ослободениот Лерин

ПОСТИГНАТО ПРИМИРЈЕ - ГРЧКАТА ВЛАСТ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!!!

Анкара 18 ноември 2037 година.

Војната заврши! Грција се повлекува од егејскиот дел на Ма-кедонија! Ова е накратко резимето на договорот што во Анкара беше постигнат меѓу завојуваните страни САД и Република Македонија од една и Грција од друга страна. Во официјалното соопштение што беше прочитано по состанокот, истакнато е дека прекинот на огнот ќе  стапи во сила веднаш. Во рок од две недели Грчката армија, полиција и цивилна власт ќе мора да се повлечат од сите градови и села на Македонија и ќе треба да се стационираат јужно од планините Хасија и Олимп.  Истовремено и АРМ ќе треба да се повлече во границите на Репубика Македонија, додека војската на САД ќе остане привремено, с# до доаѓањето на мировни сили на ООН, по што и таа ќе се повлече. Македонија ќе стане под управа на ООН во текот на три години, а потоа ќе се одлучува што понатаму. Македонија формално ќе остане дел од Грција, но грчката власт нема да има ингеренции на нејзина територија. Сите бегалци, чија бројка се проценува од околу милион и половина, ќе можат да се вратат во своите домови. Паралелно со власта на силите на ООН, ќе биде формирана и регионална и локална власт од домородно население. Единиците на МОА целосно ќе се разоружаат и демобилизираат. Халкидик (Света Гора) ќе ја задржи својата автономија и тамошните манастири и цркви ќе бидат под директна заштита на ООН. Во Македонија ќе биде овозможена слободна употреба на сите јазици на кои зборуваат мнозинството припадници. Солун ќе биде прогласен за 'отворен град', чие пристаниште ќе можат да го користат и Грција и САД.

Следуваат уште некои од насловите:

ГРЧКАТА АРМИЈА ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА;

СТОТИЦИ ИЛЈАДИ БЕГАЛЦИ ЗАМИНУВААТ ЗАЕДНО СО АРМИЈАТА;

ТРИЕСЕТ И ДВЕ ДРЖАВИ ОДВОИЈА ВОЈНИЦИ ЗА МИСИЈАТА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА;

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ МИРОВНИЦИ ОД ООН;

ПОЧНА ДОБРОВОЛНОТО РАЗОРУЖУВАЊЕ НА БОРЦИТЕ НА МОА;

СУДИЈАТА МАНФРЕДИ ОД ИТАЛИЈА НАЗНАЧЕН ЗА ЦИВИЛЕН АДМИНИСТРАТОР ВО  ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА;

АМЕРИКАНСКАТА  ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА;

ПОЧНА СОЗДАВАЊЕТО НА ЦИВИЛНИТЕ ОРГАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА;

МАКЕДОНЦИ ИЗБРАНИ ЗА ЛОКАЛНИ УПРАВИТЕЛИ НА ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ;

ФОРМИРАНИ ГРЧКИ ЕНКЛАВИ;

ГРЦИТЕ ДЕМОНСТРИРААТ ПРОТИВ МИРОВНИЦИТЕ НА ООН;

ФОРМИРАНА ПАРТИЈА НА ВЛАСИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА;

ГРЧКИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕМААТ УСЛОВИ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА...

Ова е само мал дел од возбудливата содржина на романот "ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА", чиј рецензент е Гордица Величковска (тогашен главен уредник за култура во Првата програма на Македонското радио). Поради исклучително контроверзната и провокативна содржина на овој роман, некои медиуми одбија да објават информација за неговото излегување!

Нарачајте го Вашиот примерок по цена од само 300 денари! Цената за во странство е 10 ЕУР (20 АУСД). Поштарината е на наша сметка!

 

ИНТЕРВЈУ СО АВТОРОТ АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

aleksandar-donskiДАЛИ ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ПО ПАТ НА ВОЈНА?

Пред извесно време во издание на ЕМАРИ од Штип, излезе од печат најновата книга од Александар Донски со провокативен наслов "Обединувањето на Македонија". Рецензент е Гордица Величковска (Главен уредник за култура на Македонското радио). Книгата наидува на голем интерес во македонската јавноста, иако некои субјекти ја окарактеризираа како "опасна и провокативна". Ја искористивме оваа прилика за разговор со авторот.

Опишете ни ја накратко содржината на романот "Обединувањето на Македонија"?

