|
|
Големо признание за нашиот најдобар скулптор и академик Томе Серафимовски |
Со указ на претседателот на Украина Виктор Јушченко нашиот најпознат скулптор и академик Томе Серафимовски ја доби украинската државна награда „За заслуги“од трет степен. Ова виско признание на академик Серафимовски му се доделува за успешно изработената спомен биста на Тарас Шевченко (1814-1861) основоположник на новата украинска книжевност, поет романсиер, романтичар, револуцунер , кој покрај сето ова се занимаваше и со сликарство. Според указот на украинскиот претседател, Серафимовски е особено заслужен за афирмација на украинската култура историско наследство и меѓународниот авторитет на Украина, земја која веќе 18 години постои како независна. Високото одликување на академикот му беше врачено лично од украинскот амбасадор Јуриј Гоначрук, во просторите на украинската амбасада. Гончарук при доделувањето го исткна своето големо задовослтво што присуствува на еден таков настан, којшто всушност е доказ за големото пријателство кое што постои помеѓу двете братски земји. А оваа награда освен за генијот Серафимовски е награда и за сите оние кои допринеле за афирмација на Шевченко. -Искрено сум радосен што можам да ве поздравам во Амбасадата на Украина во Р.Македонија. Нема да ги прикривам своите чуства и ќе речам отворено: извонредно сум задоволен што вие одговоривте на нашата покана и што на оваа малечка територија се сконцентрира толку силен интелектуален потенцијал којшто е вреден за Гинесовата книга на рекорди. Настанот, којшто не собра сите тука, е достоен на завршување на работата којашто ги собра околу благородната цел напорите на многуте денешни гости – луѓето од разни професии и наклоности, социјален и функционален статус. Голема почит кон нив за тоа. Мене денес ми причинува голема чест од името на Украинската држава на Томе Серафимовски да му врачам една од највисоките нејзини награди – орденот за заслуги. Го гледам овој настан како уште еден приказ за односите на пријателството и соработката меѓу нашите народи и држави, како награда не само за Томе Серафимоски, туку и за сите тие коишто помогнаа во овековечувањето на споменот на генијот на Украинскиот народ на македонска земја, рече Гончарук. Тој исто така се осврна на делото и визиите на Шевченко, кој иако никогаш не бил во Македонја, неговите идеи секогаш биле присутни кај македонскиот народ. - За Украинците Тарас Шевченко е ѕвон кој го пробуди украинскиот народ по многугодишната национална летаргија под власта на руската империја. Тарас никогаш не бил во Македонија, но неговите идеи за слободата, рамноправноста и словенското братство не ја одминаа и вашата благословена земја, рече Гончарук. Делото на сиот живот на Шевченко се овоплоти во Август 1991 година, кога се создаде независна Украинска држава. Нашата заедничка придобивка – бистата на украинскиот поет и демократ Тарас Шевченко во центарот на главниот град на Македонија – градот Скопје нагласи украинскиот амбасадор. Свое обраќање на чинот на доделување на наградата имаше и Заменик-министерот за култура на Р.Македонија Драган Недељковиќ, кој нагласи дека високото признание кое му се доделува на Серафимовски претставува успех не само за врвниот македонски уметник туку и за нашата земја. -Високото признание кое, со Указ на претседателот на Украина Виктор Јушченко, му се доделува на Серафимовски за неговите придонеси за јакнењето на меѓународниот авторитет на Украина, како и за популаризацијата на богатото историско наследство и современите достигнувања, претставува успех не само за овој врвен македонски уметник, туку и за Република Македонија. Неделковиќ истакна, исто така, дека овој чин преставува потврда за добрите односи кои што постојат помеѓу двете земји, а културата треба да допринесе за уште поголемо поврзување.-Ми претставува особена чест и задоволство што денеска, овде, во украинската Амбасада во Скопје, сум присутен на еден топол пријателски чин кој е потврда за добрите односи што владеат меѓу нашите две земји. Денешната церемонија на врачување на високата државна награда на Украина „За заслуги” од трет степен на членот на Македонската академија на науките и уметностите, афирмираниот скулптор и академик Томе Серафимовски, претставува практичен доказ дека културата за Република Македонија и за Украина е вистинско и неуништливо врзивно ткиво истакна Неделковиќ. Тој му честита на Серафимовски нагласувајќи дека министерството за култура секогаш ќе излегува во пресрет кога треба да бидат помогнати вакви проекти кои допринесуваат за развој на и онака добрите односи помеѓу двете земји. „На академик Томе Серафимовски му го честитам високото призание и му посакувам уште многу поводи преку кои ќе го потврдуваме “нашето пријателство“ реча на крајот од својот говор Заменик министерот Недељковиќ. Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Георги Старделов при својот говор ја потенцираше соработката која што постои помеѓу акдемиите на двете земји, а наградата која што му е доделена на акдемик Серафимовски преставува круна на таа соработка. - МАНУ повеќе од една деценија најтесно соработува со Академијата на Украина. Секоја година во Македонија и Украина се одржуваат редовни научни собири меѓу двете академии. Овој чин го сметам како круна на таа соработка. Украинската академија е една од светските академии која има исклучителен придонес во развојот на светската наука. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност во Киев или некој друг град да поставиме споменик на еден од македонските великани, најверојатно тоа ќе биде Кочо Рацин или Блаже Коневски, истакна Старделов. - Ова големо признание на Украина го примам како признание на мојата татковина и мојот македонски народ. Оваа просторија во која сме собрани беше спомнато дека е мала, но Украина е голема. И Македонија е мала, но името е огромно. Според тоа, ништо не е мало ако е големо и може целиот свет да биде мал, но уметноста е најголема. Многу добро ја проучив биографијата на Шевченко. Оваа нарачка од Владата на Украина не ја работев според фотографиите што Украина ми ги достави, туку според автопортретот на Шевченко. Таа скулптура е оценета како најуспешна, рече Серафимовски. Спомен-бистата, во бронза, беше изработена на иницијатива на Амбасадата на Украина во Македонија во 2007 година а, беше откриена во март 2009 година, по повод 195 години од раѓањето на Шевченко. Оваа спомен- биста, која е поставена во центарот на Скопје, за Украина претставува многу успешно дело и е прогласена за најуспешен портрет на овој украински и светски значаен поет и писател, меѓу сите изработени спомен- бисти досега , а кои ги има повеќе од стотина. Успешноста при изработката на оваа спомен биста од страна на Томе Серафимовски не е случајна. Делото на овој наш академик доволно говори какви се квалитети тој поседува. Серафимовски досега има изработено во траен материјал & бронза, мермер, оникс и дрво 500 скулптури, или 250 одделни портрети, 170 актови, 100, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, 15 анималистички претстави,10 торза и релјефи, изведени 40-ина споменици и спомен-обележја низ просторите на Република Македонија, на Балканот и во светот. Направената биста на Шевченко дополнително ќе го збогати ова негово и онака премногу богато и непроценливо уметничко дело. М.М. |