Среда, 26 Јануари 2022   
Американските мисионери го помагаа иселувањето на Македонците во Америка

Од битолскиот вилает голем број Македонци континуирано се иселуваат во Америка. Изгледа дека со ова иселување раководат американските мисионери. Секој иселеник добива од нив темно – плаво одело и качкет на кој блеска американскиот грб. Сите се обезбедени со валидни исправи за иселување, патни трошоци и патен билет.“ – пишува белградска „Политика“ на почетокот на 1904 година.

mak-emigracija-2

По задушувањето на Илинденското востание во 1903 година и растурањето на воената сила на Внатрешната Македонска Револуционерна Организацијата, македонското население било изложено на тешки искушенија. Безобзирноста на турските казнени одреди, пљачкашките албански групи во западна Македонија, разрушените куќи и огништа, настапувањето на зимата и недостатокот на храна, ќе предизвика иселување на голем број Македонци од земјата.

Првично еден дел од селското население се засолнува во поголемите градски центри како Битола, Прилеп и други места. Други во потрага за леб и сигурност, заминале во емиграција во  Грција, Србија, Бугарија и Романија, во другите делови на Османската империја, кон Австро-Унгарија и други земји на западна Европа. Седум до осум илјади лица, најчесто организирано се иселиле во Северна Америка.

Белградска „Политика“ од 1 март 1903 година во информацијата за „Мекдонската емиграција ќе забележи: „Од битолскиот вилает голем број Македонци континуирано се иселуваат во Америка. Изгледа дека со ова иселување раководат американските мисионери. Секој иселеник добива од нив темно – плаво одело и качкет на кој блешти американскиот грб. Сите се обезбедени со валидни исправи за иселување, патни трошоци и патен билет.“

Што се однесува до мисионерската дејност, од документите е познато дека во 1873-74 година Бостонската конгрегација испратила мисија во Битола која во близина на реката Курделес купила земја од турската власт и ги изградиле најубавите згради во тој дел на Битола. Во комплексот згради се наоѓале дом за сирачиња и сиромашни деца, училиште до четврто одделение и гимназија за девојки. Во 1886 година во комплексот на згради била подигната и првата Евангелистичка црква во Битола.

Како последица на Илинденското востание од 1903 во Битола е отворено и сиропиталиште со помош на "Друштвото за помош на мисии во библиските земји" (Bible Lands Missions Aid Society). Тоа сиропиталиште било наречено "Essery Memorial Orphanage" и згрижувало околу 40 деца. Пред балканските војни американските мисионери кои живееле во Битола биле Пастор Вилијам П. Кларк со сопругата, потоа Мис. Мери Л. Метјуз и Мис. Делфа Дејвис.

Американската документација пак открива  важни податоци за македонските емигранти во Америка. Познато е дека првите печалбари од Македонија пристигнале на северноа-американскиот брег на почетокот на втората половина на 19 век. Во 1866 година бил забележена првиот иселеник кој бил родум од Македонија, а првата поголемата група била од Леринско во 1898 година. Сите тие биле професионалци, за разлика од мигрантите по Илинденското востание.

Според америкаски извори, меѓу 1904 и 1909 година во САД заминале околу 60.000 Македонци, главно мажи. Сепак, точната бројка не е позната, зошто истражувањата покажаа дека многумина од Македонија патувале со туѓ пасош.

Меѓутоа, има нешто што ни американската админстрација не може да го прецрта. Од тој период постојат надгробни плочи на доселеници од Македонија кои починале во САД, на кои стои дека биле Македонци.

Македонските мигранти, кои по Илинденското востание заминале за Америка, при стапнувањето на американска почва се определувале како Македонци. Меѓутоа, подоцна, кога официјалните власти ги правеле списоците на новодојдените, ги регистрирале како Бугари, Срби или како Грци, прецртувајќи го зборот Македонец.

Така, пред да се интезивира српската пропаганда, во текстот на српскиот белградски весник од 1904 година, можеме да прочитаме дека населението од Македонија, се именува како Македонци и се говори за „Македонска емиграција“.

mak-emigracija-1
Македонска нација

 

На прво место

News image

Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле

Стојаноска: Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле, народот го увиде то...

Историја

News image

Британски документ за Македонија

Документите наречени „House of Commons Papers“ се една од петте главни категории на парламентарни до...

Иселеници

News image

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (30)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.