Тоа не може да се направи во неколку реченици. Многу накратко. Во Р. Македонија се открива нафта и заради тоа доаѓа до уште поголемо зближување со САД, што пак наидува на отпор кај Грција и масовно антиамериканското расположение таму. Истовремно во Кувајт и Саудиска Арабија доаѓаат на власт радикални исламски режими, кои го прекинуваат да ги снабдуваат САД со нафта. Така, САД се свртуваат кон македонската нафта и постепено почнува антагонизмот со Грција (која добива поддршка од Франција и од Русија). На крајот тоа резултира со војна и ослободување на егејскиот дел на Македонија со помош на армијата на САД и АРМ. Претходно во овој дел на Македонија е организирано востание на Македонците кое го помагаат добро обучени воени инструктори уфрлени однадвор, т.е. од дијаспората.

Колку сето ова е плод на фантазија, а колку на реални политички проценки?

Иако ова е роман, истиот е заснован врз реални политички проценки. На пример, во РМ и навистина се вршени истражувања за откривање нафта. Обете странски фирми (словенечка и канадска) кои тоа го правеа изјавија дека во Овче Поле има нафта. Во Кувајт и Саудиска Арабија и навистина има сериозни навестувања дека радикалните исламисти можат да ја превземат власта и да го прекинат доставувањето нафта за САД, а за подрдршката на Франција и Русија кон Грција, нема потреба да зборувам.

Многумина ја оценија оваа книга како најпровокатина книга што досега се има појавено во РМ.

Книгата навистина е жестока. Во детаљи се опишани идните бомбардирања врз Република Македонија од страна на грчката авијација, но и подоцнежната воена интервенција на САД во егејскиот дел на Македонија и бомбардирањето на Грција од носачите на авиони од Шестата флота.

Дали сметате дека опишаното во книгата навистина може да се случи во иднина?

Ќе видиме... Факт е дека за да се отргне насилно територија од некоја држава,  потребна е многу помоќна воена сила од нејзината. Оваа вистина е испочитувана во романот во кој најмоќната армија на светот, американската заради интерес кон македонската нафта (помогната од АРМ и од македонските востаници во егејскиот дел) превзема воена интервенција против Грција и го ослободува егејскиот дел на Македонија.

Како течат настаните потоа?

По мировните преговори што се одржуваат во Турција, договорено е поразената грчка армија и администрација да се повлечат од егејскиот дел, но тоа да го сторат и армијата на САД и АРМ, додека на македонските востаници им е наложено да се разоружаат. Заедно со грчката армија од Македонија се повлекуваат над еден милион Грци, а оваа територија прив-ремено е ставена под управа на администратор од ООН. По три години, организиран е референдум во кој Македонците, Власите и Албанците од егејскиот дел се изјаснуваат за создавање независна "Република Јужна Македонија". Солун е прогласен за отворен град, а Света Гора добива автономија. Преостанатите Грци се самоорганизираат во енклави и почнуваат акции на разновиден отпор против новата власт. Но, почнува доселување и на етнички Македонци од дијаспората и од вардарскиот дел, кои таму добиваат поволни услови за работа. Потоа се организираат парламентарни избори на кој победува коалиција од не-грчки партии. Постепено, граѓани од вардарскиот дел, со парите добиени од македонската нафта, почнуваат откуп на имотите на пребеганите Грци од егејскиот дел... Границата меѓу двата дела на Македонија почнува да се реалитивизира, прво преку царинска унија, а потоа и се укинува. Но, ова сето е прикажано во уметничка конотација, преку личната судбина на еден наш несреќен сограѓанин.

А што е со пиринскиот дел?

Бугарија постапува прагматично како и многу пати досега, па откако согледува дека САД воено помагаат на Македонија, им дозволува  на Македонците  широка автономија. Но, не можам сега да го раскажувам целиот роман...

На предната корица и внатре во книгата има фотографија на маскирани лица во црни униформи со националните македонски знамиња цо позадина.  Дали се тие луѓе автентични или можеби се еден вид "манекени" фотографрани за потребите на Вашата книга?

Не се манекени. Тоа се припадници на организацијата "Македонски лавови" од Германија, чиј водач ми е добар пријател. Фотографијата е од една нивна прес-конференција пред западни медиуми.

Дали ја сметате оваа книга за опасна?

Секако дека не. Ова, сепак, е само книга. Меѓутоа факт е дека нашата јавност не е навикната на вакви содржини кои се случуваат во Македонија, иако на Запад тоа е вообичаено. На пример, постојат десетици американски филмови во кои САД се уништени или разурнати од разни субјекти, па никој заради тоа таму не се возбудува. Малку возбуда не е на одмет, зарем не?

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.