Среда, 30 Септември 2009    PDF Печати Е-пошта
“Грција“: Made in Germany

greece-made-in-germany
Новата држава не се надоврзува на непосредното минато, како што било зачувано во популарната меморија, туку се адаптира себе си врз популарната слика за античкото грчко минатото која беше создадена од Западот. Таткото на Ото, кралот Лудвиј Први од Баварија, беше опседнат со античка Грција и ги израсна своите деца со аспирацијата дека еден ден едно од нив ќе царува со оваа славна земја. (1)

Германската опсесија со Елинските антички градови-држави започна во 18 век и почна да циркулира преку општествените кругови и образовните системи. Конечно, овој нов култ на личноста ќе изврши влијание врз народните маси на новата земја маса и ќе стане познат како “Грција“ во 1821. Со други зборови Германците со сила ја создале модерна Грција и современите Грци врз романтичарската германска аријанистичка филологија. (2)

Тоа истиот оној Аријанизам кој Мартин Бернал го стави под знак прашање во 1987 година, со кој страста на јавноста беше подигната од модерните Грци и научници од целиот свет. (3)

Писателор Никос Димоу го искажа следново во едно неодамнешно интервју за Њујорк Тајмс:
„Тоа е вина на Германците“, рече г-дин Димоу за грчката гордост во овој случај. Обраќајќи се кон Johann Winckelmann, германскиот историчар на уметноста од 18-тиот век во чијашто визија за античка Грција напишал: „населена со убави, високи, руси, мудри луѓе, претставувајќи совршенство“, како што г-дин Димоу истакна, тоа и беше наметнато на земјата за да го обликува на модерниот грчки идентитет. (4)

„Ние порано зборувавме албански и се нарекувавме себеси Ромејци, но тогаш Винкелман, Гете, Виктор Хуго, Делакроа, сите тие ни рекоа: „Не, вие сте Елини, директни потомци на Платон и Сократ“ и тоа беше доволно. Ако на еден мал, сиромашен народ му ставите толкав товар на неговите рамења, тој никогаш нема да оздрави.“(5)

Она што доведе до големо ширење на овој феномен на Аријанистички вредности беше „Науката за Антиката“ во училиштата каде што учењето на класичната цивилизација ја фалсификуваше дисциплината со фикцијниот, измислен Елинистички модел. Научникот Stathis Gourgouris го напишал следново во својата книга „Нација од соништата“:
„Во практична смисла, сепак, историската апсурдност на прогласувањето хеленска цивилизациjа изразувајќи ја културата како незагадена од странските елементи може да се објасни со еден едноставен факт дека обично тие имаат тенденција да се занемаруваат,имено, како што знаеме хеленската цивилизација беше изум на “Науката за Антиката“од класиката [катедрата]. Како таква таа можела да биде (и беше) обдарена со какво и да е значење кое што би и било од корист на нејзината [академска] дисциплина.“ (6)

Со помошта од Западот модерна Грција ја доби својата независност и беше ставена под Баварската монархистичка власт со ново крунисаниот крал на Грција, кралот Ото.
Ако се вратиме во времето на местото наречено Атина пред тоа да биде претворено во германско кралство, што ли би нашле звиснато околу урнатините? Според Едмонд Абот блиску до средината на XIX век „Атина, дваесет и пет години, беше само едно албанско село“ и дека „Атина е брзо населена со луѓе од различни народи“. Тој, исто така вели „Турското село кое претходно ја зафаќаше основата околу акрополот, не исчезна, тоа претставува цела четвртина од градот .... огромно мнозинство на населението во оваа четвртина е составено од Албанците.“ (7)

Конечно новата баварска монархија ќе ја подобри оваа ситуација не само во Атина, но во сите делови на германски создадената модерна Грција. Албанците од Атина и другите мешанки од раси, не се совпаѓаа со онаа фантазија на Wincklemann која беше манифестирана во Германија и Западна Европа. Во 1834 година, беше одлучено Атина да биде новиот главен град на Кралството на Ото. Еден германски архитект, Schaubert, бил најмен да се создадат широките улици, плоштадите и булеварите: и така Атина, која во 1834 била село од 5000 жители во 1936 година станала град на над 450.000 жители (8)

Во суштина гледаме дека Германците ја создадоа модерна Грција буквално од корен. Но, Атина беше само една област. А  што е со Спарта?
Според нашиот извор, Едмонд Абот, „Нова Спарта е креација на кралот Ото, кој го формирал бескорисниот проект на спасување на сите големи имиња на Грција.“ (9)

Се разбира дека Спарта едно време беше не само албански доминирана, туку и главна дестинација за населување на словенските племиња кои се појавија на Балканот во 6 век. Peter Edmund Laurent  патувал низ Словено-Спарта пред да избие војната за независност. Тој запишал: „Од нивните манири, нивните карактеристики, како и имињата на голем број од соседните места, сум ставен на искушение да сметам дека водат потекло од словенска крв: многу минувачи се преправаат, дека сепак, ги откриле трагите на спартанско потекло во овие варварски орди.“ (10)

Можеме да видиме зошто кралот Ото сакал да се создаде Нова Спарта. Бидејќи Словено-Спарта, никако не се вклопуваше во ариевскиот германско-хеленски идеал, со сите свои словенски имиња на места и нерафинирани манири.
Но, повторното создавање на мртвата античка цивилизација од земјата нагоре не беше единствената намера која кралот Ото ја имал на ум.  Баварските господари ја прогласија црквата на Грција за независна од Вселенската патријаршија во Цариград. Новосоздадената црква на Грција од самиот почеток беше затвореник на автократската грчка држава владеена од Баварија (11).

Според историчарот William St.Claire  германскиот производ - Грција : „беше во суштина баварска колонија“.

... продолжува

mihail_barak
Михаил Барак

(Неизмерна благодарност до мојот пријател Ване кој несебично придонесува во презентирањето на историската вистина)

(1) Discourses of Collective Identity in Central and Southeast Europe (1770-1945) Volume II, page 308, written by Mary Kitroeff, edited by Balazs Trencsenyi and Michael Kopecek
(2) и (3) Cultural Intimacy: Social poetics in the nation-state, pages 106-07, by Michael Herzfeld
(4)и (5) Elgin Marble Argument in a New Light By MICHAEL KIMMELMAN June 23, 2009 NY Times
(6) Dream Nation, page 134, by Stathis Gourgouris
(7)Greece and the Greeks of today, pages 32 and 160, by Edmond About
(8) In the Steps of St.Paul, page 304, by H.V. Morton
(9) Greece and the Greeks of today, pages 21-22, by Edmond About
(10) Recollections of a Classical tour, page 182, by Peter Edmund Laurent
(11) Salonica Terminus, page 43, by Fred A. Reed
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.